Коза смрди повеќе од овца, те разбирам. Пишувај убаво, не си мала. За козата упс коЖата, ќе ти дадам еден совет, земи шампон реконазол од аптека, и миј ја според упатството, не претерувај, мислам дека еднаш до два пати неделно се миеше, и види дали имаш ефект. Ако имаш подолга коса, стави прво малку шампон, нема да ти запени од прво миење можеби, стави и вторпат и остави да делува до 5 минути. Ако нема ефекти, да одиш на кожен лекар, дерматолог, сигурно е некоја габична инфекција. п.с. Може ќе звучи сурово и како од к-15 (ако ви текнува - а тебе прстот да не те боли? ), тебе лалала3 да не ти смрди прстот или ноктот, ако си месиш често со квасец или фаќаш мртви глувци или не знам уште што?
:ахахахах Abeja ме изнасмеа со п.с.ов хахахахах ке пробам со друг сампон ако не ми се среди за 1 месец одам на лекар и така па ке ви кажам сто сум направила
Најубаво да одите на дерматолог,каков и да е проблемот ќе ви кажат што да правите и каков шампон да користите. А не сте се сетиле дека е можно и некоја инфекција да е или ако се бојадисувате да не е реакција од бојата и слично.Или па реакција кон шампонот. Иначе косата поприма миризби и од наоколу,затоа и (најмногу) во зима мириса полошо,од целиот чад и прав од надовор,од колите,од запалените камини по куќите,сето тоа оди на косата.А и кога е покриена со капа,нормално побрзо ќе се мрси.
И мене ептен грдо ми мириса посебно летово, денеска ќе ја измијам и пак ме чеша коренот, џабе ставам спреј за коса кога пак мириса, нема воопшто никаков сјај , безживотна, без разлика дали ја мијам со шампон од коприва или некој друг, уште при самото излегување од капење ми е мрсна од едната страна косата. Премногу ми е танка и воопшто не личи на коса. Навистина не знам што да правам повеќе.
Пробај да ја смениш исхраната. Внесувај повеќе протеини. Ако си во можност купи апчиња како додаток на исхраната од типот на Мерц дражеите. Во шампонот стави една кесичка сода бикарбона ,тоа ќе овозможи потемелно да се измие косата и да е чиста подолго време. Купи си шампон за мрсна коса, Head and shoulders од цитрон е за таа намена и многу е добар. За негување на косата можеш да ставаш понекогаш масло на косата ,бадемово за врвовите,рицинусово на коренот и чичково. Чичковото има антисептичко десјтво и би требало многу да ти помогне. Само убаво измивај ги по нанесување. Можеш да пробаш и со спреј за коса. Или евентуално маска за коса. Избегнувај фенови,пегли и сл.
^Фала многу ќе го пробам ова со сода бикарбона, а шампони имам секакви пробани нема лек, тешко дека некогаш ќе престани да ми се мрси. Имам користено бадемово и чичково масло ама понекогаш мислам дека од нив уште повеќе ми се мрси косата, па не го применувам толку често.
На четка шприцни парфем и исчешлај ја косата. Зависно од парфемот косата ќе мириса убаво и подолг период, мислам на неколку часа.
абе каков парфем...тоа нема да го реши проблемот...право на дерматолог, ова се симптоми на бактерија или габа на кожата на главата.
и мене одреден период ми се случувше нешо вакво. прочитав во списание во шампонот да ставиш аналгин и има логика пошо можно е да мириса од габички, бактерии на косата на скалпот а аналгинот е ацетил салицилна киселина во шишето со шампон од 100мл ставив 4 аналгина и пред секое миење го клумкам шишето оно аналгинот е растворен нели ама сепак, и забележав подобрување
чуден мирис на косата Женски во последно време нешто чудно ми се случува со косата на пример денес ќе ја измијам се ок а другиот ден веќе ми мириса чудно коренот јас неможам секој ден да ја мијам аман веќе предлог што да правам? не е некој обичен мирис грозен мирис е бтв користам шампон wash&go
чуден мирис на косата Колку време се случува ова? До некаде е нормално, зашто лето е и повеќе се потиме, скалпот си лачи маснотии и сигурно тоа има некаков удел или пак храната која ја внесуваш, но ако истово се случува подолго време, не ќе да е лошо да посетиш дерматолог зашто можеби се работи за некоја габична инфекција и ќе ти препише соодветни препарати со чија помош би требало да се среди ситуацијата.
чуден мирис на косата Има на некој им мириса косата некако чудно, во средно што седев до едно девојче толку грдо и мирисаше косата ама таа дека постојано ја пеглаше дури и повеќе пати во денот па можеби за тоа.
Лек против чудниот мирис - УБАВО ТРЗАЈТЕ(не ми текнува друг соодветен збор) ја додека ја миете. Исто зависи и на колку време ја миете и кои препарати за коса ги користите, а да и начинот на кој ја третирате самата коса.
чуден мирис на косата Како што е кажано погоре може да е од премногу користење на пегла и други работи такви што користат топлина и ја горат косата или пак премногу препарати (маски,лак за коса,можеби фарба). Остави ја некое време природно и види дали ќе има промена, еве две недели бар пробај без фен без пегла. Ако не е до тоа можеби е до шампонот пробај смени го, не гледај против мрсна против првут туку само некој што има убав мирис барај. И кога ќе ја миеш косата остави го шампонот 5 минути,а кога ќе го нанесе првиот пат силно греби да речам да ти се отсранат сите мртви клетки од кожата бидејќи може и од нив да е, вториот пат кога ќе ја правиш со шампон понежно масирај го скалпот и повторно остави некои 5 минути. Друго ова е лесен трик па би можело да ти биде од помош прсни го чешелот со убав парфем и исчешлај се некое време би требало да ти ја одржи косата да мириса убаво ако ти помага еве можеш да земеш оние мали чешли што се вакви и носи ги в ташна со некое мало парфемче и на некое време кога ќе почувствуваш дека чудно ти мириса косата појди ВЦ или некаде и прсни се. Вака чудно ти звучи,но верувај стварно прекрасно мириса од тоа, јас понекогаш правам така бидејќи користам шампон кој нема никаков мирис,а сакам да ми мириса убаво косата
Мене ме нервира најмногу во зима кога е се зачадено и одма се сеќава кога ќе влезеш дома од надвор мириса косата ептен, од тоа незнам како да се заштити миризбата. А инаку немам никаков проблем.
Девојки...занчи јас секогаш косата ја мијам со различни шампони но само од AVON и Oriflame.. и сум забележала дека само кога ја мијам косата со ADVANCE TECHNIQUES шампонот, поточно овој https://www.google.com/search?q=avo...druff-Shampoo-amp-Conditioner-reviews;300;300зелениот, косата и да не ја мијам по 4 дена сеуште ми мириса на шампонот. Пробајте може и вам ќе випомогне
и јас имам многу густа коса ми се умирисува но чудо воопшто не е мрсна и знам чудно мириса ми рекоа на фризер оредчија малку можа нема толку да ти мириса ама ја нее си ја обожавам косата ако треба секој ден ке ја мијам ама шишање НЕ
Пробај го овој шампон,косата ми мириса дури 3 дена откако ќе ја измијам со шампонов Овој е за мрсна коса