Папи,ако немаш купено,ти ја препорачувам Тафт розевата пена за коса,специјална за локни,одлично ја обликува косата и воопшто не лепи,ниту пак ја прави како тесто Ако сакаш за посебни прилики виткање,техниката молив и пегла чуда прави,од афро до брановидна коса
Јас (односно сестра ми) косата обично ја виткам по капење за да биде успешно. Сестра ми ми плети внатрешна плетенка,спијам со неа и следното утро оп - чудо. Утре ке се искапам ке и речам на сестра ми да ме сплети и задутре ке објавам слика поздрав
Имам мн мека коса, како и да ја извиткам, паѓа за 2 саати. Таман коа ќе искочам. Сум користела лак Интенса и Тафт со кашмир ефект 4 јачина. Не ми држаат. Совет некој со слична мака?
Здраво дечки, Имам ептен права коса, а сакам некако да ја навиткам, да ми биде како брановидна... Вчера спиев со плетенки, и од сабајле до вечерва веќе ми се исправи, а и со плетенките не ми испаѓа баш така како што сакам.. порано имам пробувано и со пена за коса, ама и тоа не ми трае долго Плус сега ја скратив, должината ми е одприлика како на сликава, е сеа само сакам уште така да на навиткам па ако некој знае како, нека ми пише.. Фала ви П
I jas imam Ista maka.Ednas spiev vo smoki 17 casa i mi drzese cell den so malce lak.Samo taka drzi,ako e nad 10 casa vo pletenka/smoki/vitkleri.Inaku odma stom iskocam od odma kosata prava prava.Nisto ne pomaga,na intesa imam lak za koj se veruva deka e najcvrst.Bratucedka mi za matura 7 saati istera a mene ne mi pomaga..se otkazav veke.Retko ja vitkam koga imam vrmee
Искуство од андолација? Може ли да ми излезе баш вака некако ако ја андолирам? Поточно сакам да ми излезе како претпоследната слика, плавушата.. ?
На првата девојка косата  Мене косата како мала ми била нешто слично ко девојкава и со текот на времето ми се исправила и сега кога ја оставам природно да ми се исуши ми се прават локни ама како со фигаро правени сакам да имам ептен ситни локни како на девојката.Сега ќе пробам на мокра коса да и навиткaм ситни плетенчиња и да ја оставам два дена да седи во плетенки па ќе видиме резултат
Не најдов тема за фигаро, помогнете ми девојки! За средни локни од колку милиметри треба да е? Значи не преситни или крупни.
Девојки дали се добри витлерите од Орифлејм, или препорачајте некои по можност меки за да се спие со нив? И како да си ја извиткам косата за да ми испадне ваја, инаку мојата е права?
Јас виткана коса сум имала хахаа, дај кажете како одржувате вака брановидни коси, спреј, чешлање итн. сакам малку да ми се нагласат. Фалааа
Каде може да купам квалитетни витлери за коса кои долго ке ми ја држат виткана? Сакам малку покрупни локни и ме интересираат оние железните витлери. Каде можам да најдам?