Јас мојата ја виткам со пегла. На почетокот ми беше тешко, ама се испраксирав и сега за 20-25 мин.ја виткам целата. Мора да биде сосема сува инаку не фаќа.
Јас мојата ја виткам со пегла. На почетокот ми беше тешко, но сега се испраксирав и ја виткам за 20-25мин.
Те молам објасни ми како ја виткаш со пегла? Јас минатата недела купив пегла имам постирано на темата за преса за коса каква е пеглата. На нејзе си пишува и дека е за виткање ама неможам да ја навиткам. Дали дека косава не ми е долга?
http://www.youtube.com/watch?v=9rvwQelL-dA Еве тука објаснува незнаев со зборови да ти кажам па зсе одлучив на видео
Како до вакви локни, со која справа, со каква направа !? Умрев за локниве, морам да видам како ми стојат.
Јас ги правев со молив и пегла, буквално исто испаѓаат Maлку е досадно, поготово ако имаш густа коса ама сипматични се. http://www.youtube.com/watch?v=LQDlCXausxY Еве уште едно http://www.youtube.com/watch?v=PBik0XlFZKE
^ Мишелке и јас сакав да ти кажам вака со молив да пробаш. Една девојка кај мене на факултет имаш направено, јас не сум фан на вакви локни многу ама прекрасно беа направени и одлично и стоеа. Да пробаш, па да видиме и фотки.
Искрено, не сум ни јас нешто посебно загреана по толку бујна коса, т.е. таков тип на локни кои некако волуменски ја прошируваат целата коса во ширина, но многу ме фаќа мерак да видам како ќе ми стојат. Ќе пробам кога ќе имам повеќе време - немам некоја густа коса, ама планирам сама да ги правам и гарант ќе ми оди бавно, а моментално и немам баш време за губење по фризури. Ќе пишам јас секако.
Може и од алуминиумска фолија да се оформат подолги витлери и со тоа да се витка косата на вечер и на утро се вадат и испаѓаат убави локни
Девојки,да ве прашам нешто.Со што можам да добијам вака виткана коса? Спојлер Инаку,имам голем мерак за локни,па затоа имам пробано со пегла,фигаро, крпчиња,плетенки, со витлери со боцки(после не можев да ги извадам),со витлери на струја,со меки витлери.
колку толку ќе помогне и од околните видеа побарај (што ќе ти излезат на страната..) http://www.youtube.com/watch?v=auLRts1tpKs http://www.youtube.com/watch?v=BHkfkGQX3Cc http://www.youtube.com/watch?v=qgexhat8Gt0
Moжеш да пробаш со цевчиња за сок. Мене ми излезе супер. А можеш да го пробаш и овој начин http://www.youtube.com/watch?v=LnB6ps9R-A8
Сакам вака да пробам ама не верувам дека ке ми успее зошто и не ме бива баш за виткање.Вчера пробував со фигаро и неуспешно беше http://www.youtube.com/watch?v=tdy6OQcpklA
Јас мојата порано со парталчиња ја виткав, всушност баба ми ми ја правеше Инаку, сега со фигаро ја виткам. Со преса неколку пати се обидував, но не можам никако, а си пишува на неа дека е и за локни.
Во моментот го имам направено ова па утре ќе ставам слика од резултатот http://www.youtube.com/watch?v=deMBuP7WzuM
Девојки бидејќи имам права коса кога ќе ја навиткам брзо ми се исправува па дури и кога ставам кило лак да не знаете нешто за зацврстување и против одвиткување?