Кај да најдам фигаро за виткање коса, ама со дебел цилиндар (ваљда така се вика тој долгиот дел за виткање што е )? Значи, не такво тенко, такво имам, ами дебело, зошто сакам покрупни локни. Еве вакво Би ми било од корист да ми посочите ако негде сте виделе вакво дебело фигаро, а уште подобро и цена ако знаете Фала
http://www.technomarket.com.mk/products ... ec-2-satin http://www.technomarket.com.mk/products ... ta-cf-4032 http://www.technomarket.com.mk/products ... rler-30631 http://www.neptun.mk/index.php?route=pr ... _id=203369 Еве неколку предлози, ова се најдебелите кои ги има во Нептун и Техномаркет и цени имаш па види си кое највеќе ќе ти одговара според цена и дебелина.
Да ми препорачате добро и квалитетно фигаро, некаде до 1500 денари? Не знам, стварно не знам веќе што да и правам на косава, како да ја доведам у ред - да заличам барем еднаш на човек, барем еднаш. Гнездо бе, право гнездо ми е. Ем виткана, ем уплеткана, ем никаква... Тие во ДМ ги гледав и јас, дури и ги пофатив да ги купам ама се попишманив по последен момент. Што знам, не ми ветуваа многу. Ако нешто ме фркне може и да ги земам па да ги пробам и да видам како ќе терам со нив. Само некако многу малце ми беа? Ќе бидат доволни за цела коса или треба повеќе такви паковчиња да земам? Значи по фигаро дојдов во темава , да не мешам баби и жаби, до 1500 денари, квалитетно?
Виткање на косата со кисела вода Сум слушнала дека косата се витка со кисела вода...Дека треба прво да ја измиеш косата нормално со шампон и потоа да ја исплакнеш прво со обична вода и потоа уште еднаш со кисела вода и ќе ти се свитка...Па кој има искуство нека каже дали навистина се витка или не...
Виткање на косата со кисела вода Искрено првпат слушам за ова Баш ме интересира некој да каже дали пробал...
Виткање на косата со кисела вода И јас првпат слушам за вакво виткање на коса и да ви кажам се сомневам дека е можно на таков начин да се извитка косата, но некој ако има пробано нека кажи
Не знам дали ова некој веќе го напишал но ево за секој длучај ќе го напишам и јас. Имам една другарка и сака виткана коса и и кажав за со крпчиња (или едноставно со палома) од кога ќе ја измиете косата ќе ја исчешлате ќе и ставите малку пена(за коса)и ќе почекате да се иссуши малце (не скроз) и после ќе си ги наредите паломите /крпчињата пред вас и ќе почнете прамен по прамен да виткате на горе (до каде што сакате да ви се локните.Најгоре после ќе ги врзите она обично"селски" и чекајте до утре дента.good luck Кај другарками изгледаше
Мое мислење е дека фигарото е најдобар избор, не мораш ниту да чекаш за ефекти. Мислам дека фигаро со поголем „цилиндар“ можеш да најдеш во Neptun , а мојата другарка си го купи од Ramstore. И мислам дека цената не е повисока од околу 1200-1300 денари се надевам ќе се снајдеш. Good Luck
Се согласувам со тебе, фигаро е најдобро, иако јас имам природно виткана коса. Сестра ми користи (таа има права коса ) и најбргу и оди така.
Викендов бев излезена и вака ја навиткав косата значи прелесно и преубаво изгледа!!! Локните се многу убави!!! http://boza.mk/2012/lesen-metod-za-...37566236359161":"og.likes"}&action_ref_map=[]
Лесно и едноставно без горење или слично..Косата полу мокра (скоро сува) и сплетеш ја во внатрешна плетенка и оставеш ја да се исуше или со фен исушеш ја и (обично јас ја носам 2 дена ) право имаш и фризута во наредните денови (се додека не ти се распадне )
може некој да објасни како се прави тоа со фолија, бидејки е избришано видеото, па нека проба некој да објасни кој го има видено и пробано да навитка така??
Начинот на виткање на прамени околу парче фолија е потполно ист како што покажува девојкава на видеото со моливи и маркери. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... xfllJNdqxQ Фолијата се витка како палачинка Вака некако Прамените коса се виткаат околу фолијата како на видеото, односно како што парчево фолија на сликава е завиткано околу стапчето. На крај слободните краеви од фолијата се свиткуваат за да го држат праменот.
Феминки, едно прашање за вас. Ја има ли кај нас ретро пресата за коса и ако ја има од каде конкретно можам да ја купам? Не знаев каде да го поставам прашањето, ова ми изгледаше најсоодветното место.
си ја виткам косата со -фолија -сламки за сокче -фигаро -плетенки -витлери (како сунѓер и железни) -со правење на косата во пунџа -преса за коса - парталчиња -трака (венче за коса)(погоре има поставено видео) и др не ми текнува
http://www.youtube.com/watch?v=i1iD759oruA Еве овој линк можеби ќе ти помогни.. Инаку,и јас сакам да си ја извиткам косата за полуматура ,ама немам никаква идеја каква уствари ќе ми биди косата.Виткана,но не обично пуштена само туку можи и некои додатоци,па ако некој најде нешто нека кажи..Фала однапред..Поздрав!