Сабајле си ја виткав со молив и пегла и многу убава ми испадна Би сакала вака секој ден ама 2 саата многу се
Моташ еден прамен околу молив или пенкало и после со пресата за коса ја држиш неколку секунди и го пушташ праменот и добиваш екстра локна
^Со твистери е малце по бушава, по раштркана. Мој совет ти е да пробаш со подебели витлери отприлика со дијаметар од 3 сантиметри што се. Е сега колку ќе ги држиш зависи од тоа какво ти е влакното, дали лесно или тешко ти се витка. Јас би ти предложила да ја измиеш, да ја засушиш, значи не целосно да ја исушиш, ниту пак мокра. Да ги наредиш витлерите почнувајќи од горниот дел. Можеш претходно да ставиш малку пена или нешто друго за обликување, или откако ќе ја навиткаш да прснеш малку лак насекаде. Да ја држиш 4-5 часа, може и подолго, и еден час пред излегување да ја пуштиш, да ја „расчешлаш“ со прсти и мислам дека ќе добиеш некој приближен изглед. И доколку ти е ладно на главата, можеш откако ќе ги наместиш витлерите можеш да си ја издуваш со фен повторно, само од малку подалеку за да не ти се разлетаат многу влакна. Реков еден час пред излгување да ја пуштиш и тогаш можеш да и ставиш малку лак, за да ти се отпуштат локните, да ти дојде нешто во овој стил измеѓу брановидна и апла виткана локнеста.
леле луѓе дај кажувајте решение за мојава коса. значи долга е, густа и многу тешка. и на кој фризер и да отидам за виткање после пола саат личам ко да сум се пеглала. има некое средство или некој метод на виткање кај што стои косата виткана по неколку часа?
јас го имам истиот проблем, не само што губам 3 саати на фризер туку и за џабе кога за пола саат е исто како да сум ја пеглала ...должината го прави своето единствено што ме научи другарка ми е со крпчиња... преспиваш со нив утрото ги вадиш само крпчињата без чешлање, без пени, лакови и замисли косата ми доаѓа до раменици и така ја носам цели два дена ... а локните се
Море ни крпчиња ни ништо! Еве ви го наједноставниот начин,пред некој ден ја правев,преубава испадна,само отпосле со лак ја напрскав.Без лак НЕ СТОИ! Значи се искапив и мокра косата ја сплетив во внатрешна плетенка,сама некако успеав дури,и малце ја потсушив и спиев така со плетенка.Сабајлето ко ја пуштив беше преубаво извиткана Можам делче од слика да ви пуштам да видите Пробајте!
Ова е вистина, јас кога бев помала, мајка ми, вака ми ја виткаше. Ама кога имав подолга коса, и поубаво ми стоеше. Стварно, преубаво излегува, само јас не ставав лак, ама ми стоеше ден-два, и многу си ја сакав. Една вечер, ја оставав во плетенка, дека ако ја оставам повеќе, ќе ми се измси. И сабајлето, милина, дека прибрана, и што убаво мириса, кога ќе ја пуштиш, онака како од рекламите. Ама сега не ми стои ама ич, дека ми е пократка, и на поголеми степени.
Убаво е како што кажа Дивајн, ама јас имам густа коса, и со плетенки уште толку ми се зголемува и не ми стои убаво Најубава, кога мислев на твистери, мислев на оние подебелите, со нив баш како на сликата ми испаѓа и многу ми се допаѓа
^Многу убаво испаѓа, јас дури имам заборавено вака да си ја виткам. Ни ти се гори косата, ни ништо. Јас исто така ја виткам и со фигаро ама не ја прскам со лак уште одма, кога ќе ја извиткам цела ќе се наведнам косата да ми падне надолу и со прстите ќе поминам низ локните да ми се изедначат, па ја напрскам со лак. Многу убав ефект се добива, ако сакате видете во темата `каква фризура носите?` прикачив слика. Стои пример една вечер а наредниот ден малку падне и уште поубаво изгледа .
Поретко ја виткам со крпчиња, бидејќи сум малку несмасна и ми се плеткаат крпчињата... Ја виткам со сунгерести виклери, и со нив секогаш супер ми испаѓа. Ја виткам на средно водена коса, а на крајот ставам лак.
Иста сум и јас МНОГУ сакам ПРАВА коса.. но за жал ми е виткана! ајде некој ако сака да се смениме ПРАВА за Виткана
за тебе јас мислам дека помагаат трајни локно.. (ова трајни не е буквално туку околу 12-13 дена.. (слободно може да се капеш))...
Јас имам ни виткана, ни права коса. Кога сакам да ми е виткана додека е уште мокра ја врзувам во пунџа и така ја чувам додека не се исуши. Еве ја така направенa: