Најпрво дечкоми ми пиша порака на мобилниот дека сака да се видиме и нес слично јас ништо не му одговорив ... после некое време повторно ми рече и јас реков дека незнам и ми рече да размислам и да му пишам и како минеше времето се повеќе и повеќе сакав да бидам со него и така бидна испаднавме една вечер и ме праша дали сакам да ми биде дечко? јас му кажав дека несакам дечко, сакам некое време да бидам сама... после таа вечер секоја вечер испаѓавме заедно , се држевме за рака одевме гушнати итн...он на сите кажуваше дека си фанал женска т.е дека јас сум му женска јас едноставно полудев по него.. и почнав да се плашам дека може ќе си фане друга женска и одвај чекав пак да ме праша дали сакам да бидеме заедно и по некоја недела решив и му кажав дека сакам да бидеме заедно и покрај тоа што веќе сите не гледаа заедно и сите знае дека сме заедно и еве не веќе 3 години и 3 месеци сме заедно... како официјален датум го земваме датумот кога за прв пат испаднавме
Ние имавме излезено неколку пати, значи тој се гледаше дека е сериозен во врска со мене ама пуста јас да си бидам сакам насигурно И ми остана то врежано в ум. И еден ден си се поднапив негде незнам кај бев, и случајно го сретнав ми рече ајде ќе те однесам ќе поседиме. И му запнав Кажи ми шо сме и шо планој имаш со мене. Ако ти е за мување ко шо се занесва цел град уште сега да ме остајш хххх Нервна ем пијана. Тој ми се смеј хаха... Ми прај се сакам да сме. Јас па уште дефинирај му прам Пар сме Сандра аман ми прај Дечко ти сум. Запиши си. И денес е точно седум месеци од тој ден
Здрвоо Не знаев каде на која тема да побарам совет Значи вака имав симпатија излегувавме еден месец и ми понуди врска првиот пат не приифатив, така 3-4 пати ми понудиваше и н на крај прифатив Дали погрешив? Инаку не го сакам баш како што треба
А,па јас тоа си го подразбирав одма штом ме баци. Ќе бев длабоко навредена да испаднеше дека било мување/само бацување или нешто слично такво. Не му ни спомнав било што такво и после неколку дена само ми рече ние сме заедно,нели?
Паааа кај мене никогаш ништо не е како кај сите нормални луѓе туку се е абнормално. Со дечко ми се мувавме една недела одприлика али пред тоа му кажав дека не сакам мување сакам нешто сериозно и он истото ми го кажа али ете почнав нешто несериозно. И една вечер наместо да ми предложи да се фатиме тој ме праша дали сакам да се стаиме на фб во врска и до ден денес го зафркавам дека кога ќе ме побара за жена ќе ме праша дали сакам на фб да се стаиме во брак
Уште на втората средба ми предложи врска, но јас му кажав да ми даде време да одлучам пошто не бев толку заљубена во него..И после една недела прифатив...И сега сме скоро 3 недели во врска
Па тој самиот си дефинира без да ме праша. Се бакнавме, се'.. ово оно, а претходно да напоменам најдобри другари бевме.. И дотерани излеговме у кафич и коа се среќава со овој, со оној и оп од нигде никаде ме претстави како негова женска.. јас ваква па кој ти очекувал дека одма во врска сме ако се бакниме, ама тој да си се осигура што си е најважно, одма негова сум. Шала на страна, не ми се допадна тоа тогаш, но незнам зошто некако се препуштив на настаните и можам да кажам дека ми е многу мило што не се побунив тогаш. Преубаво течат работите, се сакаме и разбираме што е најважно.
