Па кога ќе си ја измиеш косата исуши ја и направи малецки пунџички и спиј со нив.. Сабајле кога ќе станеш ќе ти биде виткана.. (испробано) Само направи повеќе пунџички ако сакаш да ти биде повеќе виткана.. позз
Кадрава коса!!! Повеќе начини со кој би можеле да имате кадрава коса: ~Со горење на косата 1.Пегла 2.Фигаро 3.Преса ~хахах онака со спиење 1.Виткање со крпчиња 2.Повеќе видови на витлери(пластични) 3.Со најразлични видови на пунџи 4.Со плетенки-стегната плетенка-една или повеќе ~иии ден кога ви е потребен одмор за вечерно излегување.. 1.Со мали пунџички 2.Моливи (се разбира прицврстени со шноли/чки(само за лено виткаливи коси(нема голем ефект)) 3.Железни витлери 4.Поголеми витлери со кој неможе да се спие... Ете така толку од мене...а сега би сакала да ми дадете уште некој идеи како би можеле да ја извиткаме косата! -иако имам права коса не би ја продала за кадрава~за ова подоцна
Немора да се спие со витлерите. Јас ги ставам сабајле витлерите (јас ги користам оние гумените) и за 2/3 саати ги вадам, косата ми е супер извиткана и ми трае по 2 дена. Освен ако не и стаам лак па може и накај трети да ми фати.. А ако сакате да имате побујна коса полна со локни од корен на скроз исушена коса земете праменче и виткајте го како полжавче и на крај зацврстете го со ластиче или со стегач. Може со нив и да се спие, не боцкаат многу, и сабајле кога ќе станете од едно праменче правите многу помали. И така ќе си имате средени виткани косици..
Незнам дали има тука некој спомнато, но вчера другарка ми косата си ја виткала со цевчиња. Мислам дека се ефикасни... не сум пробала, но знам дека прават ситни локнички. http://youtu.be/_P8pbU5yrDA Ќе пробам некој ден... кога ќе имам желба за виткана коса...
Незнам дали имам пишано некаде, но фризерката ми кажа со алуминиумска фолија излегувала виткана косата.Како цевка ќе се направи и исто како витлерот се моти косата Немам пробено се уште, но може ќе има ефект
http://www.youtube.com/watch?v=OXm6gGclNNY испробано и совршени локни има без многу труд и мака-прекрасно дефинирани и онака средни локни се добиваат па дури поубави од витлери, инаку сум ја виткала со крпчиња и локните се онака ептен ситни, нагласено дефинирани т.е многууууу ситни локни, со преса за коса- тоа бара многу време и труд ако сакаш да ја извиткаш цела коса ама онака убаво, ако се поголеми прамените коса локните се пуштаат побрзо. ова со лентава за коса ми е идеално барем мене. http://www.youtube.com/watch?v=HTfimLqNvqA
Има ефект, јас ја виткам на овој начин со разлика што пред да ја намотам косата околу траката ја прскам со вода.
^ не можам баш да ја навиткам,како гнездо ми е после секаде извиткана одпозади слабо + од горе спласкана коса само доле извиткана уште темето да ми се види
Има ефект јас ја имам правено неколку пати и супер ми излага и вечерва така си ја направив за утре Можеби не ја прицврстувате убаво и секој прамен треба да го прсните со лак или вода.И на крај цела ја прскате (ама притоа убаво затегната и со шнолки од позади на крајот)