1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како дефиниравте дека сте во врска?

Дискусија во 'Врски' започната од Trendafilka, 13 јули 2010.

  1. sramezliv92

    sramezliv92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    6
    Здраво.

    Морам да го изразам моето мислење, кога го видов ова на Пепелашка (не вистиската, туку од форумот).
    1. Немој да живееш во минатото со изрази како „Во мое време“, затоа што тоа време, какво-такво, поминало. За да бидеш во тек, мораш постојано да се приспособуваш со сегашните трендови/стандарди.
    2. Јас на пример, повеќе би сакал да решам некоја ситуација/проблем со зборови, а не со фразата „па, се знае“. Затоа, секогаш кажувам/прашувам како ја гледам ситуацијата (муваторка/девојка).
    3. Нема што да ти простат на изразот, зошто за некои луѓе е вистина, но не жална. Јас на пример не го земам зборот/титулата девојка толку лесно, за секоја женска да е еден бакнеж оддалечена од неа. Би сакал да ја запознаам подобро, па дури и да спијам со неа.
    4. Зошто мислиш дека девојчињата кои се муваат со различни момчиња различни вечери би се навредиле на постот, кога и да се најдат во него, на нив тоа им е интересно/забавно и не им пречи.
    5. Можеби за тебе бакнежот е свето нешто, но не мора и на другите да им ја „всадуваш“ таа мисла, ако за нив бакнежот не е толку голема работа.

    Поздрав,
    Симон
     
    На eloves и XstrongerX им се допаѓа ова.
  2. the.one

    the.one Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    797
    Немаше некоја конкретна дефиниција. Се дружевме и претходно, и откако ме бакна мислев дека на тоа ќе остане... Тоа продолжи и после неколку дена ме праша : "А од кога сме заедно ние, 5ти или 6ти?" Бидејќи тој прв бакнеж се случи во 3 часот навечер/наутро. :D Бев малку изненадена, ама пресреќна, одлучивме дека беше 5ти (фактички беше 6ти ама јас тогаш си имав една филозофија дека додека не легнам да спијам не е друг ден :D ) и си тераме од тогаш наваму. :)
     
  3. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Интересна тема :) Инаку јас со сегашниот ми веќе маж имам интересна приказна за почетокот :D Јас имав дечко тој девојка. Запознавањето беше наместено, бидејќи го имав видено претходно на слика и тресев глупости дека е срамежлив да пријде на девојка и сл. Првата вечер ептен супер поминавме на излегување со друштво, па едно два три месеци се мувавме :D па во меѓувреме јас раскинав со дечко ми , тој со девојка му. Се видовме на 26 август на договорено и од тој ден си рековме ке тераме вака додека ни е убаво, и ни бидна убаво 7 години . Сега сме две ипол години во брак и си имаме ќеркичка :inlove:
     
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.472
    Допаѓања:
    39.695
    Пол:
    Женски
    Немаше тука ништо проблематично. Ме праша дали сакам да бидеме во врска, јас кратко и јасно реков да и така :D
     
  5. RedHeart

    RedHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    47
    Ние излегувавме некое време скоро 1 месец, се мувавме, се забавувавме, ни беше убаво и баш на 14 Март се сеќавам јас го прашав на што сме и тој рече па секако дечко и девојка.
     
  6. Happy_Girl

    Happy_Girl Нов член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Petok 13ti za site maler mene najubav den vo zivotot....edno zapoznavanje eden baknez i beskrajna ljubov so pocetok na vrska normalno....
     
  7. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    Ние почнавме да испаѓаме и по две недели правевме нешто муабет после школо се шетавме и помина татко ми со колата и јас се тргнав му ја пуштив раката и тој вели што се плашиш мислеш само ти имаш дечко и така официјално станавме. Ама ова со бившиот. :)
     
  8. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.918
    Пол:
    Женски
    После последното смирување уште повеќе се зближивме јас одев таму, тој доаѓаше тука, се слушавме секој ден, секоја вечер на скајп, за нова година бевме заедно, тој ме запозна со неговите..
    Една вечер уз муабет ми рече: Знаеш дека си ми девојка нели :lol:
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.411
    Пол:
    Женски
    Навистина има дефиниција?
    Ве молам просветлете ме......................
     
