Јас ја имам виткано со крпчиња и со лимон... а исто така имам пробано и со фигаро подобра варијанта ми е со крпчиња затоа што избегнувам да ја горам косата и така доволно ми е оштетена
Сакам да прашам...? итно и битно ми е како тоа ја виткате косата со фолија, мокра, сува каква е и начинот на кој се витка???? ако некој знае нешто, нека се фаќа за тастатура
Сакам да прашам...? http://www.youtube.com/watch?v=AXqZy3l6 ... r_embedded Еве ти видео на кој начин можеш да ја извиткаш.
па можеш да пробаш пред спиење да ја сплетиш на неколку поситни плетенчиња и сабајлето ќе ти дојде вака,можеш и со витлери ама така ќе ти дојдат локните покрупни или па евентуално да ја направиш ладна направија ладна.
Вчера вечер си ја виткав косата со фолија,како што е покажано во видеото.Откако ја измив косата, ја потсушив малку со фен, направив ленти од алуминиумска фолија,ги смотав како фишеци и на нив намоткував прамени од косата.Потоа со фен ја сушев 15 мин, и кога ги извадив фолиите косата ми беше супер виткана,афро Мој совет-ако ја виткате косата на овој начин не земајте многу тенки прамени коса,ќе ви излезе ептен афро фризура.Мене така ми испадна,идниот пат ќе ја виткам со подебели прамени коса.
Еве вака ако немате фигаро тогаш земате некој материјал што се отега и сечете го на мали парчиња и почнајте да си ја видкате косата со нив и оставете ја околу 2 до 3 часа Mајка ми секоѓаш така прави но јас си ја мотам со фигаро а и не обожавам виткана ..сакам права и имам права xd
Јас вака ја виткам http://www.youtube.com/watch?v=WoZ2QGq0 ... r_embedded Првиот пат не бев баш задоволна, вториот и третиот ми беше навистина убава косата. Само имам па не баш права коса , на врвовите како извиткана малку.... меѓутоа ми е прилично долга, колку оваа долга само навиткани малку врвовите Откако ја извиткав во должина ми дојде нешто како ова и со оваа должина Спојлер Барем малку да беше подолга
нц. -.- па земи Фигаро и ќе извиткаш. многу добро испаѓа.. а случајно да не немаш, земи со витлери и спи вечер со нив за да ти испадне убаво ( стегни ги добро).
Не е убаво со фигаро секогаш. Се оштетува косата. Мене ми е криво кога морам да употребам фен, а не фигаро или пегла. Со витлери само врвовите можеш да си ги направиш ако имаш долга коса инаку тешко цела коса. А да , инаку убаво излегуваат врвовите со фигаро.
Јас сум пробала со крпчиња и испаѓаат многу убави локни. Со плетенки испаѓа брановита. Ќе пробам деновиве вака http://www.youtube.com/watch?v=AXqZy3l6 ... r_embedded
Тоа некогаш зависи од косата, дали влакното лесно или тешко се витка. Со фигаро лесно ми успева ако дебели прамени ги држам подолго време на фигарото или помали прамени пократки време.
Мојава коса многу тешко се витка. Понекогаш сакам да ја навиткам, што се не сум пробала, од фигаро преку витлери, крпчиња, па се до плетенки. Саат време ми трае, после тоа ми се исправа. Џабе е се. Ништо не помага. Некој совет, искуство..?
Ако имаш помека коса тогаш стави на локните само малку пена или испрскај со лак, а ако имаш потешка и поцврста коса тогаш ништо не помага за да ти останат локните.Го кажувам ова од искуство . Позз.
^ Да се надоврзам - за мали локни, поточно бранчиња низ косата јас прво ја подзасушувам косата со фен, па ставам пена за коса и сушам и ја гужвам косата. Кога целосно ќе се исуши е малце бушава, ама кога ќе си фати калап и ќе си легне е прекрасна и брановидна. Инаку имам меко влакно кое тешко се витка и брзо се губи формата на локните, ама вака ми стои и до 2 дена. И да, подобар ефект се постигнува доколку косата ја обрнете да паѓа надолу.
Најбоље се сушиш со фен, главата надоле и со пена ја стискаш. Е сега кога ќе се заврши ја делите косата на два дела и високи обични пунџи врзувате и оставате 10тина мин и ја отпуштате. Резултати феноменални