Не ми успеа. Најверојатно дека не ја чував долго. Беше виткана првите пет минути, онака баш како што сакав да ми биде, но одма ми се пушти. Не успеав ни лак да и ставам. Нареден пат (т.е вечерва), ќе ја наместам цела вечер да ми седи, за утре да ми издржи подолго.
Во едно списание прочитав дека солта ги оформува локните па решив да пробам бидејќи таласеста ми е косата, само одоздоле има убави локни. Во шишенце со распрскувач ставив 250 мл жешка вода и 4 лажици сол. Ја измив косата и ја нашприцав со растворот и оставив да се исуши. И после два саати чекање, та да да дам!
Денес ја извиткав косата со фолии како на видеото поставено на страните поназад. Прекрасно ми излезе, одамна посакував така извиткана коса и мислам дека тоа ќе ми биде number 1 начин на виткање коса . Не излегуваат вакви локни (jaс ги викам вртлоци или федерчиња ) Спојлер Туку косата испаѓа вака извиткана, зависи колкава е дебелината на праменчињата што се виткани Спојлер
Штом ти е ваква, значи имаш надеж да ја навиткаш без да ја гориш ( многу) Го делиме истиот проблем. Така да од искуство ти кажувам дека не ти треба ништо повеќе од пена за обликување на локни и фен со дифузер. Ставаш од пената на мокра коса, ја сушиш со дифузерот, превртена надоле, и тоа е тоа. Искачаат некои интересни ненабиени локни
Еве ја мојата коса... Многу ми помага портокаловиот Хоби. Да, слушнав и јас пред некое време дека повеќе нема да се произведува, но само му ја сменија амбалажата... На некои места каде што порано се продаваше го нема, но јас најдов на други места каде што го има. На пр. за во Велес, знам од каде да го најдам, а за во другите градови... не знам... инаку шише е 110 ден!
Спојлер Вчера си ја навиткав вака косата, уствари си направив вкупно 4 плетенки (по две на секоја страна), на мокра коса, и ги поминав вака со пегла како на сликичките на старфиш, и еве како ми излезе. мене лично ми се допадна, а се надвам и на вас
Јас имам права ,долга коса и отсекогаш сум посакувала локни.Само имам еден проблем зошто откако ке ги направам (посебно кога се со фигаро) жалните тие не стојат ни половина час.Така за една свадба фризерката ми направи преубави локнички,но за моја несрека тие паднаа уште по пат накај дома.Дајте некој совет ве молам ,има ли некој начин како да ги задржам повеке барем 3-4 часа?
леле natural.beauty Господ да те благослови мојата коса е права како праз и ја мразам.луда сум по виткана и ова со солта морам да го пробам. се фаќам за работа. ќе ве известам за резултати.
Епа убаво кажало девојчето дека финтата е за таласеста-брановидна коса, ги оформува локните, а не е за скрос права коса.
важно јас си се обидов. права не права,сакав да пробам. но ете не бидна. ќе си се мачам со крпчиња и фигаро -.-
Јас девојки најчесто косата си е виткам со внатрешна плетенка,е носам еден ден плетенка и после другата ден кога ќе ја пуштам ми е соврешно виткана. А понекогаш е виткам и со крпчиња или чорапи.Ама со чорапи мислам дека поубаво некако ми се витка косава,отколку со крпчиња.
За виткана коса најчесто ми успева да ја извиткам со сунгерастите витлери и испаѓаат многу убави локни, а исто и со чорапи убави локни се добиваат
Долго време пробувам да објаснам како ја виткам косата и еве слика. Само што јас ја виткам на помали праменчиња и потоа ја фаќам со шноличка горе. Ја оставам два до три часа и имам афро фризура
http://www.youtube.com/watch?v=KXsCxRjPFw4 Еве линк од видео за виткање со чорапи... стварно успева ..ја мијам, ја сушам ги ставам чорапите, легнувам да спијам, станувам -и ефект баш викторија сикрет на видеово баш убаво се гледа како ја витка со чорапите п.с мене ми држат 3 дена локните