Како досега сте се посрамиле пред дечко ви?

Дискусија во 'Врски' започната од lolicka, 3 јули 2010.

  1. lolicka

    lolicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    5
    Ајде девојки да ве видам како досега сте се порамиле пред дечко ви?Јас денеска имав навистина голема гасна револуција во стомаков и ете едноставно се случи се издував пред него... :$ :D :D
     
    На Lolo5, angelche16 и MonnaSi им се допаѓа ова.
  2. girl23

    girl23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    28
    Криси ајде без многу строгости иако си во право, нова е девојката гледам, и се со ред ке си се научи..Да се вратам на темава се посрамотив еднаш на излегување, си го заборавив новчаникот со се пари.Јас си пијам, си мезам,...а ни на крај памет да ми текне дека си ја сменив големата ташна и земав плико ташниче мало и не ги префрлив.И на крај од вечерта отварам и резил ме пукна срам, никогаш не чекам он да ми плати...најчесто делиме ама тогаш бевме невработени сепак срамота е.И се вцрвенив целата и му реков што е работава , ми се смешкаше и ништо страшно но мене неубаво ми дојде.Ама утредента па јас го почастив пиво и кебапчиња |( |( |(
     
    На Lolo5, angelche16 и pametna555 им се допаѓа ова.
  3. Krisi

    Krisi Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    408
    Допаѓања:
    148
    Одлично!! Нели е подобро вака ;)
    А тоа ти што си го направила, ме потсети на Sex and the city, кога истото и се случи на Кери со Mr.Big. Непријатна ситуација :lol:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.060
    Допаѓања:
    24.992
    Лелеее резил невиден доживеав не само пред дечко ми туку во полна САЛА во Велес!!! Бруки невидени. Седев на еден ѕид скроз горе над трибината до него. Помина еден негов другар позади нас и го задеваше дечко ми нешто и фана со цел памет да го ниша напред-назад. и сега дечко ми се задржи на мене а јас сирото, одвај душа вртам, како се напрчив наназад нозете у вис и ме снема зад ѕидот!!! РЕЗИЛ! Ама мислам дека другар му уште повеќе се посрами затоа што ме бутна. И дечко ми одма срипа леле шо ти е да не се повреди... И му вика на другарот, де бе осет имаш ли ако и се десеше нешто ќе те тркалав по трибините надоле... Овој се вцрви, незнам колку пати извини ми рече, а мене ми иде да заплачам не од шо ме болеше туку од срам :$ :$
     
    На Lolo5, angelche16, Alesii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. soncusko

    soncusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2010
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    7
    Хахахахахаха!!!
    интересни работи ви се случиле на сите!
    А што кога после тебе од веце влага дечко ти и ти вика: Мила, друг пат улошката поубаво завиткај ја па фрли ја во корпа:)
    Тоа беше доста голем срам!!!!!
    И кога случајно на почеокот на нашата врска, ждригнав! Упссс :$
     
    На Lolo5 и angelche16 им се допаѓа ова.
  6. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    219
    Па најголем срам ми беше кога точно на 8 месеци од нашата врска бевме на романтична вечера. Секако додека јадевме имаше нели муабети ова она и наеднаш ми дојде да си ждригнам ама онака ко кравичка некоја. Секогаш пазам за такви работи, но тогаш ми излета. Он само ме погледна се насмеа и ми рече е ок де што си поцрвенела толку...човечки е! Среќа во ресторанот во делот каде што седевме немаше никој друг :$ :$
     
    На Lolo5 и angelche16 им се допаѓа ова.
  7. anastasija85

    anastasija85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    1.020
    знам дека најголема глупост ми беше,кога требаше еднаш да имаме нешто со мојот бојфрен од толку брзање,го стопнав сакав сама да се соблечам пред него на убав начин,и во еден момент од возбуда или од трема,и брзање ги скинав гаќите од десната страна,целосно се отворија,беше смешно се смеевме,но завршивме работа.
    но најсмешно беше како тоа јас без гаќи ќе си одма дома,не сакав негови да носам па така фино лепо без нив си се облечив и правец дома,остај смешно ми беше многу непријатно,тоа беше кратко време од нашата врска :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Lolo5 и angelche16 им се допаѓа ова.
  8. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    1.584
    хаха интересни интересно....
    туку на почетокот од врската наша некој месец и стоевме со дечко ми потпрени на еден зид и тој сакаше да ми ја крени ногата и и кога ми ја крена почнаа фармерките да се расцепуваат по малце ..бруки...хахахах
     
