Има најразлични техники за виткање на коса,најчесто сакам да ја навиткам косата без да ја изгорам со пегла или преса а тоа го правам со најразлични материјали но локните излегуваат премногу афро,доколку имате свои начини за виткање кажете...
Pa ete ti be mila odgovor na tvoeto prasanje. Ubavo si e taka, gledaj go videoto I taka navitkaj si ja
Имам наједноставен начин за виткање на косата: со плетенки. Од кога ќе ја измијам ја сушам но не целосно, па потоа ќе и речам на мајка ми да ми ја сплети (околу 12-15 плетенки) и си легнувам. Утрото кога ќе станам само ги отплетувам плетенките и готово. Исто така не ми се израмнува брзо косата, па може да ми стои така повеќе време.
и јас исто како olli28 само што ја плетам во две плетенки,а пред некоја год ја виткав со витлери за ладна наместо киселина ги ставав на влажна коса
Пробај со витлери. Јас имам од баба ми едни малечки тие не ги прават афро локните. Или цела коса подели ја на 20 прамени и свиткај ги како пунџи. Нема афро да испадне.
Здраво девојки.Јас имам виткана коса , но да не знае некој од вас некоја крема или маска што и да е за оформување на локните.Имајте убава вечер позз
девојкии ај кажете ми за дифузер нешто некоја препорака , дали излегуваат убави локни нешто повеќе како ги правите косите ...
Јас имам дифузер, го користам само зимно време Одкако ќе ја измијам косата, ја наведнувам главата надоле и почнувам да ја чешлам, потоа ја гужвам со прсти и и ставам Hobby и пак ја гужвам. После ќе ја фатам цела коса во една рака и ја ставам на целата површина од дифузерот. Кога ќе почне да се суши ја делам и пак ја сушам. И на крај добиваш убави локни. Ништо комплицирано, само малце време изгубено. (Зависи колкава коса имаш)
Штом имаш виткана коса и ти треба крема за обликување на локни , ова е тоа http://www.hobikozmetik.com/en/images/yediyirmidort/hairstyiling_cream_forfuzz_b.jpg.
@Leo-nora зависи од тоа какви локни сакаш. Ако сакаш поголеми тогаш поголем цилиндар а ако обратно тогаш помал
Здраво има ли некој користено фигаро на babyliss. Сакам такво да си купам се мислам помегу две па некој искуство да има со таа марка.