Девојки од секогаш сум имала бујна и сјајна коса. Ја мијам најчесто на 3 дена, некогаш на 4, но никогаш не се случило да добие неубав мирис па колку и да ми била мрсна секогаш имаше мирис на шампонот кој го користам. Но во последно време ми се случува хорор Oткако кје ја измијам утредента буквално ми смрди коренот на мрсно и не чисто, а ако не ја измијам наредниот ден веке овој мирис ја има зафатено целата коса... Што да правам, кога би била причината поради оваа појава??
ау не знам, ама пробај со некои спрејови за коса, што мирисаат, може ќе ти помогнат има во авон мислам, ама сигурно и на други места, пробај и види, може ќе се изгуби лошиот мирис
Јас првпат слушам за ваков проблем, но ќе се обидам да ти помогнам. Вака, прво да те прашам дали забележуваш почесто мастење на косата? Ако е така, почни да употебуваш шампони кои помагаат против мастењето. Можеби косата ти се презаситила од шампонот што моментално го користиш... Користењето на фенови, пегли и сл. сведи го на минимум. После миењето на косата, откако ќе се исуши, стави малку парфем, би требало и тоа да помогне колку-толку.
о.О прв пат слушам вакво нешо ептен грдо е тоа брејј иначе,користи спрејови за коса,ама не како балсами,лакови,туку за мирис на коса и сјај јас имам користено таков и преубаво ми мириса,цел ден и убав сјај даваше,е сега мене ми беше порачан од фризерка,не го купив од ниедна продавница,така да ,незнам како би земала вакво нешто доколку сакаш
Исто и јас, отсекогаш сум имала свилена, права и преубава коса, но пред 2 месеци истото го забележав. Пробав се, шампон претив мрсење на коса, регенератори, шампони со појак мирис, но ништо не помага. Затоа, од тој ден па се до денес, секоја вечер, ама буквално СЕКОЈА вечер ја мијам косата.
Додека косата ти е уште мокра, шприцни и' појак парфем неколку пати, почнувајќи од коренот, па по должината на косата. Почекај да се упие и исуши ја. Јас тоа го практикувам многу одамна, а мирисот се задржува најмалку 2 дена по миењето, веќе на третиот ја мијам пак.
Јас ќе пробам ова со парфемов, денес баш ќе се капам, а за сода бикарбона страв ми е да не ја оштетам дека многу внимавам околу тоа да ја зачувам здрава и немам ниту пегла или фигаро еднаш искористено врз неа
Јас мислам дека проблемот е некаде подлабоко, внатрешно, да се изразам лаички. Не е решение да се шприцнеш со миривче, проблемот е прикриен но не и решен. Можеш да отидеш кај матичниот лекар, па испитај се убаво. Може имаш проблем со некоја жлезда и што ти знам таму...
Не знам ова со парфемот колку е добра идеја. Парфемите содржат алкохол кој ја суши косата, а не дај боже после тоа уште и да ја сушиш со фен или пеглаш. Постојат посебни парфеми за коса, само не знам дали кај нас ги има.Најдобро смени го шампонот и пробај да не ја миеш косата секој ден, а можеш и да пробаш со сода бикарбона како што спомна некој пред мене
Како што имам прочитано, подобро е да се стави парфем врз четката со која се чешлате а не директно на косата за подобро да мириса. Или користете некој попарфимиран шампон и избегнување да и се прави друштво на мама додека готви манџи хаха
Од чистиов воздух ? А бе тапа ми е ептен пред тоа ќе ја измијам , секакви маски и спрејови и искочи и врати се и на грдо мириса .. Ми иде да не ја мијам зимава па на пролет да продужам
^^ Исто и мене, вчера се бањав се изнашприцав, се дотерав и отидов кај дечко ми. Кога стигнав и ја мириснав више се умирисала на... зима Ама после 10тина мин го снемува тој мирис. Најверојатно е од чад, немам ни јас друго објаснување
Ако ти се масти косата многу често и во големи количини, тогаш, може ќе треба на лекар да одиш заради зголемено лачење на потните жлезди. Сега ова беше пред десет години, ама на една моја другарка кога бевме во пубертет и се случуваше нешто слично, па отиде на лекар, знам и го решија проблемот, како- не се сеќавам. Види прво, смени шампон, користи од оние против мрсна коса па види, сега не знам колку ти се мрси, дали е до толку работата. Плус другарка ми беше во пубертет, знам дека и рекоа со хормони дека имаше врска,а ти имаш 20
Сега ми текна да прашам, можно ли е да е од цигарите или од марихуана? Пошто пред 2 недели имав пушено?