Ја отварам оваа тема со цел да го вратиме здравиот изглед на нашата фарбана коса. Имам читано за доста маски и средства за ваков проблем, па решив да споделам со Вас, а и Вие доколку знаете нешто за да и помогнеме на нашата коса.
Еве мене ми е долга, а фарбана косата. Не е нешто многу здрава зошто треба да ја шишнам, ама тоа е само на врвовите. Кога ми е свежо фарбана ми е сјајна (зависи и од бојата), а после нели се бледи бојата и не може да се очекува како на тв рекламите да биде. Ја фарбам во коренот, ама на пр. секое 3то фарбање (пр. кажувам не ми е правило) ја фарбам цела за изедначување и да добие сјај. Според мене треба да се користи шампон што знае да направи убава пена и да ја измие косата темелно. Потоа треба да се стави регенератор, обавезно. Пожелно е од време на време да се става маска (купена ставам), а уште подобро и ако знаете да си направите сами дома без хемикалии. И да, треба да се шишнува косата на секои 2-3 месеци според мене, само по некој сантим кај што е испуканото и расцветаното и побрзо расте. Не е некоја филозофија, ама треба време косата да се навикне и да се опорави. Барем кај мене требаше, ама се исплатеше.
Не се фарбам, не се пеглам, ама косата ми се расцветува и никако да ја пуштам долга да ми порасне. Ја кратам на 2-3 месеци, а ќе се фарбам кога ќе имам бели влакна, инаку вака не. Не сакам на 50 год на имам 5 влакна на глава.
Јас мојата коса ја фарбам повеќе од 5 години и сум ги пробала скоро сите нијанси на светла и темна боја за коса.Косата многу брзо ми расте - немам никаков проблем околу тоа.Не ја шишам многу често - до 3 пати најмногу годишно.Косата е најсјајна кога е најтазе фарбана,но колку почесто се мие бојата опаѓа и нормално е да се губи сјајот нели.Од Oriflame има едни капки за посветла и потемна коса и се наменети баш за сјај на косата тие исто така би помогнале колку - толку.Друго што е битно е да не се фарба косата почесто од 2.5 недели зошто ако се фарба почесто хидрогенот го гори влакното и косата ќе ни стане како на матла.Јас никогаш не ја фарбам косата кога одам на одмор,сум приметила и дека сонцето знае да ми ја изгори косата,па затоа си ја оставам за фарбање од кога ќе се вратам од одмор. Многу битно е и со каков шампон ја миеме.Мене најмногу ми одговараат шампоните од Avon (зелениот шампон 2 во 1 заедно со зелените силиконски капки) или приближно како нив шампоните на Oriflame (жолтиот шампон во истата колекција има жолти силиконски капки) .Одбегнувам колку што е можно повеќе да не ја сушам со фен или да ја пеглам со преса зошто и тоа го гори влакното.Сега најново што видов во каталогот на Avon има и еден серум што се нанесува за заштита на косата пред да се пегламе па планирам и тој да го пробам.
Јас исто така ја фарбам 5 години и скоро сите нијанси ги имам пробано. Почнав последни два месеци со к'на да ја правам косата (еднаш месечно со фарба). Ми беше како метла бидејќи ми беше правена со бланш од пред тоа и морав поголемиот дел од неа да ја шишам. Е сега, имам коса долга до гради, но сакам уште подолга. Правам домашни маски за раст на косата и на некој начин забрзан ми е раст. Шампоните ги менувам не користам подолго време еден ист затоа што по долго користење косата ми го навикнува шампонот и не ми игра никаква улога. Користам маска од Genera (оризово масло и шеа). Користам и природни масла за зајакнување, сјај, против првут и навистина делува и сум презадоволна. Не ја пеглам косата скоро 2 години бидејки имам проблеми. Ако сакате да дознаете за некои масла и домашни маски наменети за било што во врска со косата слободно пишете. Како и да е, бидејќи сум опседната со мојата коса, барам ако знаете и некои други совети. Еден совет од мене, при ставање на фарба додадете малку бадемово масло, и хидрогенот нема многу да ја изгори косата.
Исто така ме интересира која фарба користите? Мојата природна боја на коса е темно кафеава, јас ја фарбам црно, меѓутоа со тек на време избледува и ми добива црвенкаст сјај кој ужасно ме нервира, па сакам да прашам од која фирма купувате.. Јас користев од Garnier, Schwarzkopf ама.....
Каква црна користиш , обична или црно-теѓет? Пробај ја од Лонда многу ја фалат на форумов. Јас бев 7 год црнокоса па многу бев задоволна од палете делукс но ми ја гореше многу кожата на главата.
само редовна и правила нега,потхранување,сонце и хидратација... и битното фарби кои не ја сушат како палете(безживотна е косата)...
Некаде по нетов прочитав во шампонот да растворите еден аспирин. Тоа и давало на косата сјај, и правело полесно да се исчисти вишокот на фарба, а после тоа косата ја правело сјајна, па сакам да пробам..
5 ампули Б-комплекс во шампон од 400мл. или 2-3 во шампон од 250мл. Со една течност растворете ги сите ампули и ставете ги во шампонот. Убаво протресете. Кога ке нанесете од шампонот оставете да делува некоја минутка и исплакнете. После тоа слободно нанесете си балсам или маска зависи што користите. Бојата на шампонот ако е бел ке се обои во жолта и има ептен слаб мирис на медикаменти. Во секој случај со малку балсам после тоа ништо не се осеќа, а косата ке ви биде поцврста, посјајна и побрзо расте. Ампулите можете да си ги купите во било која аптека. Околу 30ден е една ампула. Би препорачала да користите месец до два па да направите исто толку пауза...
Јас вчера за прв пат се фарбав на фризер. Ме фарбаше со олаплекс (olaplex). Тоа ти е нешто по што сите полудеа низ светот затоа што со него хидрогенот не ја гори косата. Значи тоа што е оштетено не го поправа ама нема дополнително да ти ја оштети туку после фарбањето косата ќе биде исто оштетена како пред да биде фарбана. И навистина е така.
Јас ставам во шампон апчиња Аспирин , ампули ( во аптеката шти ги земам аптекарката ми препорача ампула во која ги има сите витамини) и не ми е оштетена косата , само мал дел имам од останатото фарбано ,околу 7-8 см и тоа не е оштетено