  10. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Јас фино лепо си прашав.
    Искрено во тие моменти бев во многу лошо место во животот. Психички. Имав анксиозност и панични напади. Одев на психолог. И во тие тешки моменти, кога најмалце очекував се запознав со него. И внатре во мене војни се водеа дали да одам или да не одам првиот пат кога ме викна.
    Најмалце ми беше дојдено до играње играчки и мување и зезање.
    Излегувавме 3 недели од прилика така секој втор-трет ден, пишевме на фејсбук, се слушавмеее... И решив во еден момент дека е подобро да си прашам сега пред да почнам да навлегвам премногу оти не ми требаше уште една болка во животот.
    Бевме излезени и онака му реков, Шо сме? Шо прајме? Кај води ова? Сакам да бидам фер и да ти кажам дека јас не сум за мување, зезање и такви работи и ако не сме на иста фреквенција подобро до тука да биди. Ама бев малце напиена оти немаше да имам храброст... Ми се изнасмеа и ми рече, и јас не сум за такви работи, пар сме <3
     
    На Summerlover, crazylady и Sesil им се допаѓа ова.
  11. Kala.

    Kala. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2015
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    319
    Пол:
    Женски
    Паа интересно е она нашето.. Најпрво така месец -два не бевме дефинирани, само на мување бевме што се вика. Но, одредена случка ме направи доста љубоморна :devil:(и благодарам на типката што ме свести), така што му појаснив дека не сакам да го делам со никого, и сакам да бидеме моногамни. Така и се случи, се на моја иницијатива :lol:
     
  12. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.609
    Пол:
    Женски
    Не дефиниравме, по дифолт после првиот бакнеж сме во врска :D
     
  13. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    31.192
    Јас се мислев многу дали да излезам со него воопшто и ај реков за едно кафе, другарка ми ми го фалеше добар бил ми викаше излези шо има врска и ај си реков ако е досаден или ако не си поминам убаво ќе си останиме онака за едно здраво. Но убаво си поминав,излеговме 3-4дена и јас ништо не планирав, посебно не врска, си мислев ај онака ќе биде и по недела дена ми предлози да бидеме во врска јас го одбив, после тоа уште еднаш му реков дека ќе видиме, тој ми велеше дека си се чуствував ко во врска да сме, се слушавме нон стоп, се гледавме, само шо јас немав кажано да хаху и по месец и нешто пак ми рече ме зачека во напијана состојба и ај реков тогаш да официјализираме, ах тоа виното што ми направи :rofl:
     
  14. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.100
    Пол:
    Женски
    Јас со сегашниот дечко уште кога ме молеше да бидеме заедно,уште од тогаш ми рече дека сака да му бидам девојка и така ме викаше иако уште се немавме видено,а на првиот состанок кога испаднавме тој сам ми кажа дека ми е дечко хаха малко се смеев,ми беше чудно тогаш ама сега сфатив не сакам да го делам со никоја. :)
     
