Јас сум презадоволна од смиле дент во центар.ми ги избелија неколку нијанси,докторката срцка цената скоро од пола таа што ја кажуваш.Два дена одиш по ред, и после само се гледаш во огледало
Помага но нема траен ефект. Не сум забележила колку точно, но ете пример ако ги исчеткам со јаглен денес, утре веќе пак ќе бидат како по старо. А дали смее да се користи јагленот за заби секој ден, не сум сигурна
Па од едно користење не е ни возможно да имаш некаков резултат. Треба да помине повеќе време. Јас користам смеса од јаглен и кокосово масло преку неколку дена, потоа наместо со вода ја испирам усната шуплина со 3% хидроген. Забите никогаш не ми биле побели и поблескави од сега. Овој метод го користам редовно повеќе од една година, но секако резултатите се индивидуални зашто сите немаме иста коска и различни заби различно можат да се избелат со ова.
И јас дојдов за Нуа нуа да прашам, ако имате искуство споделете пред да лупнам пари џабе за неа. И за четката се двоумам и за пастата.
Мене не ми е доволно јака, имам чувство дека не освежува толку колку што сакам, па избегнувам да ја употребувам наутро. За навечер или онака во текот на денот ми е супер, а некој посебен ефект со избелувањето не забележувам, ама убаво ги чисти забите. Да имаше појак/полут вкус, ќе беше идеална за мене.
Многу јасно дека се затрчав да ја купам Нуа Нуа пастата. Колку за информација, овие две недели е на акција во ДМ и чини 155 денари. Прво ја погледнав декларацијата и пријатно се изненадив дека активниот јаглен е на прва позиција. Еве ја декларацијата (малку искината е бидејќи кутијата беше залепена со селотејп, нејсе може да се прочита). Целата радосна ја однесов во купатило и таман да се мијам заби ја видов “вистинската декларација”: Како што може да се забележи активниот јаглен е на многу ниска позиција. Сличен е составот и на Донтодент пастата која чини 80-100 денари. Нуе Нуе е грда на вкус но забележав дека убаво ми ги исчисти забите. Не очекувам дека ќе добијам неколку нијанси побели заби бидејќи имам жолта коска и не постои препарат што ми помогнал. Overall, не би ја купила повторно пастава. Ќе си се задржам на нормални, минт пасти.
Ова ја би го вратила и ич уво не би ми чуело. Срамота ејјјј! И би пријавила во инспекција. Како може да се дозволат лажни декларации да ставаат? Кој знае што јадеме и што пиеме!
Лелеее..а баш и јас и се затрчав и бев решена да ја купам. Значи ништо од јагленот во пастава, најдобро во аптека да побарам нешто ... п.с. -Абе, како смеат лажни декларации да ставаат?!?! Значи не е фер, глупаво е! Јас разбирам маркетингшки трик и сето тоа, меѓутоа ова е жално и загреота.
Јас сега истолчив активен јаглен, и со четка убаво го нанесов на забите,и убаво исчеткав. Морам да кажам дека ги чувствувам чисти, и јазичето ми е таму цело време Ќе го користам неколку пати неделно, баш да видам дали ќе ги обелам барем малку
Конечно успеав да стигнам до бели заби и јас инаку ми помогна многу пастата за избелување од тианде, предобра е, Ви ја препорачувам