Имам права, многу густа коса со природен волумен кој сакам дополнително да го истакнам. Користам пена за коса а потоа ја сушам со фен но со главата надолу. Ова во голема мера ми го зголемува волуменот.
Дали помага пудрата за волумен на Балеа? Косата ми е густа и долга, па ми се сплескува на горниот дел.
За пудрата навистина не знам затоа што не сум ја користела, меѓутоа Балеа има спреј за волумен (не таков за фиксирање, туку обичен кој се прска на косата пред да се фенираш). Јас го користев при фенирање затоа што имам тенко влакно и ми требаат вакви препарати за волумен за да не ми изгледа сплескано косата кај корените. Ми се допаѓа каков ефект добивав. Имам користено пудра за волумен од Тафт, ми се допадна ама мислам дека ја има истата функција како и сувиот шампон.
Ја купив пудрата за волумен на Балеа и кога и да ја ставам многу лошо изгледа. На допир е како лак за коса во прав. Има некаков трик за користење? Јас ја ставам на дланка и после масирам во корените.
Jaс би ти препорачала да ставиш на чешелот така малце пудра и да се чешлаш така па може би ќе ти се допадне,јас користев бебешка пудра за волумен и така ја нанесував.
Последниот обид ќе ми биде таков. Проблемот со ова е што лепи, буквално како со лак за коса. Знам и Тафт дека имаат сличен произвоид на ова, па ако може да ми лаже некоја дали и тој е ваков.
Како на друг начин ги викаат волумен стајлерите? Како пегла за коса само што не се рамни за пеглање него како тостер?? И каде има?
И јас имам ептен густа, ама горе сепак ми е сплескана Дали дека тежи дека цела ми е долга и сплескува... Ептен ти е убава горе, сакам и јас вака Пократка ти е горе, имаш шишки, или иста должина ти е цела?
Степенасто сум шишана. Ма да ова е пред месец дена. Инаку малку фен дома да и удрам сама ќе се волуменизира, а со пегла спласнува и по два дена мрсна. Затоа избегнувам пегла освен за свадби и др.свечености. Немам шишки бидејќи имам мало чело. Сега ми е до гради речиси,брзо ми порасна. Инаку овде сум тазе фарбана и бојава е сон, барем го нема оној плав подтон кај црните нијанси. @mariz ако ја чешлаш после миење додека е мокра, престани да го правиш тоа. Исуши ја, па после удри и со четка фенирање кратко и тоа е тоа.
Оф секогаш по миење ја чешлам, многу ми е долга + третирана, ако не ја исчешлам мокра со спреј за расчешлување, мислам сува нема шанса да успеам. Обавезно ја чешлам мокра ако ја фенирам за права или да направам локни со пегла. Ни виткана ни права ми е, вака еве ја природна ни фен ни ништо сама исушена... ова е 2ч по миење и веќе горе сплеснато, те ја фрлам лево, те десно за да има волумен Ваљда и таква форма глава имам... Освен тапирано, горе волумен никако неможам да добијам.. порано повиткана беше, ама пегла игра често, па не се витка сама баш.. Инаку ептен сум за шишање, наредна нед одам да ја шишнам малку. Спојлер
Може игра улога и шампонот. И спрејот за расчешлување. Гледам дека горе е ретка а потоа баеги густа ама и сува ти е. Пробај да смениш шампон кој ќе ја волуменизира или барем два пати да ја шампонираш убаво на коренот нежно. Мојава ми спласнува вака кога е мрсна само. А инаку баш ми се допаѓа должината и некој вид на локни, не е скроз права. Си бара нега косата. Овде сама ја стилизирам, ден после миење, сушење и чешлање. @mariz Спојлер