Со бившиот се гледавме подолго време пред да дефинираме,таков тип си беше.Ама мене ми пукна еднаш филмот,пошто веќе си бев прилично затрескана во него,па една чашка две,и си го прашав на што сме,и он само се насмевна и ми рече „Па нели е очигледно,секој ден сме заедно,се слушаме се гледаме,на што ти личи“ и јас само му реков,чисто информативно да си знам и така станавме пар. Дамнешни времиња
Ние воошто гоо немавме оној период на мување него уше од привот ден кога се бакнавме и запознавме ние се фативме и неговото прашање беше а ќе си ја паметиме ли оваа дата и јас онака хипотетички му кажав да без да размислам што сака да ме праша и после една недела јас си заминав за Струмица и он ми се јавува на телефон и ми вика еј каде си што правиш и јас му викам еве во Струмица пијам кафе и он тука малце ми се налути и ми вика па можеше барем да ми кажеш и јас му викам зашто да ти кажам што си ми ти и он ми вика јас мислев дека сум ти дечко и тука јас малце се замислив и сватив дека сум во врска
ме праша од втор пат.. немавме период на мување , излеговме еднаш..следниот ден пак..се свиѓавме и претходно, МНОГУ. ме праша за да не ме изгуби..затоа што ако не ме прашал , можел да ме има друг.. сонце тоа мое Ах , колку ли само си го САКАМ
се мувавме 1 недела и после тоа ме праша дали може да го зафати местото на дечко и јас реков да и ете така биднаа
Па се мувавме 1 месец одприлика и бевме излезени и на враќање дома јас му реков „ Леле месец помина од кога се знаеме , кога летна времево„ он во секунда заќуте и во себе си викам леле не ти требаше ова И после 10 минутно возење и ќутење накај дома ме праша дали сакам да му бидам девојка и јас прво бев и после реков да, и така
Симпатиите меѓу нас беа повеќе од јасни. Мување немаше. Излеговме и после некое време дрдорење без врска ме праша дали сакам да му бидам девојка и јас се согласив.
На втор состанок , не се сеќавам точно на зборовите нешто во смисла дека сака да почне врска со мене ,дека многу му се допаѓам бла бла И бидна што бидна
се мувавме 1 година н почетокот тајно,потоа не.и еден ден се каравме и каравме и после караницата тој ми рече зар така се однесуваш со дечко ти. јас реков: па не си ми дечко, знаеш никогаш не си ме прашал. и тој на ова: eпа од сега сум ти, може нели? И така
Епа прво излеговме 2,3 пати на кафе мафе, после еден ден бевме на плажа заедно па ме врати дома со моторот тој ден и пред да ме остави направивме мала просетка и ме бакна така спонтано......ммм ми се допадна и се бакнавме пак и пак иииии тоа беше тоа. Си замина после дома пошто беше од друг град и до вечерта се слушнавме едно 20 пати и по тел,ме праша дали ми се допадна бакнежот и дали би сакала да продолжиме да се гледаме и јас му реков да и така се си одеше како што треба, неколку месеци бевме даљина и не издржа јунакот без мене и ми понуди да се преселам кај него и се согласив, така може 1 год.живеевме заедно па после ми понуди брак и ете до сега не сум се покајала поради таа одлука и еве денес сум му жена која му роди и едно прекрасно синче
Во мое време кога дечко ќе те залапаше значеше дека од тој момент сте во врска и немаше потреба ништо да се прашува или кажува. Денес младиве се лапаат фаќаат и као тоа не било ништо него само мување. Ееее порано додека те бакне па тоа беше процедура, а сега да ми простите прво се ебат па се прашуваат дали сакаат да бидат во врска. Навистина не разбирам зошто се потребни зборови кога самиот бакнеж кажува се, и зошто им е тоа мување кога ако некој ти се свига фино лепо ќе си се фатиш со него, а не секоја вечер да те „мува“ друг и да те драпа. Искрено без некој да се навреди ама по мизерно за една девојка од тоа нема. Бакнежот е свето нешто и не се споделува со случајни минувачи.
Се расправавме за нешто банално и му реков -Не ме нервирај!!!!!!!!!!!!!!! -Не сакам да си ја нервирам женската -Од кога сме во врска ние? -Од кога те бакнав и не те давам на друг