јас веќе вториот ден немам брановидна коса, туку во метла се претвара, евентуално предниот дел ми е уште виткан... а го користам leave in кондиционерот од белина после капење, и ја сушам со дифузер.
Zdravo, dalı nekoja od vas ıma praveno afro loknı? Dalı ja oshtetuva kosata? Imam prava kosa a strashno sakam vıtkana ı se dvoumam dalı da pravam ılı ne. Pomagajtee
На ремингтон не би ти препорачала многу не се задоволни од марката, иначе јас имам вакво и е супер https://www.neptun.mk/categories/FIGARO/ROWENTA-CF324LF0
Девојки совет како да ја виткам/прекршувам косата без горење? Имам премногу густа, долга и тешка коса, не ми е виткана природно, но имам доста волумен и не ми се допаѓа, со години ја пеглам без прекин. Сакам да ја одморам малку и да ја виткам малку некако, но не со пегли и фигаро за да не ја горам уште повеќе..Не сакам локни него чисто така малку нешто..
Го имам вториот веќе година ипол и презадоволна сум. И без да ставам лак, локните си стојат и не се опуштаат.
Од кога ќе ја измиеш, исуши ја малку и сплети една или две плетенки, можеш со нив и да спиеш. Или пак земи од heatless curls tools како на сликава, исто преку ноќ чувај ги.
Да се надоврзам имате некаде видено вакво за heatless curls? Само да не е алиекспрес, се извинувам ако веќе имате спомнато.
Кај можам кај нас да најдам вакви крупни витлери за коса, за да постигнам поголем волумен и разиграност на косата?
Во ДМ има повеќе видови на вакви витлери. Супер се, пред некое време си купив и јас. Мислам дека беа 200 и нешто, внатре имаше 6 витлери. Розови се, брендот немам поим кој беше ама секако ќе си најдеш таму.
Малку на терсене места им се изложени, во најдолните редови се обично. Ако ти е од помош, во ДМ во Градски ѕид стојат одма до високата сталажа што се врти (на неа има шноли, стегачи, бижутерија). Кај чешлите и четките за коса. Дека од таму ги купив, само во овој ДМ знам кај точно стојат.
А дали би функционирале на подолга коса, мислам да не се заплеткуваат? Гледам навистина убав волумен даваат ама од таа причина не сум земала.