Без штипка. Коносно фигаро се вика, најубави локни прави. Тоа со штипка не е толку практично, треба да внимаваш сите да се на иста страна и иста големина, со коносноти побрзо се прави и не се разликуваат локните една од друга ако ги правиш на ист начин. Со ова фигаро сама се виткам, со тоа со штипка не можев позади прамените да ги направам.
Лесно ли е сама да се витка со ова? Јас сакам покрупни локни мислам дека конусното ги прави поситни. Ако имаш слика само од локните можеш да ми ја испратиш ако не ти е тешко во ДМ да видам какви локни прави?
Лесно е, јас сама се виткам. Си ја делам косата на половина. Си ги фаќам горните прамени, ги правам долните на едната страна, па на другата. После ги пуштам и останатите од двете страни ги виткам и тие, и готово. Само внимавај да не се направиш моцарт, од пола коса надолу ќе виткаш.
Ме изнасмеа за Моцарт, еднаш ме виткаа со конусно и ме направија Моцарт, затоа сега се распрашувам како функциомира фигарото
Не знам како да објаснам, знам да покажам. Кога го моташ праменот околу фигарото оставај просторче не ја туткај косата премногу блиско. Не знам како да кажам, не многу доближени едно до друго.. Пораширено мотај го праменот околу фигарото.. ако ме разбра
Со таква преса што емка има во што последно си купивте и после малку ќе ја расчешлаш за волумен да направиш.
Дали имате совети за негување на брановидна коса,некој производи.И како спречувате брзо исправување на брановидната коса?
Мене ми е виткана , ама има некои брановидни прамени низ неа , а се исправа кога ја носам во пунџа или стегнат реп , колку можам ден два по миење ја нoсам пуштена и така ми држи некоја подобра форма. И губи форма ако не ми e шишана подолго од 6 месеци си тежи и влече надоле