    На Lolo5, Summerlover и angelche16 им се допаѓа ова.
  9. deni4kaT

    deni4kaT Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    9
    дечко ми кога спие многу рчи, корне дури, а јас не можам да спијам од него и само му зборувам, вака правиш, така правиш. И едно попладне како што гледавме филм, јас сум заспала, ама се сеќавам така една убава дремка ме фана...милина. И по едно саат време се разбудувам и го гледам него окезен....и ми вика слушај сонце сеа. И ми пушта од мобилен......рчам ли рчам . Сум почнала да рчам ,,,ааааааааааа ке се убиев истиот момент, а он паѓа од смеа. Бруки невидени....
     
    На Lolo5, angelche16, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. gjavolceto

    gjavolceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    10
    хах.. бев пијана.. и отидов да мочам и не знам како сум ги измочала и панталоните и дечко ми примети, и цела таква помочана само ме врати дома и ме гушна само со насмевка, ништо повеќе не ми кажа :)
     
    На Lolo5, angelche16 и teddygirl им се допаѓа ова.
  11. Lima87

    Lima87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    25
    Јас се посрамив пред дечкото неколку саати пред да се фатиме, беше Нова година и јас толку се опив претходно, што не ни влеговме во кафаната кај што имавме резервирано и пола вечер ја поминав со него на паркинг повраќајќи, а он ми ја држеше главата и ме бришеше :$ , ама очигледно сум му се свиѓала многу па после тоа отидовме кај него и кога се подотрезнив се фативме :lol: И сега мислам дека веќе не треба за ништо да ми е срам :rofl:
     
    На Lolo5, anagjorgjievska1 и angelche16 им се допаѓа ова.
  12. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.396
    Допаѓања:
    3.844
    Пол:
    Женски
    хахахах ако ждригањето е срам тогаш сум лидер :D :D не би рекла дека сум се посрамила едноставно немам некој срам од него и мислам дека него би му било повеќе срам од мене во такви ситуации :D
     
    На Lolo5 и angelche16 им се допаѓа ова.
  13. Slatko-Malo

    Slatko-Malo Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    12
    незнам да плукам, а нешто зборевме и сакав :D и кога се излигавив. :$ ми се згази од смеење и ме зезаше за тоа цел ден. :sweat:
     
    На Lolo5 и angelche16 им се допаѓа ова.
  14. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.588
    Многу срам ми падна кога ми ја виде чунга лунга тетоважата на половината.

    Бетер од мало дете уффф како сум ја забравила :@
     
    На Lolo5, LittlePinky, ku4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.023
    ..Јас...

    Да не беше форум-никогаш немаше да ја кажам оваа МРАЧНА тајна |(

    Епа вакаа...Бевме во Охрид на неколку дена и знаете како е, јадеш само суво и нормално гасови ти се ствараат ехеее колку ти душа сака.
    Машко ко машко - нема гајле. Па уште ќе ме фати ќе ме стисне- да не смеам да бегам а ја урлам како ненормална, мислам дека трепките ќе ми паднат!
    Јас сирота, трпам ли трпам човече не се издржува!!
    И се шетаме покрај езеро, јасс се стискам ќе експлодирам, и како за беља си се наведнав да земам камче да го фрлам во вода и трррт... ААААА он ме гледа :o , јас :o исто потпуно изненаџена и почнувам да мењам бои..црвена, зелена абе виножито. Он иста секунда |( почнува да УРЛА на цел глас.
    Ден денес ме заебава :rofl:
    И некогаш кога ќе претера му викам, е уште еднаш ако ме зезаш ќе ти раскинам :!: и се заќутува :lol:
     
    На Lolo5, Dallasgirl03, ku4ence и 13 други им се допаѓа ова.
  16. artemis

    artemis Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    355
    Допаѓања:
    307
    Јас пред 2 недели си го заборавив прслукот кај него. Ај не е тоа срамно, туку нели мали гради, а прслукот со потполнки, нели. Леле, си викам, ете оптичката магија оди во вода. И му пишувам порака - прслукот го заборавив, те молам стави го некаде. А тој ми вика -Еее, ме фати, баш си го носам низ соба, добар ми е..... Секој ден се смееме за тоа
     
