После неколку дена секојдневно гледање јас мислев во врска сме ама не сум му појаснила убаво што сакам кога ме прашал да бидеме заедно и типот не знаел на што сме. И седиме така и ми вика: срце сега кажи ми ќе се гледаме или заедно ќе бидеме? Јас стаписана го гледам и го прашувам: а ти како сакаш? (се вадам) И он ми вика: Јас знам што чувствувам и што сакам , но ти не си кажала и не сакам да те притискам.. Сакам да бидеме заедно но ете прифаќам и само да се гледаме. И јас му викам : Сакам бе и јас сакам да бидеме заедно ! Иии такааа
Хахаха интересна приказна.После 1 месец од како се запознавме решив да му кажам да иако он постојано ме прашуваше а јас одбивав.Знаев дека ме сака ми имаше кажано ама само се гледавме од време на време.Една вечер ме праша дали сакам да пиеме кафе,навечер беше.Реков ај може.Бевме пиевме,па после што како каде да одиме,отидовме во еден парк,седевме земавме и пиво за пиење.Е сега нели на стаклените пива има како едно капаче на пивата златен даб епа ми го даде и ми вика доста ми бегаше,сакаш ли да бидеме во врска и така бидна.Помина еден месец.Сега за неколку дена ќе биде 3 месеци како се знаеме ахххаха.
Долги години пред тоа се знаевме ама само бевме познаници и на здраво. Се зближивме преку социјални мрежи, почнавме да излегуваме како пријатели. Веќе кога се смувавме за брзо дефиниравме дека сме за врска и сите дознаа за нас веднаш. Не беше нешто комплицирано.
Уште пред да се слапаме се договоривме. Ми беше најдобар другар пред тоа, ми призна симпатии, му признав и јас. Предложи од другарство да прејдеме во врска, прифатив и падна и бакнежот. Деца бевме, 15 години, толку сме знаеле.