За убав мирис, битен е шампонот, кој го користите. А, од друга страна избегнувам да ставам маски на природна база кои содржат протеини, баш заради тоа што после миењето, косата не ми мириса убаво како друг пат кога не ставам таква маска.
Јас го користам шампонот на вош ен гоу од јасмин и ми мириса преубаво после тоа маска на калос од кокос и кога ќр ми се исуши ми мириса преубаво
Шампонот и маската што ги користам ич не мирисаат убаво. Но, по миењето ставам млеко за коса од Балеа а по сушењето нанесувам масло за коса исто од Балеа и даваат убав мирис.
А дали и на вас косата ви мириса некако чудно, гадно? Ако дува ветер. Секогсш кога дува ветер, И кога влегувам во затворена просторија од надвор ми мириса чудно :-/
@cavalli не драга. Сега се мијам излегувам надвор и од ветерот гаден мирис. @Marina*F не ми мириса на чад, туку некакп чудно. Некогаш и алиштата кога се пружени и од ветерот имаат чуден мирис е така и косава моја.
@Erika.greeneyes јас кога ја мијам, не излегувам никаде и го нема тој мирис. И алиштата строго дома ги сушам. Косата кога е измиена, најмногу прима од мирисот надвор. После ништо не ја спасува, освен да се измие пак.
Да драга обично и јас не излегувам надвор бидејќи и онака имам проблем со главата па ми страв да излегувам тогаш кога се мијам, но и реплицирав погоре на членката дека не се работи само за кога не сум миена со денови имало исклучоци кога сум морала да излезам итно баш после миење и ако има ветер надвор ми мириса косата. И општо без разлика кога сум миена кога дува ветер секогаш така лошо мириса.
Кога ставам сув шампон и млеко за коса, тогаш најубаво ми мириса косата. Но, сепак тоа трае неколку часа особено во зима кога е загаден воздухот или ако седиш во кафич или просторија кај што се пушат цигари.
Фала, ќе го пробам. А, од Балеа парфемите за коса ги има некоја пробано? Имаат ефект нешто или да не ни купувам?
По мое, косата редовно да се мие, а со тоа и самата четка за коса да се чисти и мие почесто. Исто така, заштитен спреј од топлина да се нанесува при сушење и на крај може од парфемот што го користам, малку на четката да напрскам и да ја исчешлам косата.