Бевме од различни места, т.е. градови и тој на почетокот пред да биде нешто помеѓу нас, тој доаѓаше многу често во моето место акдешто живеев и работев јас, ме чекаше од работа , за да излеземе, така после неколку пати негово доаѓање се смувавме, само бакнежи ништо повеќе и нардениот ден кога се слушнавме по тел.ме праша дали сакам да продолжиме или не и јас му велам ок ми е мене, може да продолжиме па како ќе биде натака ќе покаже времето. И така бидна. TOJ продолжи да доаѓа кај мене и некако се повеќе и повеќе ми се допаѓаше кога бев во негово присуство и така веќе си знаев дека сме во врска, секојдневното јавување по едно 20 пати, пораки на секој саат и тоа беше тоа.
Со ФБ, денешниве приказни не се интересни, `ме побара на фб за ин а релатион шип вит....` и се знаеше. Порано беше многу поинтересно, поспонтано, поприродно. Сега целиот живот се сведе на Фб, ако не го мени статусот не ме сака, ако го смени, леле ме сака, ставил лајк, коментирал итн, ама премногу сме внесени во тој ФБ и беспотребно си создаваме проблеми и си го комплицираме животот. Ех, тој ФБ, колку врски уништил....
^^ Слична прича и кај нас, се знаеме од 5то одделение во исто школо учевме а во 3та и 4та година во исти клас. Јас потајно го свиѓав, а си мислев дека нему не му се допаѓам, беше многу затворен и во свој филм влезен Интензивно се дружевме, и се случи кога се откажав веќе од него, на крај на прва година на факултет. Потоа се ставивме на фејсбук во врска и со тоа мислам дека направивме голема грешка и си создадовме главоболки беспотребно. Некако , неможеа да не прифатат на почеток, а и плус друштвото не се однесуваше исто кон нас, женските малку ми се подналутија, на почеток се обидував да ги сфатам, си мислев дека е ради тоа што мислеа дека неможат да се однесуваат исто со него во моја близина. Машките и така и така, чудно им падна ама после ни честитаа. Со нив сега сум супер, заедно сме пак на излегувања, 1 Мај и слично, ама женските уште неможат да не прифатат, а веќе 2 години поминаа, и затоа ги ставив на дистанца.
Јас со мојот дечко се запознав на одмор. Разговаравме, меѓутоа тој ми имаше кажано дека има девојка и јас застанав тука(таква бев по природа, бев многу внимателна, денес не сум до толку). Потоа се вративме во Скопје и уште истиот ден добив порака од него, меѓутоа јас не знаев за пораката, бидејќи мајка ми ја имаше отворено и прочитано. Истата вечер добив и повик и бев изненадена што не знаев за пораката, која подоцна ја прочитав и изнуди насмевка на моето лице. Се сретнавме два пати, тоа беа средби од друштвото од одмор. Третиот пат кога се сретнавме бевме сами и се се случи така спонтано. Се сетавме, па седнавме на една клупа и еден бакнеж кажа се. Имаше симпатии меѓу нас. Прекрасно се чувствував таа вечер и уште помнам дека од возбуда пешки се вратив до дома. Нашата љубов се уште трае и се надевам дека секогаш ќе остане така.
Ооооо тоа беше многу одамммна Си се фативме на оној класичниот, традиционалниот начин за кој денешната младина незнае ни дека постои. Си се допаѓавме еден на друг, почнавме интезивно да се дружиме и еднаш бевме излезени и тој ме праша дали сакам да му бидам девојка
Цело време од околу ми велеше ама јас се праев на 3ипол дека не го разбирам и конечно ме праша на тој стар начин кој ретко го има дали сакам да му бидам девојка...само што сето тоа беше преку скајп -.-
Паааааааа првиот пат ко ми кажа дека сака да биде со мене му реков да ми дај малце време и дека не сум сигурна,а не го обрзувам да ме чека бидејќи претходно имав болна врска и бев разочарана во машкиот пол. Но,со текот на времето ми докажа д ек стварно сака да е со мене и дека ме цени и сака, па кутричкиот тој се изначека ама му се исплати на крајот.
