Па не знам колку ми зимаат за шишање зошто јас зимам пакет за фарбање и шишање 690 денари, со нивна фарба, понекогаш може и да ме исфенираат и тоа да спаѓа во оваа цена. Одам кај една жена во Драчево по препорака на другарка и многу ми се погоди,работи дома. А шишањето ми зависи колку сакам да ја шишам, тоа најчесто е само врвови.
Немам пронајдено подобар шампон за волумен од овој. Со години барам. И не знам зошто барам.. најверојатно дека е малку поскап. Исто така најсигурно решение за волумен се оние поголемите витлери за коса. После измиена и подисушена коса што се стават и се досушува со фен со сѐ витлери. Ама кој има време секој ден за тоа? Сакам да пробам со степен шишање за да добијам на волумен. -Дали вреди да ризикувам!? Премногу коса ми испопаѓа оваа есен/зима, мислам оти без коса ке останам веке. Нема спас.
Јас само со витлери добивам поголем волумен, ја мијам, ја фенирам и ставам витлери преспивам со нив, утредента ја чешлам и тоа е тоа.
Степенасто шишање, фенирање со четка а не пеглање, или сушење на косата превртена надолу. Но пак, сите овие нешта помагаат само делумно, ако некој има многу ретка и тенка коса. Лично мислам дека на тие што имаат ретка коса подобро им стои пократка коса.
Купив пена за волумен на коса од Балеа, леле туго, уште повеќе ми ја сплескува косата и ни В од волумен џабе фрлени пари. Пишува дека се става на влажна коса, ама ми ја мрси стартно и ми ја сплескува.
Препорачајте ми производ за поголем волумен, само не од тие пудрите на Тафт и Балеа, ми ја слепуваат многу косата. Нешто од што сте задоволни но да не ја масти косата. И по можност во ДМ да го има
@lusii Овој го фалат и користат, околу мене. Јас го земав , еднаш се шприцнав ама сфатив дека немам потреба. Не дошло ред, пак да го искористам, ама го фалат доста.