Mi se ima sluceno poveke pati, koga sakas da se pokazes pred nekoj obicno ispaga neocekuvanoto...vo momentot nemozam da izdvojam nekoja posebno
leele nesakam duri da se potsetam ,,pominuvajki sretnav eden pogolem drugar i zastanavme da pozboruvame , jas gi nosev naocarite za sonce na drugarka mi vase , drugarmi me prasha cii se naocarite a jas mengu vase go izgovoriv imeto na simpatijata i drugarmi koa doshol doma na fb go prasham mojata simpatija zs mi gi dal naocarite i koga se sretnavme so simpatijata nadvor on me prasha zs sum rekla taka i pocna silno da se smee bev zasramena
зборев со дечко ми на тел. и незнаев дека сум била пуштена на спикер,а до него седела мајка му и јас ко за беља "леле чекај да идам во wc ми тече нешто изгледа ми дојде у пм"... ми се изгазиле од смеење со мајка му. (може и не е толку срамотно пошто и она е женско,ама пукнав од срам )
Овааа случка никој ја нема доживеано, знам а мн е лоша... пред некое време имав некој проблем со одење во мала нужда, одненадеж ми се премочува и мора одма да одам зошто ке црцне ... и спиеме кај него, и се будам и осекам нешто мокро кога се факам гледам дека сум чврчнала ... и ми беше мн срам но дечкоми не се смееше велеше ништо нее,се случува
значи пред неколку години се дешава ова, толку ми е срам што кога ќе помислам самата се мразам за тоа што ми се деси вака си седиме јас и он така фино лепо, излезени на кратко јас се брзав и сега ке прелеташе некој бакнеж и сега почна он ептен страсно да ме бакнува и кога јас само си ждригнав и он ме гледа, а јас брука! ми се смееше долго после тоа, а јас си заминав дома лута и нервозна за невидениот блам.
Отидов кај него да се видиме,а ја сум страствен навивач на фудбал а тогаш имаше лига на шампиони а тој не гледа никако фудбал,и почна да ме бакнува и ме легна и одеднаш слушнав гол и се отргнав од него и тој сериозен мртво ми вели оваа ти е поинтересно од тоа што го правивме,пропаднав во земја од срам
Не да сум се посрамилааа, сум се избрукала за сите парии Седиме кај него и јас како секогаш со расчекорении нозее и опп гледам ѕирка дупче на хеланките меѓу нозе Ајдее што ќе правииш, се посмеавме. После ми се смее нешто и ѕиркаат уште три дупчина. Пукнааав, не можам да си се помирам!
Фала што ме потсетивте на моите бруки со темава. Средно школо. Прв дечко. Уште се плашев/срамев да кажам по дома. Немавме мобилни, така што некогаш мораше да се слушнеме кога е цела породица на окупу. A поради љубопитноста на одредени членови, морав да бидам внимателна и уверлива. Е, бруката се состоеше токму во тоа. Во тој труд. Многу брзо по тоа, се дозна за дечкото и не беше воопшто страшна реакцијата затоа што доволно ме познаваа колку ми беше до плетење детски чорапи на 16 години или до ризикување за истото. Особено кога се рассветли и случајот со мојот труд да бидам уверлива. Ремет од сите страни и од фамилијата и од дечкото, но, убави времиња. Се` помина, бруката остана. Но и спомените за едно време во коешто бруката не беше толку страшна.
Јас стално се посрамотувам,веќе навика ми стана Башка и него го срамам пред друг народ Последно што се сеќавам е дека седевме во станот,си зедовме пивце и јас си ја истурив цела лименка.Тогаш почна да се смее,ми вика ти си најнесмасното суштество што сум го видел,ама сепак те сакам Претходна дешавка,беше коа се сопнав на прав пат и го повлеков со мене. Има и други ситуации,јас вообичаено се брукам.
Кога се работи за дечко во тинејџерска возраст кога не сте толку блиски може да те посрами буквално се, од тоа да не е во ред нешто со шминката, па се до потење и испуштање гасови. Но кога се работи за ворасни луге и подолга врска не верувам дека нешто може да те посрами. Ние и дома имаме таков близок однос со моите и неможам да се сетам на ситуација каде би се посрамил пред нив, а истото се однесува и на дечко. Нетреба да пагаме во несвест ако се десат оние природни појави како што се, гасови, ждригање.... Единствено би се посрамила ако ме фати на дело со друг, Е, тоа е веќе за срамење, инаку се останато би требало да биде нормално мегу двајца кои се сметаат за блиски. Да се разбереме, не мислм дека е нормално да се свртиш намерно и да испуштиш гасови, или да се напиеш газиран сок, и онака со цела сила да ждригнеш, но доколку се случи а секому може да му се случи, не сметам дека е нешто за срамење.
