Незнам толку пати бевме и излеговме од врска што веќе и сама незнам за последниот пат знам ми се доближи и ми рече : " јас сакам да сум со тебе , цел живот . Ти си моја и не те оставам веќе сама , никогаш . Сакаш да ми бидеш девојка , за цел живот ? " Секако пред ова имаше сплет од околности , а после тоа романтиките кои во моментот не беа возможни после испадна дека судено ни било да се смириме без да знаеме за бебето што било во мене и така дефиниравме дека сме во врска
pa obicno eden od partnerite ke kaze deka sega "nema nazad" , neli , posle "toa" , i ako i na drugiot mu se dopadnalo , si kjuti i prifakja
Па многу едноставно беше, ме вика една вечер да излезиме и ми призна дека веќе чувствува нешто за мене и дека сака да му бидам девојка и така веќе 3 години си сме заедно. Предходно имавме само еднаш излезено и се познававме 2 месеци. И јас во мене си чував дека сакам да сум со него ама чекав тој прв да превземи посериозен чекор
Дали вие женските би отвориле разговор за дефинирање на врска или сепак чекате машкото да ви понуди врска?
Јас секогаш чекам од девојката, дури и ептен да сакам официјална врска самиот. Истото важи и за првото 'те сакам'. Колку и да ја сакам не кажувам прв дур она не каже.
Јас искрено не би била со некој ако не знам на што сум. Дечко ми веднаш ме праша дали сакам да му бидам девојка и тоа беше тоа, најдобрата одлука што сум ја донела во животот.
Искрено, не знам како да го дефинирам зборот врска, затоа што не знам како функционора тоа, до сега сум била само во една врска и тоа се случи некако премногу брзо, за да ме праша да му бидам девојка, зборувавме за тоа дека не сум имала дечко до сега, па колку е он имал женски и некако ме праша а сакаш ли да ми бидеш женска или пак јас го подбуцнав за такво нешто, не знам како беше. Но за жал траја една година, затоа што се чувствував како да се гушам и сега имам или си замислувам дека имам страв од врски.
Хахаха немаше дефинирање едноставно и двајцата знаевме дека сме во врска без директно да ме праша или да го прашам. По некое време пред сите тој ме нарекуваше како негова девојка и им го кажуваше датумот на нашата месечнина па тогаш 100% се уверив дека врската веќе започнала
Јас го почнав разговорот и така бидна. Во текот на разговорот сам си кажа сакам да бидам со тебе,да ти бидам дечко и се деси.
Ние првин испаѓавме два месеца онака лагано само за викенди, и после кога почнавме веќе секој ден да се слушаме и да се гледаме тој прв рече а сакаш ли да бидеме во врска официјално и јас секако реков да.
Па не дефиниравме, се беше јасно од нашите постапки и планови.Немаше она типично "Ќе ми бидеш ли девојка"? или "Сакаш ли да бидеме заедно"? Без планови без ништо се ни е супер.
Прво ќе почнам со бившиот, зошто е смешно. Го бендисав, ме бендиса. Зборавме и отворено си ги признавме тогашните чувства. И седевме пред лабораторија, дур имав пауза дојде кај мене и зборавме, ама ми рече нешто низ линиите „ние сме во врска така? Ама дали можи првиот бакнеж да го остајме за викендов, да биди посебен?“, и јас најголемиот антиромантичар што сум, прифатив, иако го гледав онака сомнително. Ама пустата го бендисвав. Да бев и јас романтичар, знам колку добро би било ова. А со вториот, моменталниот (други-- недефинирани), излегувавме веќе неколку дена претходно, помалку од недела излегување беше кога решивме да одиме на „кафе“, кое скоро никогаш не е кафе, туку беше во кафич, кој сега е затворен. Уз лимонада ми кажа дека му се бендисвам и дека прво сака да ми кажи нешто за себе, па јас да одлучам дали сакам да останам со него, за да не сум слушнела од друг. Нешто во врска со нешто изминато, минато. И океј, ми кажа, јас бев нешто како: Иако дур не бевме дефинирани и се движевме кон оваа заедничка лимонада која не соединува сеуште, другарка ми ме закопа кога не виде, ама тоа приказна за друг пат. Уште ѝ памтам.
Едноставно ми соопшти дека сум само негова и тоа е тоа... На првиот дејт после 3-4 саати Најнезаборавниот момент...
Одма уште на првиот бакнеж. Немаше она класично сакаш ли да сме у врска пошо пред да се дејтаме се знаевме и зборевме, па знаевме дека нејќеме забава и сакаме нешо посериозно. Ми пиша после неколку саата дека сакал стално да сум негова и тоа уште првиот пат кафе кога сме пиеле ама на вториот дејт бакнежот беше пресуден.
Се знаевме од малечки 9-10 години, заедно игравме шарка, криенка па изгубивме контакт до крај 17-18 години, па пак се задруживме во живо па ми даде број и пишав на вибер таму се отворивме многу еден кон друг, излеговме на само и од тогаш сме заедно скоро 2 години