@Mr. Right јас користам паста после јагленов,иначе го користам веќе една недела и нема некои “wow” резултати,но убаво ги чисти забите можеби треба упорност
Онлајн да го нарачаш беше нешто поефтино, плус до дома ти го носат. Него некој друг да сподели искуство со другите нивни производи? Вака изглеа на океј фирма.
Многу лоша паста, воопшто не го освежува здивот, а избелувачкиот ефект е минимален би рекла. Ако планираш да ја користиш само неа, подобро најди си некоја друга за наутро зашто речиси и да нема вкус на ментол. Јас ја користев само навечер, ама ефектот беше минимален, нешто скроз неприметливо. Чист активен јаглен помешан со кокосово масло мене ми дава мнооогу подобар ефект.
Од Зегин земам капсули активен јаглен, цела кутија со 3-4 ленти е околу 500 денари. Има внатре за долг период. Кога пиев повеќе кафе четкав почесто, сега еднаш до два пати неделно ми е доволно за да ја одржам белината на забите. Не мораш секој ден, нели сè што е претерано не е добро, ма да јагленот не е абразивен како што е содата на пример... Почни со неколку пати неделно, па одреди си сама.
Некое искуство со пастата colgate max white one што ја рекламираат на тв... Стварно ли од првото миенје одма белеат забите? Совет ве молам...
ме интерсира за тие лентите од зегин дали се ефикасни за избелување? дајте нешто ефикасно ако е и поскапо
Јас имам користено Лакалут актив и искрено одма гледав ефект. @Mishela може да ми објасниш како оди тоа со јагленот?Го истураш прашакот па ставаш вода или? Јас едновреме си правев смеса лимон, сода бикарбона и малкј паста.Јесте дека е одвратно ама мене малку од малку ми помагаше.Пијам многу кафиња и доста пушам страв ми е да не ми пожутат
Влажна четка за заби ја брцаш во правот од јагленот и се миеш така. Можеш и да го помешаш јагленот со малку кокосово масло па да добиеш паста за избелување. Дискутиравме за целата постапка тука во оваа тема: https://forum.femina.mk/threads/Медицински-јаглен-состојка-за-нега-на-кожата.27204/
@Mishela мислам дека подобро е со кокосово помешан, како што читав на интернет се оштетуваат забите ако е како пилинг. Можам да пробам така, пастите не ми се покажаа ефикасни, само гледам кокосовото повеќе од пола тегла со еден месец истечен рок. За косата ќе оди, ќе купам ново за оваа намена.
Така е, забите можат да се оштетат од било какви грануларни продукти ако се форсира со притисокот и со секојдневната употреба, па пожелно е да се внимава како со јагленот, така и со сите други средства за избелување кои ги приготвуваме во домашни услови. Барем неколку денови растојание треба да поминат од еден до друг „третман“. Јас порано пиев многу повеќе кафе и почесто го употребував јагленот, можеби преку два дена, а на стоматолог добив препорака за секојдневно испирање да користам хидроген за орална употреба (3%), а јагленот еднаш на секои 5-6 дена. Забите ми се сосема во ред, но се држам до препораката. Мене многу полесно ми е кога смесата ми е како паста и не морам да го „бркам“ јагленот со четката. Со маслото баш се добива некоја паста, многу полесно е за работа.
Имаше туторијал на youtube може сте го гледале: Девојката на сребрена фолија (онаа за готвење) стави паста за заби и сода бикарбона, ја оформи фолијата према вилицата (и на горната и на долната) и ја стави на забите (убаво ги обвитка). Да постои 10-тина минути. Еднаш во неделата ваков третман ги белеел забите. Нормално, ако се пожолтени од храна или цигари. Ако имаш жолта коска, тогаш нема спас.
Многу е толку сода за во еден месец, многу е агресивна со забите за толку честа употреба. Јас би го измодифицирала ова со медицински јаглен и кокосово масло, па после тоа да се измие убаво со паста. Он може да се употребува почесто а и поефикасен е од содата.
Да. Преагресивно е. Имам читано дека содата ја поткопува забната глеѓ.Незнам колку е точно еве @Annath може да ни каже