јас вака ја виткам косата многу време ми треба и стои само 2-3 саати без разлика колку лак ќе ставам за утре ќе ја виткам со тоа rope braid
2-3 саати ? И јас ставам лак и ми стои повеќе, сигурно околу 5 саати. Можеби и потешко ти се витка косата, па и може и затоа да ти стои толку малку. Зависи. Имам една другарка косата и е како свила и премногу тешко се витка. Не може да ја навитка со фигаро. Веднаш и се прави. Кај секого индивидуално е
видов тука на фемина али ајт во сличај некој да не видел или прочитал ќе ви кажам на сува коса се плетат обични плетенки и потоа секој плететенка поединечно се поминувала со преса за коса со тоа што излегувале поопуштени локни онака денски. баш се токмев да земам и да ја испробам методава на виткање ама воопшто не ми се станува од столов така да сеуште не сум во состојба да ви кажам дали убаво излегуваат локните или не ауфф ама се изнакажав
Прееска на една другарка и го правев ова. И сплетов неколку плетенки, ги поминав со пегла за коса убаво и и` ги пуштив. Катастрофа резултат имаше, и викаме ај дека прв пат. Уште еднаш ја повторив постапкава и повторно резултат 0 и се откажавме. Впрочем воопшто не излегуваат локни, туку баш напротив, произлегува слабо и малце прекршена коса, која не изгледаше воопшто убаво. Ама добро, секоја коса си е за себе прича. Пробајте, нема што да изгубите - освен време.
Најубава виткана коса се добива со крпчиња но треба време малку да спаднат . Кадриците изгледаат природно и траат подолго време ..
Ај ако може некое туторијалче за како да си ја навиткам косата , средна дочжина ми е , до раменици негде. Долго време барам по јутјуб но никако да најдам нешто
Дали можи некој да ми објасни како се витка косата со фолија Линкот на јутуб кој е постиран е избришан,и ги прочитав скоро сите мислења но за жал не најдов одговор,па ако има некој друг линк постирајте
Стварно е избришан клипот од YT а беше единствен со таков начин на виткање и убаво беше објаснето. Јас додуша се усовршив со виткање со фолија и конечно добивам виткана коса како што сакав, а претходно не ми беше јасно како може да се добие. Ако најдам клип со виткање со фолија ќе го постирам или некоја друга феминка ако најде нека стави.
Ајде ако има некој друг линк постирајте тука Баш сакам да го научам овај начин на виткање ептен убаво изгледа косата на Талита
Мене природна ми е како виткана,прекршена.До сега цело време ја пеглав ама решив да ја одморам од пеглање.Дека имам прилично глупа форма(ни права ни виткана) за да добијам убаво извиткана коса на природен начин еве што правам: додека ми е уште мокра косата ја разделувам на половина и врзувам две пунџички,стојат колку што може подолго(5-6 саати) и кога ќе ја пуштам и додавам малце пена за да ја оформам поубаво. Супер ми е така а и многу другарки ми кажаа дека поубаво ми стои виткана коса Така да летово нема пеглање
Мене обично не ми стои ама воопшто , ама во последно време пробав со фигаро и откако ќе го навиткам праменот го собирам и со штипче го фаќам . Ја виткам така цела коса секој прамен со шнолче малце повеќе време одзема особено ако сакате на помали прамени ама повеќе стои косата . И на крај лак за коса откако ќе ги пуштам прамените кои ги држам негде уште плус 5-10 минути зависи колку имам време.
Eве гооо !!! Барав и други ама ништо..единствен е овој и случајно го најдов на друго место. Уживајте во виткањето со фолија http://www.handbag.com/video/hair/how-t ... oil-106938
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... MQeDA_R5pM Јас го испробав ова, со помали прамени и ја држев околу 5-6 часа, прво малку ја навлажнив па потоа ги собирав. Еве го резултатот: Се извинувам зе неквалитетот на сликите, ама мислам дека се гледа доволно.