Налетав на туторијалов сосема случајно, моментално си ја навиткав на овој начин косата, само со поголеми праменчиња, немав доволно шнолички http://www.youtube.com/watch?v=xSt3qPNd ... re=related
Насловов,одма ме потсеќа на мојава природна коса,што не ја сакам баш Малце тешко е за тие што имаат природна права коса,чисто знам од другарка на сестра ми,значи секој пат кога ќе ја направи виткана,ги брои минутите додека и стои косата. А,како најлесен начин за да се добие виткана коса,ја барем знам,после бањање,да не се чешла косата,односно да се направи форма со гел или лак за коса,и друг начин со тие витлери како и да се викаат х)
Стави си лак за коса, откако ќе ја навиткаш. Не е скап. Зависи од која фирма, 120-150 денари некаде, ама има доста количина
Женски,некој добар туторијал за да ја навиткам косата како на Меган Фокс? Преубава ми е едноставно, ама не можам соодветен да најдам... Спојлер [/img]http://ihairs.com/wp-content/uploads/2011/01/300pxMegan_Fox_Jennifers_Body_TIFF09_cropped1.jpg[/img]
Маца јас тој изглед го постигнувам со чорапи После миење ја виткам со чорапи , со фен малку ја сушам и така преспивам . Другиот ден имам многу убави локни
Среќа што имам тако звана curly hair па неморам да се занимавам со фигаро и слично. Кога сакам да ми биде екстра виткана ќе ја намокрам косата ќе ја соберам во репче и наредниот ден е уште по крли или врзувам неколку плетенчиња па ги плеткам. Нешто како ова: http://www.youtube.com/watch?v=iP3k1t0LjQc&feature=player_embedded
кажете некоја пена за коса што ти ја витка косата? сакам да си купам а незнам каков,ептен права ми е косата..
http://www.youtube.com/watch?v=WoZ2QGq0n4A Јас ке пробам вака, малце мачно ќе биде, ама ќе видам на крај што ке испадне. Иначе имам природно виткана коса ама не ми се допаѓаат моите природни локни, па гледам да најдам некој начин да ми биде средена косата без да користам фен и преса.. Редно е мојата кутра коса да одмори Се надевам нема како буф да се разбудам потоа
Јас имам природно виткана коса,ни самата незнам како одеднаш ми се извитка до 7мо не ми беше виткана беше бушава и незнам,се сеќавам дека многу сакав права коса а потоа во 8мо ми се извитка и еве сега сум 1ва и таа сеповеќе се витка многу ја сакам .. сите ме прашуваат дали ми е природна или така ја правам но мислам дека ваква коса неможеш да добиеш со фигаро.. и уште што незнам Еве еден линк ми се допадна за виткање на коса па се надевам дека ќе ви послужи http://www.youtube.com/watch?v=Di6193aV3rI
Со крпчиња се витка најубаво Мене ми беше права, и сите ме прашуваа дали ја пеглам и сега ја скратив на степени и самата ми се извитка, ми излегоа така поголеми локни
Еве повеќе предлози. http://www.youtube.com/watch?v=tBOAM_yM ... ideo_title http://www.youtube.com/watch?v=phJ3gf5H ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=WoZ2QGq0n4A
Мене ми излегува ваква со пена. Ја користам оваа доле во спојлерот, значи нанесувам 2 пати - еднаш на мокра коса, па сушам и после ставам пак малку пена на сува, за да ги дооформам локните. Многу убаво испаѓаат, не баш типични локни, ама бранчиња, нешто во вид на локниња - да. Спојлер Oва е спрејот од истата линија, не најдов конкретна слика од пената што ја користам.
Јас вака ја виткам. Откако ќе ја измијам, ја делам на неколку дела, 3-4, или пак ако ме мрзи воопшто не ја делам, целата ја собирам. Само фаќам од секој крај прамени и во неправилна форма, како фатам така, изгужвани и на купче (значи не гнездо па да не можам да ја отплеткам, него само собрана неправилно). Спијам така, следниот ден вадам шноли/ластичиња и имам бујна коса, преубава, густа, волумен, што ти душа сака. Некои петнаесетина минути дури да се пушти, пошо прво стои ко во воздух, дури да си падне надолу. Фризерот ме научи вака, најпросто а преубаво искача. Или, иако не користам фен, тие ретки пати кога користам го додавам делот со игли, главата надолу, полумокра коса, и рандом делови ги фенирам и притискам кон главата нежно, заден дел, лево, шишка, десно, кај фатам. Не предолго, пак да не биде скрос сува, и кога ќе дигнам глава прекрасни се локните. Поинаку се виткани на овој начин, дефинирани, богати локни... И со што и да ја виткате, пена, крем, малку гужвање со тоа и готово.
Девојки, јас ќе ви кажам едно баш лесно виткање на косата, земате прамен и го виткате околу пенкало и потоа држете со преса за коса и од топлината се прават неверојатни локни и така прамен по прамен целата коса, преубава фризура добивате, проверено