Последен пат видов во Џамбо, ама имаа само од една големина. Во поснабдените пафемерии сигурно има и помали и поголеми.
Може ли некој да постави видео ако најде од виткање коса со крпчиња ?Некако не ми е јасно како се врзуваат... Самуан плис
Еве (мишел ми е многу антипатична ама добро е објаснето во видеото сaмо наместо хартија, можеш да употребиш крпчиња) http://www.youtube.com/watch?v=WoZ2QGq0 ... re=related
фала ке побарам во неккоја парфимерија зато шо ние во бт немаме џамбо(заборавив да кажам дека сум во бт
И јас како тебе имам мака со кадриците ќе земеш витлери супер се витка со нив и тафт за коса верувај многу ќе бидеш задоволна
ТададаДааааааааааааам! Еурека! Пронајдов нов, полесен и подобар начин за правење на моите најпосакувани локни (генска грешка на татко ми, не мислел кога ме скицирал ), и да..траат повеќе! Значи, инспирација ми беше плетенката со два `усукани` прамени, Спојлер меѓутоа јас си ја поделив косата на прамени колку за 4-5 вакви плетенки и се фрлив на работа. Спиев сета таква ко гнездо во косите, ама се исплатеше, еве сега си уживам во локништава (некои дури ко федерчиња се) и им се радувам како мало дете на сладолед и чоколади! Прекрасно изгледа и што е најважно - нема штета! Пробав и на полуисушена коса - ефектот е ист и вреди да се проба. Е ајт сега локнохоличарки, очекувам акции и реакции доколку ви успее, јас се надевам дека помогнав колку толку
Некое видео за правење на плетенкава или пак да ми објасниш како се прави, не сум многу по овие работи па од сликава не можам баш да укопчам а си сакам и јас убави локнички
E, тоа е видеото. Ајде со здравје да си ги носите локните, ако се решите да ги добиете со овој метод.
Оваа моја права коса не може со ништо да се извитка.Сакам права но понекогаш за промена сакам да ја ивиткам и никако не ми успева.Со фигаро не ми се витка или ако држам подолго време ќе се извитка едно праменче но за помалку од 5 минути ќе се исрави.Со преса ме имат виткано во фризерски салон но исто ми се исправува.Како ли да ја навиткам???
Дефинитвно со крпчиња пробај, гледам девојките погоре напишале и има видео, пушти го и фати се за работа, само после од кога ќе ја пуштеш обавезно тафт, или каков и да е лак за коса, за да ти траат подолго локните
А може некоја слика какви локни испаѓаат? Јас пробав и не ми беше нешто нај нај...дали малку ја држев нз.....
Па зависи и од косата, ако потешко ти се витка ќе добиеш брановидна коса, ако лесно се ''фаќаат'', т.е. ако имаш помеко влакно испаѓаат позавиени локни. Или сепак премалку си ја држела косата сплетена, everything is possible.
http://www.youtube.com/watch?v=WoZ2QGq0 ... re=related Можете и вака, само немојте многу да ја стегате косата затоа што може како пудлица да станете
СЛучајот е ваков,секој што има права коса умира за виткана,а оние со виткана ја сакаат правата,тоа финтата,а неможам дат и дадам совет,бидејќи јас сум една оти тие што си ја сака правата коса
Ги обожавам големите, густите кадрици. Досега не ја имам чепнато косата со пегла или фигаро, а права ми е како пеглана. Го користам овој начин, само што користам 7-8 чорапчиња. Можеби идејава звучи лудо, но се добиваат прекрасни кадрици. http://www.youtube.com/watch?v=KXsCxRjP ... 0CED2A60DD
Го пробав методот на виткање со алуминиумска фолија и можам слободно да кажам дека е подобро од виткање со крпчиња. Ја исеков и обликував фолијата исто како на видеото ,ги ставив на влажна коса и ги фиксирав со штипчиња ,за да не се одвиткаат. Ја сушев косата со фен некои 15 минути и посе тоа косицата ми беше афро мен Не ставив никаков зацврстувач и ми стоеше подолго од вообичаено! Се воодушевив!
Јас вака ја виткам косата. Првиот ден многу ми е виткана, дури на бабичка личам , ама вториот ден е многуу убава
Еве видео според кое би можеле да направите убаво виткана коса...дефинитивно ќе пробам некој ден http://www.youtube.com/watch?v=iP3k1t0L ... re=related