    На Lolo5, ku4ence, senza.parole и 4 други им се допаѓа ова.
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.879
    Допаѓања:
    4.038
    Ова повеќе е срам пред свеки него за него.
    Пред неколку години тој со еден другар качени на трети спрат од куќата цртаа (порано се црташе рачно а не сега на комп.) по цели ноќи. Имаа некои програми за завршување и турбо се работеше. Јас доаѓав онака чисто да им правам друштво и да пиеме кафе, тогаш не бевме земени.
    Другарот тазе опериран од шуљеви си носеше улошки на газот зашто многу му течеше крв. Ама ова не го знаеше мајка му. Една ноќ ваљда му протекла крв на гаќи и мења гаќи облача други а овие ги врзува во кеса со надеж дека кога ќе си појде дома ќе си ги земе да ги носи на перење. Арно ама сменил неколку пара и добил полна кеса крвави ѓаќи кој ја заборавил во ќошот и корпа во ВЦ полна со улошки (машко не му текнало да ги замота прво во хартија па да ги фрли).
    Доаѓа свеки да подзачисти а тие на факс и дваицата и влегува во ВЦ се распаметува од полна корпа крвави улошки. Усисува и напѓа кеса со крвави гаќи :x
    Идам јас кај нив и таа целата позеленета и као ај да земам кафе да качам горе и таа ме тргна на страна и ми вели ,,добра си,, ,,да бе да,, и јас целата зачудена што и е на жената.
    И од срам не ми кажа ништо. После тоа одам на ручек и оваа со притисок 200 и ни срам ни перде на масата ,,добро бе што правите вие горе, дерете мачки, абортирате...,,
    И на дваицата во ист момент ни текна што е работа и излетува храна од уста :puke: од смеење :D :D
    Додека да и објасниме што е работа жената испи 2 чаши со вода и шеќер.
    Ми беше срам до бесвест, јас тазе девојка и еден период не одев или навечер доцна кога сите спијат.
    Ден денес се смееме на таа случка, Бог знае што се филмала жената неколку дена. Брука
     
    На Lolo5, ku4ence, Summerlover и 6 други им се допаѓа ова.
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    7.764
    Пол:
    Женски
    Па има два случаеви едниот не е кој знае што ама другиот е ...:$

    Мојот бивши дечко не пушеше цигари и јас не пушам ама ајде ена вечер се поднапив малце и запалив за ќеф. Не знам што ми текна да поминам кај него на работа, одам целата така и го бакнувам и тој Пупи ти мене ме лажеш, што е ова цела на цигари мирисаш и на алкохол, па после не си пиела, барем да признаеш кога нешто правиш бла бла |(

    Другиот случај
    Си седиме со него и ми ѕвони мобилниот. Слабо се слушаше и го пуштив погласно гласот, а мајка ми на цел глас ПУПИ ВЛОШКИ ТИ КУПИВ, ЗНАЕШ КАДЕ СЕ НАД ШКАВЧЕТО КАДЕ ШТО СЕДАТ СТАЛНО. ПАЗИ КАКО ГИ ВИТКАШ ДА НЕ ВИДИ БРАТ ТИ НЕ Е УБАВО ! Црна жено си реков што тие тебе :x :x
     
    На Lolo5, angelche16 и martine им се допаѓа ова.
  19. Stefaani

    Stefaani Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2012
    Пораки:
    334
    Допаѓања:
    271
    се договаравме со дечково (прв пат излегувавме) и ми рече кажи ми кај да дојдам да те земам, јас му викам ај бе ќе се чекаме негде а тој напна не бе ќе те земам и ајде се согласив. ама му реков да ме чека подолу од мојата улица за да не ме гледаат нели :wasntme:
    и така си тргнав јас надолу и стасав до местото на настанот. имаше паркирано едно комбенце и на Стефанија и светна ламбичката да се скрија зад комбето да не ме гледаат 8)
    фино лепо си застанав зад него си се скријав и само тој отвра прозор ми вика ајде што чекаш качувај се. јас ваква :o лееее не можев да издржам се умрев од смеење :rofl:
     
    На Lolo5, ku4ence, senza.parole и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Anonnimna

    Anonnimna Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    76
    Уште при првото запознавање јас пред него се посрамив,со тоа што да му се претставам мастика што ја џвакав паѓање пд уста директива на некоивте кондури.
    Се стопив од срам :$
     
    На Lolo5, senza.parole, angelche16 и 1 друга личност им се допаѓа ова.