  15. Strumka22

    Strumka22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    2.442
    Пол:
    Женски
    Мора да постои дефиниција бидејќи ако е нешто недефинирано мажите можат тоа да го злоупотребат.
    Како ќе го злоупотребат?
    Така што ќе си го ладат со вас ( со извинение) и пак ќе сметат дека се слободни. Ни јас не ја знам дефиницијата која е и како треба да се сфати или праша, но јас ја користам следнава. После 2-3 бакнежи сочни доколку планирам и сакам да имам нешто со таа особа го прашувам следново. Дали треба да сметам дека сме во врска или е овс само зезање? Ако ми даде не дефиниран одговор или ако рече уживај во моментов не мисли на тоа .... и разно, разни изговори добива откачување уште веднаш. Јас сум особа која сака дефинирани работи а не да се влечкам јас со него со месеци за на крај да ми каже, па ние не сме ни биле официјално во врска. Не сум девојка на која формалноста и е битна но не сакам некој да ме користи на таков начин.
    Инаку јас сум девојка која не трпи стеѓи од типот на врски па каде си била па со кого си.... Затоа поголемиот дел од животот сум го поминала сама т.е не сум била во врски туку сум имала типови со кои се гледам повремено но ниту тие мене ми полагаат рачун ниту јас нив, но сето тоа било дефинирано и со обострана согласност. Скоро никогаш можеби на почетокот но подоцна никогаш не сум била во недефинирани односи, едноставмо тоа ме излудува. Ме излудува тоа исчекување што ќе биде, како ќе биде, што ако се заљубам а тој не мисли да продолжи со мене.... и уште милион прашања ми се вртат во глава во тие моменти а и некако се чувствувам како да сум ставена во понижувачка позиција. Така да дефиниција теоретски можеби нема но вие треба да си најдете начин да ја дефинирате.
    Порано постоел многу добар начи за дефиниција а тоа бил бакнежот, ако те бакне во уста и ти го прифатиш тоа, од тој момент сте во врска. Денешниве деца тоа го викаат мување, демек пробувале дали си одговараат, прво ќе ја испипа ќе ја исполапа е после нека чека она уште со десетина да го направи тоа па да види која ќе ја одбере. За жал денес машките бараат девојки според атрибути а не по интелиѓенција или карактер.
    Само за крај да и одговорам на Далерон. Најточна дефиниција е она старата, штом те залапа и ти го прифатиш тоа значи сте во врска. Е сега незнам кај вас постарите дали постои лапање или се бацувате во образ :) се шалам за ова последново немој да ми замериш ни најмалку не мислам дека си стара баш напротив.
     
  16. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.432
    Пол:
    Женски
    Бившиот ме праша, а сегашниот ми кажа дека ме сака и какви намери има со мене ама не ме прша туку чекаше од мене јас да му кажам што чувствувам и кога еден ден му кажав и се смувавме, без друг збор знаевме веќе на што сме иако не беше официјално, официјално стана после околу една недела кога јас требаше да си одам за мојот град и тој мислеше да не направам некоја глупост т.е. да заминам со друг, па му реков еве ќе објавам на Фејсбук нека знаат сите :D
     
  17. Komplicirana2015

    Komplicirana2015 Активен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2015
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Па вчера дознав дека уставри сум била у врска :D На почетокот само се мувавме дека не ни беше прв пат туку 5та среќа :D... после 15тиот ден и после 3та средба(3 по3 дена хаха) јас го прашав зшто не сакаш врска,он во тоа време беше :u: па затоа ми кажа во смисла ти памтиш датуми така..ќе збориме некој ден и за тоа...Продолживме дека јас се заинатив дека ќе направам да се заљуби во мене па што сака нека е..После месец и пол повторно го прашав истото поубаво ни е вака,така повеќе боли вака така всушност само бегаше да не се заљуби..али нема бегање :D :wasntme: Јас се откажав од тоа да сакам да бидеме у врска бидејќи си реков ќе тераме и вака бе не ми е проблем али нешто се смени последниов месец (незнам што) и така вчера кога бевме излезени изводивме една прилично добра конверзација :D
    Јас-а со нејзе идевте или?(зборевме за една бивша)
    Он-не само онака
    Јас-какво е тоа онака?
    Он-онака се мувавме само
    Јас-како нашево онака?
    Он-НЕ,ние идеме...
    јас бев :o:o:o али ете бидна и тоа.,,па сега на 1ви праивме 3 месеци ..ај со среќа нека е 8-|:wasntme::rofl::l:
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Го прашав. Не знам како се погоди, ама носев со мене едно тефтерче и пенкало. Му реков да ми нацрта нешто. Нацрта и напиша датум. По неколку дена го прашав повторно како гледа на мене. Ми рече дека ме гледа како девојка и дека датумот што го напишал го означувал почетокот на врската.
     
    На marija1907, fificaaa и anakonda88 им се допаѓа ова.
  19. CrazyGirl23

    CrazyGirl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2016
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Sekogas ama bas sekogas prakam drugar da go prasa deckoto dali ideme bidejki bas nikoj me nema prasano dali sakam vrska :rofl:
     
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Она беше правничка, па потпишавме договор, го заверивме на нотар. Евтино не фати.
     
    На TrueToMyself, theowndemon, BabyStyle и 5 други им се допаѓа ова.