Се лизнав на улица и испуштив гасови пред него. Но тој ми кажа пред некој ден дека од него не треба да се срамам па затоа многу и не се срамам, како што ни тој не се срами пред мене.
Требаше да одиме на роденден, јас се спремав порано од него и дури го чекав изигравав будала се замислував балерина носев широко фустанче и штикли и така вртејќи се ко се залепив право на ѕид ко срипа тој ко фати да паничи а јас од смеење не можев да му кажам дека сум во ред . После се смеевме заедно. После тоа некое време ме зафркаваше ама јас ко по обичај се изналутив и престана
Еднаш незнам што ми стана, заборавив дека сум со него, мислев дека сум сама и како откачив ждригнав како некоја стока Тој како ме погледна тогаш и ми вика -тегни шефеееее, бетер си од мене Абе руга невидена сум. Ама немојте да си помислете дека сум гнаса, тоа само на моменти кога ме фаќаат матните
Прднав. Во преполн ресторан истурив еден куп работи, сакав во земја да пропаднам. Една тетка во пошта ми се развика и оти ни беше почеток на врска ептен срам ми беше. Има и други ама не се за тука.
Со еден бивш пред неколку години, појдовме кај баба ми на гости. Се напна жената да го запознела ама јас пошто ја знам каква е, знаев дека ќе направи нешто и едноставно одбегнував да го однеасам подолго време ама веќе снемав изговори. И ајде одиме, спремила јадење, се ок се понаша, убаво јадењето, купила сок, грицки, се најнормлани муабети и туку одеднаш се врти кон мене и ми вика: Се сеќаваш кога сакаше да бидиш машко? Колку имаше? Мала беше, немаше ни 10тина год. По цел ден со машки играше, со коли, фудбал, дома буквално секоја вечер плашече машко да си била тој ме гледа се гази од смеење, јас не знаев што да правам а таа уште толку кажува ли кажува. Затоа од сега директно со мажот кај неа на гости, а со дечко не може. Ќе си помисли некој со транвестит оди И уште една случка со него. Бевме на одмор, и едно попладне врнеше па не можевме на плажа и седевме во соба. Јас земав алишта средував а тој заспал. И кога го гледам, изморен кутриот неколку дена без спиење, една смешна фаца што ја имаше направено така во сонот, не можев да се воздржам. Го зедов тел и демек да го сликам. Му застанав над него и додека пуштам камера ми се лизна тел од раце и директно кај него по лице..трас...кога рипна тој, а јас го гледам и уште на тошо се правам. Стварно многу глупо ми беше, како ќе му објаснам дека имал смешна фаца, повеќе ко полуден манијак изгледав
Не ми е дечко,но долго време се гледаме,бевме скарани,но зборувавме.Во петокот на 1 април испив премногу,тој постојано беше до мене и постојано сме зборувале за нешто,на крај после сме се виделе.Јас на ништо не се сеќавам сум повраќала таа вечер,но не се секавам,и сега многу се срамам пред него,се гледаме од далеку,го прашав што како било,тој вели само повраќа,ама ништо,потоа и вода ми е купувал,беше внимателен,но мислам дека повеќе нема да ме бара,дека тоа го направил само бидејќи така е правилно,мислам дека му е грозно сега кога ме гледа,незнам што да направам.Му се заблодарив и му се извинив,но не ми е мирна совеста што и како сум правела,што сум му зборувала...
И мене сега ми е смешно ама тогаш посакував да се отвори земјата и да ме земе или мене, или баба ми и да ја фрли некаде
Кога имавме прв пат односи, кај него в соба се случи и чаршафот лом скорз со крв. И јас го скрив таму му реков сабајле да го ставиш во машина никој да не види или дај ми го мене да го исперам ќе го вратам. Не, не ми вика ќе го пикнам во машина. Другиот ден ние на кафе му се јавува мајка му и нели се слуша ако си блиску до телефонот. Го прашува што е работата со чаршафот. Овај будалата ни пет ни шест му вика, мајко чесна невестата. Јас . Срцето ме мана. Пропаднав в земја, и подолу. Тој си се смеј, жената занеме не знај што да речи... Ми беше срам да ја опулам во очи мајка му долго време.