Пробајте ги регенераторот Subrina 3ката и од права - виткана. Имам пролично права коса, но, така привремено си ја виткам. Ја мијам и додека е влажна и ставам Subrina (од увото надоле) ја гужвам малку со рацете и се витка целата. Пробајте, нема што да изгубите.
Навечер пред да си легнам , ке си сплетам две плетенки на сува коса и утрото ми е виткана. Така секогаш правам и многу сум си задоволна
Баш ќе пробам со субрина, па се надевам дека ќе се најде спас и за мојава коса, да престанам да ја горам со тие проклети пегли.. :/
Јас имам природно благо-виткана коса,но имам забележано дека оние со потенко влакно се повеќе склони кон виткана коса,за разлика од дебело и тешко влакно,каде тежината на косата не дозволува истата да се витка.Доколку сакам уште поубаво оформување на косата,плетам внатрешна плетенка,најчесто на мокра коса и утрото имам прекрасно оформени локни.
Мене ми е како оваа на сликава благо виткана, а сакам да имам како оваа што е со шишкиве, такви витки. Многу ме ареса.
Женски а со фигаро како ја виткате косава? Мојава тешко се витка или јас правам грешка незнам... да ја оставам косата полусува или да и ставам пена за коса и да ја виткам со фигаро? Со крпчиња ми е мачно многу да ја виткам а и многу пократка ми ја прави косата. Сакам да добијам убави локни. Би сакала некој совет
Со пена никако не би ти препорачала. Пена, лак и топлина не идат заедно. Јас кога користам спреј за заштита од топлина, после многу убаво ми испаѓа.
Како и со што да ја навиткам вака косата? Пошто глеам на неа и од корен и е виткана.Освен ако не и е природна ваква
Вака излегува косата со фигаро, ама не со обичните, туку со оние во форма на подолг конус. Е вакво Само се мота околку ова косата и се држи неколку секунди. За погусти локни помали прамени, а за баш вака како сликата треба малку погусти прамени. Јас имам вакво, презадоволна сум, за 10 мин фризура имам.
Јас моето го земав од ТехноМаркет за 1499 ден. Инаку има со различни цени, од различно производство. Мислам дека имаат веб-страна на која можеш да си разгледаш. И мој совет, ако купуваш вакво, не го купувај најдебелото. За ваков изглед како што сакаш, треба фигарото да е потенко.