1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до патот кон целосна среќа?

Дискусија во 'Психологија' започната од attila, 1 декември 2015.

  1. attila

    attila Нов член

    Се зачлени на:
    11 јули 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Машки
    Тоа ни е дел од животот секогаш имаме причина да се чуствуваме несреќно и поради тоа да ни исчезне насмевката.....
     
  2. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Првиот чекор на патот кон целосна среќа е прифаќањето на фактот дека не постои целосна и апсолутна среќа, затоа што животот се состои од подеми и падови, од убави и неубави настани и периоди. Еднаш кога ќе се помириме дека не постои потполна среќа, ќе бидеме максимално среќни.

    И во неубавите моменти не си дозволувајте да паѓате психички, затоа што тоа секако води и кон физичко слабеење на организмот. Гледајте да го извлечете максимумот од секоја ситуација, правете се' што е во ваша моќ за да излезете од неа и да извлечете некое животно искуство. Учете како да не западнете повторно во иста ситуација.

    И чувајте си го здравјето, како психичкото, така и физичкото. Двете подеднакво болат.
     
    На Libera, SwanMay, macence994 и 23 други им се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Пат кон целосна среќа и животна исполнетост нема и никогаш нема да постои.
    Самото прифаќање на тој веродостоен факт е среќа и мир на сопствената душа.

    Животот е создаден за да сите ние се бориме и се стремиме кон нешто подобро за нас и нашите најмили, за нашата иднина. Животот е создаден со најразлични проблеми и искушенија кои не тераат да ги преминеме и собориме со пот, мака и борба. Животот не би бил живот доколку е целосно секогаш стеќен и исполнет. Животот е пат кој секој треба макотрпно да чекори низ него и да се бори за своето утре.

    Целосната среќа ја нема и не постои на овдешниот живот, неговата смисла е суштинска и неопходна, еден проблем се решава па потоа друг доаѓа, трет и се така до недоглед и додека дишеш среќата ја поседуваш секогаш само твое е колку ќе допринесеш за да ја искусиш истата.
     
    На macence994, Osamenadevojka1, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.582
    Допаѓања:
    155.746
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека, среќата е во малите нешта. Кога се радваме на мали, навидум небитни работи, секој ден ќе има нешто да се радваме. И кога сме тажни ќе има некоја мала работа онака убаво што ќе ни го разубај денот.
    Се е релативно па така и среќата, после целосна среќа, се врти кругот, наново и наново ама во глобала ние самите сме мајстори на својата среќа. Ако се опседнуваме со какви- не мисли, како ќе бидиме среќни? На друга рака, ако среќата ја наоѓаме и во ситниците (бубамара, домашно милениче, чорапи, шарени облаци etc), дури и кога сме тажни ќе имаме еден мал, делумно моќен вид на среќа покрај нас. Постојана, движечка среќа. И постојано ќе бидиме среќни. Целосно среќни.
     
    На macence994, vitamina, Osamenadevojka1 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.695
    Пол:
    Женски
    Целосна среќа не постои. Животот има и угорници и удолници. Еднаш ќе се искачиме на врвот, но пред нас има стрмнина со трња по која мора да поминеме. Како ќе ја поминеме зависи од нашето искуство со сличните на неа.
     
    На macence994, vitamina, MiloMalo и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Прво, да се прифатиме себеси онакви какви што сме, второ, да го цениме она што го имаме, трето, да не се оптоваруваме со тоа што го немаме, четврто, да работиме на себе, на усовршување на себе, стремеж кон нови знаења, нови искуства, воведување физичка активност или што и да е што сметаме дека ни е потребно и корисно, петто, да помагаме на некој друг, шесто, да ги исфрлиме негативните мисли и секогаш да ја гледаме светлата страна. Ете ова кај мене е предизвикува среќа, можеби не целосно, секогаш нешто ќе фали, но е сосема доволно за да си го сакам животот и да се заблагодарувам, а не да се жалам.
     
    На toogood и MiloMalo им се допаѓа ова.
  7. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    I dont believe in luck , I believe in hard work ;)
     
    На VladeMila, toogood и MiloMalo им се допаѓа ова.
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Ниту постои целосна среќа ниту има пат до неа.

    Да ги имаше, ќе имаше упатства како да се стигне - два чекора лево, па 10 степени надоле, па две педи десно...

    Не.

    За секого зборот СРЕЌА има различно значење.
    За мене среќа е кога си ги гледам децата како растат и кога можам да им овозможам да си задоволат основни потреби и кога не се болни.

    За должниот среќа се 1 милион евра
    За затвореникот среќа е слободата
    За болниот од рак среќа е да оздрави.

    Значи ако нема точен збор што е среќа, нема ни пат до неа.

    Немојте да се стремите кон префекционизам и ќе бидете среќни.
     
    На attila, VladeMila, macence994 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Секој има различни критериуми за достигнување на апсолутна среќа но некој универзален можда би гласел дека патот до целосната среќа се крие во едноставноста, кога ќе научиш да ги цениш малите работи и да се радуваш на нив ќе ја откриеш вистинската среќа. Алчноста не води никаде а најмалку до целосна среќа. Кога ќе го елиминирате тој сегмент од вашиот ум ќе ја почуствувате вистинската среќа.
     
    На Janina, attila и VladeMila им се допаѓа ова.