Некој бара ваква коса а јас ич не си ја сакам,мојата е скроз иста како на втората слика(кога ја оставам да ми се исуши природно,без фен)
Јас мојата од како ќе ја измијам полувлажна и ставам прво пена за коса моментално користам ваква Спојлер искрено многу ми се допаѓа пенава,ефтина е а мене ми обликува преубави локни.Незнам дали е до косата или е до пената. И значи да продолжам за виткањево прво од како ќе ја ставам пената и ќе ја засукам косата ( незнам поинаку како да објаснам,знам имаше тука една слика ама неможам да ја најдам ) потоа така заскуана ја собирам во пуџичка,и имам супер локни.Потоа кога ќе ја пуштам за да ги дообликувам локните ставам уште малце пена и имам прекрасна фризура.
јас секоја ден кога немам време да ја направам косата или кога ќе треба сабајле рано да станам за нашколо ја мијам косата и ја сушам ( или може да не користите фен за коса и да ја оставите природно да ви се исуши) .. ама не ја сушам до крај ја оставам малку воденкаста * и вака правам http://www.youtube.com/watch?v=2hvmLrjR_Hg http://www.youtube.com/watch?v=WDPFbjlkURM
Предлог за добро фигаро? (барав тема посебна за тоа, ама не успеав да најдам) и Anna-Banana каде ја има пенава и која цена е? Јас користев на Тафт за виткање мислам, ама многу ми лепеше некако.
http://www.neptun.mk/index.php?route=pr ... _id=208969 Ќе може да ми кажете дали некој го има користено ова фигаро?И дали го препорачувате?
Понекогаш кога сакам да имам повиткана коса, навечер си плетам две плетенки или повеќе, и утрото ги расплетувам.
Знам дека вреди да се вложи во добра преса за коса. Но, дали вреди да се вложи во добро фигаро? Имам едно, но треба многу време да ја држиш косата додека ја навитка, па дали да барам поскапо при купување или и поевтино ќе заврши работа?
Кои витлери најмногу држат, кај да купам и која цена се отприлика? Средна големина или поголеми нека се.
Мислам дека вреди , и тоа многу, доколку сметаш дека почесто би го користила, затоа што стварно виткањето оди многу побрзо и полесно одколку пример со обична преса за коса. Јас зедов пред околу месец дена не многу скапо и сум многу задоволна, многу брзо се загрева а уште побрзо витка. Ако те интересира, пиши ми во лп ке ти пуштам слика точно како изгледа и ке ти кажам од каде е нормално
Косата ми е многу sensitive,ако ја навиткам со фигаро или со смоки и ставам лак за коса после некое време се пушта.Неможам на еден роденден да одам.. И со пресата е исто...треба по 10 сек.да држам на еден прамен за да ми седи со лак повеќе од 2-3 саати
И пресата ми е за никаде,грее само едната страна т.е тоа е пола преса,пола пегла..Некоја фризерка и ја дала на мајка ми за 1 употреба и не и требала веќе.Да препорачате некоја добра пегла-преса?На Vucko сум чула дека се добри,па дали имате искуства со нив,и како се движат цените ако знаете?
Го земав пред 1 година, ако не се лажам беше околу 2000 ден. Зависи од фирмата. Би требало да има во поголемите продавници од типот на Neptun или ТехноМаркет.
za toa sto ne vi stojat pramenite zavisi kakva kosa imate eve na primer majkami ima cudna kosa i nikako ne i se pravat lokni bukvalno so nisto porano ja pravese ladna koja ne izdrzuvase ni 2 nedeli sega se otkaza sto ne e slucaj kaj mene jas imam vitkana kosa so sto ja ceslam so maskata pa ja mijam so cista voda i potoa ne ja ceslam do slednoto mienje
јас порано имав многу убави природни локни, но со текот на времето коста почна да ми се исправува... имам локни но не толку како порано... сега почнав да користам шампон за локни и имам многу убави локни... а локните на фигаро или на пегла не ги практикувајте многу бидејќи ја горите косата и самото влакно се уништува.. ако сакате, ногу ретко практикувајте тоа со заштитен спреј, кој ја заштитува косата од превисока температура... или ако сакате баш убави локни како на фигаро, витлерите се една од најубавите можности... позз и секое добро...