Мислам дека сум пишувала и порано за ова, но еве апдејт. Најзадоволна сум од комбинацијата кокосово масло + медицински јаглен. Ефектот не се добива за брзо, меѓутоа колку подолго се третираат забите така, разликата од претходно станува доста повоочлива. Не сум пушач и немам жолти заби, меѓутоа затоа што сум обожавател на кафе и често го консумирам, опседната сум со сјајот и нивната белина па секогаш користам паста со whitening ефект (во моментов Colgate Expert White). Третманот со кокосово масло и медицински јаглен го практикувам три пати неделно, а еднаш месечно ги „светнувам“ забите со сода и лимон. Неодамна го купив и Signal White Now Touch пенкалото, па по потреба го користам и него. Мајка ми вели дека малку фалело да почнам да наликувам на Рос од Пријатели. Епа...пациент сум, што да правам.
хахахах леле, ме изнасмеа со последниов коментар со Рос инаку за медицинскиот јаглен, од кај го купуваш?
@Mishela odamna sakam da zemam jaglen no se plasam da ne ima nekoi posledici. Mozes li da mi ja objasnis postapkta so masloto I jaglen?
Jas imam gledano video i na you tube i imam probano se sto treba e soda bikarbona i limon... stavas od sodata dali vo tacna ili vo nekoja mala caskicka i vrz sodata istisnuvas limon i potoa so cetkata za zabi zimas od toa postapkata e ista kako i so pasta..
Нема последици затоа што не употребуваш абразивни средства (како сода бикарбона на пример). Безбедно е да се користат неколку пати во неделата, а за некои позначајни резултати потребно е да помине подолго време. Тука имам пишувано повеќе за моето искуство, можеш да прочиташ повеќе и за бенефициите кои јагленот ги има и за кожата.
Imas pasta za zabi so aktiven jaglen dontodent vo dm 99 denari i 99 den imas cetka za zabi e ima efekt dobra e po 2 nedeli se gleda razlika za nekolku nijansi se pobeli
@Mishela fala mnogu, no sto ako nesakajki se goltne od toj jaglen, sepak postoi sansa, zatoa mi e strav
Не се секирај, тотално е безопасен затоа што станува збор за медицински јаглен и не му штети на организмот. Напротив, ги апсорбира токсините од организмот, има многу бенефиции така да - навистина немој да се грижиш, смесата е безопасна.
Се работи за силиконски гуми кои од предниот дел на забите има шуплини. Овие силиконски гуми се прават индивидуално за секој, што значи прво мерка треба да се земе од твоите заби и горе и доле а потоа се изработуваат. Заедно со гумите, стоматологот ти дава и шприцови со паста која се додава во тие шуплини. Потоа може да ги носиш и на спиење. Иначе тие гуми се одлични и за оние кои имаат проблеми со бруксизам, односно чкрипење на забите, така да може и понатака да си ги користиш иако веќе си завршила со белеењето. Сите што досега ги користеле имаат позитивно искуство од нив. Секако доколку потоа не ја одржуваш хигиената на забите, повторно ќе дојде до нивна пигментација и враќање во првобитната нијанса. А иначе со овие пасти, забите побелуваат за 3-4 нијанси. Читав погоре за фасетки, тие не се решение за избелување туку се работи за вештачки конструкции кои се цементираат врз забите, за чија изработка е потребно стругање на веќе постоечките заби, минимално од предната страна, но сепак стругање на здрав заб и здрав памет не е баш најпаметна варијанта. Исто така сум многу задоволна од пастите Splat professional, има линија за белеење на забите, и се целосно природни.
Знам за фасетките дека треба стругање, ама моите заби се оштетени/скршени. Половина од нив ми се пломба всушност, и ми е страв дека ако ги обелам пломбата ќе остане потемна а забот посветол и тоа ќе изгледа ужасно. А и ме нервира што се познава моментално до каде е пломбата а до каде е забот. Не знам дали толку млада би било паметно да ставам вештачки заби од друга страна. Во недоумица сум веќе некое време, во врска со ова..
Тоа е веќе друго, во право си дека од авион ќе ти се познава каде е белеено, а каде имаш пломби, пигменти итн. Јас би ти препорачала цирконија да си направиш или пак прес керамика, има таков естетски ефект на гз да паднеш Е сеа се зависи колку ти е длабок џебот, еден заб цирконија ти е од 150 еура па нагоре, и пресот е толку горе доле.
Имаш во ДМ на whitesmile7 , српски се. 1100 денари се мислам. За во аптеките незнам. Побарај на интернет има повеќе за нив
Мишела дали активниот јаглен и кокосовото масло ја оштетуваат глеѓта? Затоа што имам слушано дека производите за белеење ја оштетуваат глеѓта
Кокосовото масло и активниот јаглен не се абразивни продукти како што е содата. Не верувам дека би имале несакан ефект, иако секако не е логично да ги употребуваш на секојдневна база. Неколку пати неделно или месечно, ќе си видиш сама.
Јас сум пробала со сода бикарбона.И ми се избелија колку толку.Но мислам дека не треба да се претерува со содата,толку многу често да се мијат со сода,за да не има проблеми,барем така сум слушнала.