После колку време користење забележа промена ? Дека и јас имам користено некое време ама не забележав некое побелување и на кој начин ја употребуваше ? Имам носено протези и на горната и долната вилица и немам никакви остатоци од нив
Ја купив White Glo Professional,веќе ја користам еден месец,при крај ми е и сум многу задоволна морам да кажам освен тоа што ги избелува забите(не премногу,но доволно) многу го освежува здивот и ги чувствувам забите,непцата се' премногу чисти.Дечко ми ја зема после мене и тој е задоволен.
Сеуште не ми е испробана оваа техника од причина што ја открив многу неодамна ама знам дека ќе ми биде прва на листа откако ќе ја извадам протезата. Прво затоа што е многу корисно, второ зошто резултатите се инстант и трето зошто е супер евтино. Упатство: во мала чашка ставете 1/2 лажичка куркума (се продава на мерење во продавниците за здрава храна или на пазар) и промешајте со многу малку вода за да се добие смеса во вид на паста. Соберете ја со четка за заби и четкајте како вообичаено. Имајте во предвид дека се што ќе дојде во допир со оваа паста ќе пожолти освен забите. Видео туторијал на YouTube Куркумата е исто така добра е и за орална хигиена, а не само како избелувач за заби, бидејќи делува против воспаленија во усната празнина со што ги убива штетните микроби спречувајќи распаѓање на забите и болести на непцата. Повеќе може да прочитате овде. Видов дека има и тема на форумов за овој зачин ама штета не е доволно посетена.
Сум пробала со сода бикарбона и со колгејт паста за избелување ама немаше видливи резултати. Навлаки најдобро.
Јас имам бели заби и пред некое време ја купив новата паста на Лакалут-white & repair и сум навистина воодушевена од резултатите,забите ми се кристално бели и помалку чувствителни.
baby-star колку ја зема пастава.. многумина ја фалат и сакам да ја пробам Јас користам каладонт (плавата) и ептен сум задоволна
Ја земав околу 200 денари,преефикасна е,не само што влијае на нијансата на забите,туку и на нивната осетливост со кои порано имав проблеми.
Вака една паста онаа жолтата порано повеќе се користеше е таа паста е супер за побелување на забите. (ИСПРОБАНО) .Исто така помага сода бикарбона со 3% хидроген.А јагодите мене не ми имаат помогнато многу за белеење на забите ,туку за јадење се најдобри
Дали некој што користи сода знае на колку време треба да се мијат забите со сода? Викаат дека и разредувала и не било убаво за забите често..Јас ставам на неделата...
Мајка ми ја користеше пред неколку месеци оваа паста и беше многу задоволна можеш да си ја порачаш од орифлејм ако уште ја има .
Baby star Ти препорачувам пастата Lacalut да ја користиш со четка за заби Lacalut.Ги има три вида,за осетливи непца,збиени заби и нормална, во зависност од тоа која најмногу ти одговара.