Само со трпение Животот е тркало За жал на вистината, знам еден ваков пар!! Пред десет години тој 'одлепи' по неа и таа - мрш бе сељачиште и слично... таа дечко со години, тој по неа зад неа, таа шмизла од висока класа тој си го тераше животот, на студии во друг град па остана да работи таму..со еден збор од "сељачиште" стана господин. Како што реков, животот е тркало, и десет години покасно се сретнаа повторно, ене ги сега свадба спремаат
Убаво ти прави, а уште поубаво ќе ти направеше да те пријавеше во полиција. На многу начини ти дала до знаење дека НЕ и’ се допаѓаш, а ти упорно ја малтретираш. И убаво те прашала дали си психопат. Така делуваш според тоа како си постапил. Од каде тоа дека имаш право да бидеш над неа? Тебе треба да ти се смее цело друштво, а не нејзе.
Како до врска со некој што ве мрази!? (оф леле мајко, темава е лудило)...мислам дека треба да се отвори некое феминско пубертетско катче @Bilder4eto а да пробаш со некоја љубовна магија, а..?
Бегај подалеку од таа, штом слуша метал, носи црни јакни и чизми и не се шминка - не само што е „под тебе“ туку и може да е у некоја секта, најверојатно Црна ружа... па ако поише ја изнервираш може она тебе да почне да те следи, да те киднапира и ќе завршиш на крај како жртва на ритуал... Спојлер Трол е 100% бе дечки, зарем си губите време со озбилни совети за некој потпишан Bilder4e?
Напиши и поема, и рецитирај и ја под прозор додека е на час по физика... или географија, сеедно гарант ќе сака да се фатите
Oh be . Nikako decko . Sum imala i jas vaka naporni tipci , i veruvaj , dobro ke napravis ako ja ostavis na mira . Veruvaj , voopsto ne e lesno da se spravuvas so nekoj 24/7 . Ako ne i se dopagjas , ne i se dopagjas i tolku . Metal/rap/trans so saka neka slusa , nikoj ne e nad nikogo . Jas cel zivot slusam pretezno rap ( ustvari sve , ama najvekje rap ) , pa nikogas ne sum rekla deka sum nad nekoj sto slusa na primer izvorni narodni pesni ( jas ne slusam toa ) . Koj kakva saka muzika , takva si slusa . Mene me opusta rapot , tebe turbo folk , devojkata ja opusta metal muzikata .. Sekoj so sebe si . Ostavi ja neka si tera svoj pat , ti pojdi po svoj . I da , toa sto si ja sledel ne e korektno voopsto . Drug pat neka ne ti doagjaat takvi idei , bidejki mozes da zarabotis prijava .
Никако неможе да те засака,некој кога те нејќе неможе да те засака и некој кога те нејќе неможе со таа особа да си
@Bilder4eto Види вака, ти неможеш никого што те мрази да го натераш да те сака, сега незнам ти како ја гледаш, дали сака а упорна е дека несака, дали ако и го освоиш на некој начин срцето таа ќе попушти, тоа незнам ама ти пробај да го правиш тоа што го сака таа, откриј од таа нејзина другарка нешто што неможе да биде толку тајно, преку твојот познаник обиди се да откриеш нешто за неа. А ако ти навистина не си од нејзиниот тип, несакаш ншто што таа го обожава, не слушаш таква музика, повлечи се и пробувај си шанси со некои кои се од твојот тип, ако неможеш да се откажеш од тоа што го сакаш ти, значи дека вие кога би биле заедно нема да се сложувате во разговорите, можеби ќе најдете ама затоа треба ти да се потрудиш да навлегуваш што повеќе во нејзините интереси, информирај се од другарката нејзина каде оди на кафе, каде излегува, на забави ако оди да одиш и ти таму, ама без да ја притискаш, можеби ќе ти се пружи прилика да ѝ помогнеш ако има таа некаков проблем, па таа ќе се промени, ќе види дека покажуваш грижа за неа, ако има некој друг во нејзиниот живот, ако е среќна со него, неможеш ништо тогаш да направиш, ама во секој случај може да ѝ се најдеш, па на тој начин да се надоврзиш со разговори за нешто. Ако сакаш, јас сум секогаш тука за да помагам на луѓе, па можеш и да ми пишеш во приватно или овде, каде сакаш, па ќе ти давам совети како да дојдеш до неа, ако успева. Ама сепак и ти не го сфаќај за толку сериозно, ако не бидува од прв пат, не се знае што ќе се случи.
Аии, камо мене некој ваков да ми се погоди. Мислам дека место он, јас во полиција ќе завршам И јас слушам метал, ама дечко @Bilder4eto тешко дека ти некогаш ќе бидеш над некој. Ти си дно дна. Не ми е гајле дали е трол или не, беден си со самото пишување на ваков начин. А не дека ве нема вакви психопати, како глувци се котите и замарате девојчиња па после зборите дека ние не чиниме.
Трол или не трол, постојат вистински дечки со вакво размислување. Страшно, ама сум била во нивна близина. Само што јас не ги вреѓам туку еднаш ќе му кажам што мислам и ако не престанат дека после тоа ќе ги тролам. И кога престануваат, никогаш. Мислам еден кој му се допаѓаше другарка ми, а учеше во клас со еден другар, ми пиша порака кога одевме со неа на училиште „Ве гледам од џам“, и напнуваше секој ден за нешто околу неа, а таа јасно му даде до знаење дека не е заинтересирана. Нема да влезам во детали како пробваше да ја заведи (вклучува разговори за бившата... стварно непотребни разговори за бившата). Или пак шеташ и еден кој ти досадува веќе една недела се појавува од чиста мира и ти вика „еј која случајност“, и ај еднаш случајност, ама три пати во еден ден, цела недела, не ќе да е случајност. Или пак друг те наоѓа на фб и ти пиши „одвај те најдов те видов денес в пазар, мн убав газ имаш“. Мислам ... постојат. И јас мислам дека е трол, во глобала ради начинот на кој се изрази, тоа мене ми ги издава троловите од нетроловите, ама приказната можи да е апсолутно реална, cuz been there, done that. Ах, исто така еден ме убедуваше дека ќе ме одвикнел од слушање „ѓаолска музика“, и ќе сум слушала вистинско, српско, турбо- фолкерско. Статусот за врска во фејс ми е стварно од корист зошто бројката драстично од вакви се намали.
Освен ако не е мазохист, не гледам причина зошто некој би бил со некој кој го мрази... Зошто некој би си правел толкаава огромна болка сам на себе?