Одамна престанав со диетата и нормално се хранам сега. Знам дека заради тоа почна толку нагло да ми паѓа косата, а потоа дојде и есента - период во кој на сите им опаѓа. Сега се среди тоа, но нема волумен ниту сјај косата.
Ако се користи само спрејот од авон за волумен на косата (Advance Techniques Volumising Spray Gel) , без употреба на шампонот и регенераторот, дава некакви ефекти? Спојлер едит ~ На мокра коса се прска нели?
Овде можете да видите како да направите вашата коса да има поголем волумен многу е интересно а и не е тешко воопшто поздрав http://www.youtube.com/watch?v=7R8stbKk ... ature=fvwp
Вака косата ми е многу безживотна и дури и откако ке ја измијам е залепена за главата.Мразам ваква коса па ако може некој да ми препорача некое средство за волумен на косата што е ефективно.
^ Ќе си ја купиш пенава за коса на Тафт и ќе нанесуваш на мокра коса, по цела должина на косата, откако ќе ја исушиш ќе добиеш некој волумен Мене ми е супер, ептен сум задоволна од пенава
Како до поголем волумен на косата ? Како да ја згустам косата ? Што вие користите што навистина ви помогналоо ? Имам убава права мека долга коса но сакам повеќе волумен.Помошшш
Како до по голем волумен на косата ? Јас ги користам овие два производи за волумен. Засега добро се покажале
Како до по голем волумен на косата ? ова нивеа волуме од кај го купуваш и колку пари е ? на водена коса се нанесува ?
Како до по голем волумен на косата ? Јас на сува коса го нанесувам, претежно го користам кога правам коњсо опавче па сакам да не биде косата залепена, да има малку повеќе волумен, инаку можеш да го користиш и на целата коса. Го купувам од една маалска продавница, мислам дека го има и во супер тинекс.
јас користам Wash&Go и многу сум задоволна. Користев таков наменет за волумен имаше некој ефект но не онолку колку што сакам
Покрај шампоните што се користат за волумен мене многу ми помага кога ќе ја наведнам главата надоле и така ќе ја исфенирам..после кога ќе ја кренам целата е бујна со многу волумен па само ја чешлам да не делува како тапирана,иначе ептен дава волумен тоа!
порано користев Sunsilk крема за волумен и бев задоволна но ја снема а нешто слично во продажба нема, така сега користам оваа пена: изненадена сум колку ми се погоди порано пена не доаѓаше во обзир но оваа е супер. пената ја нанесуваш на мокра коса ? и потоа ја сушиш така ? колку пари е оваа пена ?
исто и јас користев sunsilk, и многу ми е криво што исчезнаа од пазарот, а уште се произведуваат!! (од Полска, една другарка ми донесе пред некој месец за кафеава коса и каков сјај и волумен имав...не можам да опишам) И по фризернициве имаат професионални средства за коса, кои се ефикасни, а ги нема во малопродажба, па така може да се побара нешто кај нив...
Вчера го купив овај шампон ама за оштетена коса некој ги фалат некој не а и добра реклама имат на тв задоволна си?позз
Го користам од Авон Advantise Tehnique ,,мислам така дака се викаше , со лилјакови линии..ама нешто како да не помага многу :/
Пробај со шампонот Wash and go...јас имам многу волумен во коста и кога го користев шампонов имав уште повеќе па престанав
Косата ќе ја сушиш со фен и ќе ја наведнеш главата.Исуши ја целосно и крени ја главата косата префрли ја наназад. Пробај шампони за волумен ( Wash and go би ти го препорачала) и во никој случај немој да ја пеглаш косата зошто така изгледа уште помрсна и послепскана, виткај ја или носи ја брановидна