може со пена за коса да се добијат некакви кадрици,е сега тоа нема да успее кај оние со ептен права и тешка коса туку кај оние со прекршена коса,така со пената ке се оформат локнички и секако косата изгледа многу поубава
Мојата коса не е ниту виткана ниту права...брановидна ми е...јас сакам понекогаш локни понекогаш права...права сакам кога излегувам на журка или со другарките...а виткана за некој свечен настан...ако сакаш локни најдобро ти е да користиш преса ама предходно стави силиконски капки...тоа го спречува пукањето на влакното на врвот...имаш видео како да направиш COOL! локни!( погоре на Фемина, Коса)
Лист од тетрата се сече исто така на хоризонтални линии како парталчето и се намоткува на средината на парталчето за да биде правилна локната да не биде на едно место на на горе на друго леве-десно. Се надевам ме свати
Маја реши да си купи фигаро... Ама сакам некое квалитетно, а не за пола саат да ми се исправи косата. Какво имате вие и дали сте задоволни?
Сум пробала со крпчиња и стварно сум задоволна Откако ја навиткав спиев цела вечер со таква коса и сабајлето ми беше скроз навиткана. Два дена ја носев и ич не ми се пушти
со крпчиња пробав неколку пати ама ништо катастрофа ми излегуваат сега барем брановита да си ја направам
не знам за квалитетно фигаро ама сакам да ти кажам кога ја виткаш косата секој прамен што ќе го намоташ околу фигарото прскај го со лак нема шанси да ти се пушти . јас така правев за на свадбата деверица бев а не сакам многу фризери секогаш кога ќе се направам сама повеќе се бендисувам
Јас имам од Vicko и задоволна сум многу. Но фигарото не е тоа тоа. Локните брзо се прават ама брзо и паѓаат.
Јас имам природна коса ама кога сакам да имам локни како глумците ги правам со електрични витлери. За 20 мин имам фризура. ТОП. Порано ги купив од УСА ама кога ги видов овде пред месец дена одма си земав еден сет
^^^ Јас имам портокалови,малку подебели се и секогаш ја виткам косата со нив,се викаат твистери.Преубаво ми излегува фризурата,а се разбира не ја горат косата (нормално ).Важно е дека се многу ефтини,60 денари се едно пакетче.Еве на сликава како ми излезе косата за Нова година.со нив ја виткав...
Прекрасна коса имаш Багуфче! Инаку имам и јас розеви, ама штета што на мојата коса ич не се задржуваат, прекрасни локни испаѓаат, ама ги снемува у рекордно време.
Мојава коса абер нема. Кога ке се избањам ако не ја исчешлам супер виткана. Сабајлето бушава азбука хахаха затоа решив да си ја фенирам и онака да ми биде брановита, пошто и да ја испеглам ми е брановита,нема шанси косава ми е феномен ни тесли не ја држат хаха..
Тие спиралите се добри за виткање ама за долга коса. Јас со моево фризурче, смешна сум ако се извиткам со тие. За поголеми локни и поталасест изглед најдобри се витлерите, од оние големите, или оние бабските на вриење.