Штрумфета, со крпчиња начинот на виткање е ист како со витлери. Значи сечиш крпче долго отприлика 10цм, широко 2-3 см и виткаш исто како со витлер од долу нагоре. На крај само го врзуваш крпчето. Се надевам ме разбра Само внимавај, немој многу тенки парчиња коса да земаш зашто и мн се крева нагоре косата од крпчињата. Така ќе изгледа дека ти е мн пократка.
znaci vaka, mojata kosa ne e ni prava ni vitkana.. sakam prava kosa no ne sakam ic da ja goram (probuvam da ja porasnam...)навистина изгледа несредено кога не е исчешлана а кога ке ја исчешлам се наелектризирува и е бушава... Помош девојки! позз
^ Епа тогаш да си купиш Hobby со портокалово капаче, не е многу скапо, и ги дефинира убаво локните, за да не ти биди накршена ни права ни виткана. Јас со крпчиња имам пробано ама неуспешно ми беше Едни сум завиткала на една страна, други праменчиња на друга ужас ми беше
Ајде после пиши резултати што си направила Може од прв пат многу да ти се навитка или да не ти се погоди најубаво, ама ќе се научиш со тек на време како ти одговара најдобро за твојата коса. Мој предлог е првиов пат да не ја виткаш цела коса до горе, туку најдолу или до пола да видиш како ќе испадне, и така е многу убава ама како си сакаш ти
Важи утре ќе пишам како ќе ми испадне. Ќе ја извиткам до половина ако не ми се допаѓа ќе ја врзам во репче, и така ми се допаѓа виткано репче
Јас косата многу ретко ја виткам природно ми е права, но понекогаш ја виткам и тоа со лак за коса прво ќе ја напрскам и ќе ја стуткам за да се исуши и супер излегува. Понекогаш и со крпчиња ја виткам косата ама полу сува и атварно кул излегува.
Косата спремна за виткање и... оооп немам парталчиња.. ехх ама сакав да си ја навиткам. Ќе остане за друг пат, сепак благодарам уште еднаш ким за друг пат ќе си знам
Еве еден совет од мене за сите што имате полу виткана коса и сакате повеќе да се извитка: Косата измијтеја нормално со шампон и исплакнетеја со вода, кога косата ќе биде готова исплакнетеја уште еднаш со едно шише кисела вода откако ќе се исуши ќе имате идеално виткана коса .
Ким сношти си ја намоткав косата во парталчиња и сабајле што да видам... косата до раменици лелее а и не беа некои дефинирани локни.. за наникаде. Ја собрав во пунџа и така отидов на училиште. Сите другарки мислеа дека косата ми е соберена со тие стегачите што даваат ефект на виткана пунџа . Ме пофалија дека ми била како на барбика (јас би рекла бушава барбика ) После школо ја пуштив и сега е океј.
Сакам вака да си ја извиткам косата ама не знам како. Поточно локните сакам да ми се како оваа на втората слика што е ама да не почнуваат од горе локните тука на краевите. Косата инаку ми е до под раменици, и така погуста ми е.Па дајте некој совет
Штрумфета, те предупредив јас ти кажав дека првиот пат можеш да се разочараш Треба пак да пробаш ама овојпат немој пред да одиш на училиште Јас за да не ми се крева до горе, го вртам праменчето, и кога го ставам крпчето, не виткам ситно туку крупно, дупка да се направи. И повеќе коса за едно праменче, не малку. И ептен не до горе, јас правам некое праменче погоре, некое подолу. Види ти, кога не си за излегување, пробај навиткај ги различно праменчињата и види на кој начин ти стои најубаво. Не мора да преспиваш со нив, 2-3 часа се доволно да се навитка. А за локните, и не се баш некои најправилни и најубави како со фигаро или преса ама знаат добро да се погодат
косата најубаво се витка со крпчиња мене мајка ми ми помагаше во ова ама сега нема кој неможам сама да се навиткам за жал...
Не се откажувам уште од првиот пат. Доста ја горев со преса и фигаро а ми скисна права да ми е нон стоп. Сега ќе ја виткам, баш супер со парталчиња, не се гори.
Незнам за вас ама јас летото кога бев на базен и кога требаше да си одам мокра ми беше косата и ја фатив во реп и не јаа сушев ни чешлав.И утретоден ми беше виткана.А косата не ми е ни виткана ни ептен многу многу права. Позз
нејм нема некоја посебна филозофија. си сечес ленти од некој материјал, го држиш хоризонтално си зимаш праменче од косата и го моткаш на материјалот исто како кога ја виткаш косата со фигаро само пробај пред да ја навиткаш косата да ставиш пена и косата да е влажна и не би ти препорачала вака да одспиеш туку држи ја така неколку саати дури се исуши зошто ако чекаш предолго ептен ке ти се извитка и така ке изгледа покуса косата
фала ти,баш ке пробам...може со парталчиња од маица? обична маица за одоздола..имам една што ми е мала па можам да ја распарам
Може зошто да неможе. А за поправилни локни може да ставите книфче на парталечето околу него да умотате и така да виткате и добивате правилни локни