Како се нанесува белката ........ колку време е потребно да стои на косата? Те молам дај ни малку повеќе информации Поздравче!
Јас кога ставав порано, пред да ја измијам косата, нанесував цело јајце и така да седи 15-тина минути. Ама немаше некои резултати, освен што од јајцето малку лошо мириса косата
Значи треба само белката од јајцето затоа што има протеини и ја збогатува косата со потребни состојки и ја прави со поголем волумен. Се става едно 10 минути пред да се измие косата, да се трие темелно до коренот да дојде белката и да се остави да стои едно 7-8 минути и потоа да се измие само со вода, ништо друго. За подобар мирис користете некој лак што не ја стврднува косата. со шампон ако ја миете целата белка ќе ја измиете и ефект ќе нема.
Незнам дали претходно е пишувано за овој производ. Се работи за Taft instant volume powder. Значи, пудата во прав се нанесува на сува коса и потоа се обликува. Наменета е за зголемување на волуменот. Јас го нанесувам кога косата ми е исфенирана, нанесувам малку на коренот и потоа ја обликувам со раце. Навистина станува побујна. Исто така е спас и за масна коса ако немате време да ја измите. Иако пудрата е бела, но воопшто не се приметува на косата (јас имам дури црна коса). Го има по маркетите.
Јас прашував на 7ма страница, ама веќе го купив. Не се познава белата пудра (многу е ситна, не е како бебешките пудри) и дава волумен. Корисен и како сув шампон. Но, има ефект на ГЕЛ. Значи, ја зацврстува косата. Е, тоа не ми се допадна...
Ако сакате бујна коса ви го препорачувам шампонот од Loreal Elseve за волумен на косата. Исто така јас одкако ќе ја измијам ставам пена од Taft и ја сушам убаво со фем и тоа ми помага.
Јас баш ја гледав во јуник и се мислев,прашав претходно тука,ама не добив некој одговор.Кажи ми се губи после белото? Зошто јас имам црна коса и многу ме нервира така како првут да ми се познава,а шампони не сакам за волумен зошто цела коса ќе биде како бујна,јас баш само коренот сакам некогаш кога одам негде да ја подигнам малку,ама не ми успева дека имам тешка коса,па ме интересира ова пудрава многу. Мајка ми ми кажа дека уште во нејзино време се користело,баш имала користено,и баш делувало за волумен.
Јас си имам проблем со овој волумен, кога ќе се избањам косата ми е чудо, а недај боже уште фенот да го пуштам и да ја издувам ќе бидам како од хорор филм. Имам една другарка таа воопшто нема волумен, кога ќе се избања ја суши со фен ја расчешлува и така во текот на денот и е побујна.
Не се познава бело воопшто, затоа што не е како бебешка пудра, многу поситна пудра е и си впива некако. Само што остава ефект на гел - ја зацврстува косата како гел да имаш ставено на глава. Дали некој има пробано спреј за волумен од Лореал (Од лилавиот). Околу 260 ден. е, има околу 200мл. дали ја слепува косата како гел?
Бидејќи гледам има интерес за пудрава на Тафт, морам да докажам дека сепак не е чудотворна. Се согласувам со Грл дека има ефект на гел или лак, неможам да дефинирам. Денес на пример претерав малку во ставањето и иако убаво изгледаше имав чувство како да имам перика на главата. Сепак мене најмногу ми врши работа кога немам време за миење на косата, односно како сув шампон.
За повеќе волумен, доколку косата ја пеглаш не ја пеглај надоле кон ремениците, туку над главата.Истото важи и доколку се фенираш. Доколку косата ја виткаш, не ја миј косата додека се тушираш, туку посебно, наведната во кадата или туш кабината за потоа од кога ќе ја исушиш и извиткаш ќе има повеќе волумен.
Ова е добро,или пак наведни ја главата надолу и суши ја косата,но сепак пред тоа користи соодветен шампон и некоја маска не е на одмет
Ова можеш да го сториш и со пудра во прав за бебиња,за да не ти биде мрсна косата и мал волумен,а онаа наменската се знае е подобро решение
Незнам за вас, ама јас одкога почнав да користам шампон и регенератор Wash and go од коприва косата ми добива неверојатен волумен !
Ништо од ова не ми се прави, за волумен јас лично само тапирање практикувам. Но не вакво Спојлер туку ваква, подискретно, колку да не е од крава залижана Спојлер
Јас пред 1 2 години го користев шампонот wash & go и беше неверојатен! пред една недела си го купив пак и кога се избањав ке умрев.. косата ми беше сплескана како и секојпат и наелектризирана до бескрај, а можеби е и од бадемовото масло, незнам.. сега како да се справам со наелектризираната коса, јас два шампоне купив сега неможам пак да купувам ??