Заедно така одлучивме. Не беше нешто како „Сакаш да се фатиме?“ или „Сакаш да бидеме дечко и девојка?“ како срамежливи дечиња. Се знаевме веќе една ипол година и бевме премногу блиски пријатели, излеговме неколку пати. Се забележуваше дека имаме заеднички интереси, некои спротивности, 'си одговаравме' што би се рекло, па по неколку излегувања разговаравме што би сакале во иднина, што доколку сме заедно и сл. па одлучивме да бидеме заедно, и тој ден беше официјалниот
Ме молеше околу 1 месец и еден ден го викан во парк.. цел дек седевме си правевме муабет (т.с. он правеше а јас само одговарав ) и накај 17х требаше да си одам и по патот тој ме гушна и јас си викам ај и јас да го гушнам и тоа му дало надеж и сакаше да ме баци а јас цела се тресев од возбуда,срам и на крајот ме баци а јас само си стоев како пластична кукла.. Кога си отидов дома ме праша дали да се направиме на фб во врска и така знаев дека одиме.. еве веќе 2 год истуркавме и се надевам дека засекогаш ке си бидеме заедно
Се гледавме онака еден месец, мување. И на Св. Валентин се договоривме да се видиме. Јас му купив парфем Антонио Бандерас. Мислев дека тој нема шанси да ми поклони нешто. И оп еве го со букет ружи и марама. И го отвори поклонот, му се допадна. Извади една ружа од букетот и почна да зборува некои убави слатки работи....бла бла и одеднаш слушам И ЌЕ САКАШ ЛИ ДА МИ БИДЕШ ДЕВОЈКА? И јас онака . Почнав да се препотував и едвај го изговорив тоа ДА.
Ние сеуште не сме дефинирале. Не ни сакам да дефинираме, убаво ми е вака, нема што да се дефинира, нека има гушки и топлина само.
Одкако почнавме да се гледаме поминаа 10 дена без ни збор да кажеме за врска. Он викаше дека се муваме секој ден,а мене пак тоа ми беше чудно. И бидејќи го сакав си ветив самата на себе дека ќе му влезам под кожа за кратко време и ќе биде мој. Така и беше само што тој не сфатил одма. Десетиот ден се видовме и само му реков јас и ти одкако се гледаме идеме а не се муваме само да си знаеш.И прифати немаше друг избор.
Се запознавме, и после 1 недела изглеговме со друштвото ми се пушти, го одбив. Потоа си пишавме околу 1 месец во меѓувреме го засакав и потоа го викнав да излеземе во град цел ден бевме зедно, на кафе,во парк,нормален муабет. Кога требаше да си одам пак почна да ми зборува и така ме гушна одејќи, и нз што ми стана и јас го гушнав за половината, тој уште толку повеќе почна да зборува. А јас цела се тресев од срм, бидејќи досега не сум се бакнувала, и така ме бакна нежно и се поздравивме. И јас си велев, сега ме баци, а нема да ми е дечко. И таман се оклучив на фб ми вели ке се направеме ли во врска... Така сватив дека одиме и се надевам засекогаш ке сме заедно
Со бившиот се сеќавам, ме праша директно и се согласив и така дефиниравме. А со сегашниот, не се сеќавам дека имаше конкретно прашање, почнавме да излегуваме се почесто и почесто и веќе се знаеше дека сме во врска
Може два месеца бевме "заедно" (јас тоа така си го дефинирав), а за врска муабет немавме напраено. Не дека многу му ја мислев, ама почнавме да се гледаме често и едноставно сакав да си бидам на чисто. Не барав да бидам во врска, ама и не сакав да кажувам дека ми е дечко без точно да се договориме (зошто сме од исто маало). И една вечер бевме излезени, и додека ме испракаше дома отворено го прашав: И сега ние што сме? Нормално се збуни малку, ми рече: На што точно мислиш? Му викам: Дали јас сум ти девојка? Неговиот одговор беше: Па сто години да ми беше девојка, немаше волку време да поминувам со тебе. Како иначе би го дефинирале нашево? И иако јас си сметам дека нашата врска започнала на денот на првиот бакнеж, он си смета од тој ден. Демек официјално било тогаш... И еве не 6 години подоцна...
А ние шо неаме официјален ден? Сен плеткам со типов веќе 5 години ама онака меец-2 па откачи се, па пак.. и сеа од септември почнавме пак исто да се глеаме, зачестија и повиците и гледањата секој ден и пораките. И он само ми спомна демек сакам работава на сериозно да ја затераме веќе. И пред некој ден седиме ја он и братучед му на кафе и братучед му нешо ми кажува и вика *Цветко* вика ја иам девојка ти шо чекаш? И ја му се вртам на *Цветко* викам ти девојка имаш? И такви се смееме и двајцата. Работава "Како тоа сме се фатиле а јас не знам?" Ама па и реднно беше после толку време. Само со официјализирање на некој датум не знам шо ќе праиме, нит он спомнува ниту пак јас
После 1 месец повремено излегување,на кобниот 16-ти март се појави со огромен букет цвеќе со зборовите 'Сакаш ли да бидеме во врска'
па се мувавме во вц во школо и натела другарка ми (не знаеше дека сум во вц со него) и рече ДЕЧКО ТИ Е ....... и ние двајца се загледавме и тој рече ДА ДЕЧКО СУМ И