Тоа со 1000000 стомачни дневно е глупост. Ако правите стомачни точно дека ќе ги зајакнете ама нема да го изгорите салото над нив! А тоа сало е причината поради која стомакот е нерамен, не недостатокот на стомачни! Салото ќе се изгори со диета (правилна исхрана, многу вода, многу протеини, минимално внесување сол...), вежбање со тежини и кардио тренинг. Важно е кардио тренингот да трае 20-40 минути бидејќи дури над 20та минута активност започнуваат да се согоруваат масти.
Џабе ви се стомачните..... ќе спортувате скијање во зима и пливање во лето и ќе пиете 2 литри вода дневно ... ова најуспешно е
Tocno e toa deka 1000000 stomacni dnevno e glupost,ako gi pravat niv ke go zajaknat stomakot,no za da se izgori masnoto tkivo,treba da se ima dneven deficit na kalorii,znaci da se trosat povekje,odosto se vnesuvaat,NO,no nie ovde ne zborime za visok na masti,tuku zborime za obduenost kaj stomakot,i greska si,stomakot e neramen kaj nekoi radi visikot masti,no isto taka kaj povekjeto slucai se raboti za neramen stomak zaradi popustanjeto na stomacnite muskuli,i sea za tie da se vratat u normalna polozba,treba da se zacvrstuvaat,znaci obduenosta na stomakot ne se javuva radi visokot masti,tuku se javuva radi nekoi drugi pricini,kako sto se cesti prejaduvanja,mal broj na obroci vo tekot na denot,no kolicinski mnogu hrana i sl.
Да прашам, појасот за стомак што е, помага ли? Додека трчаме,вежбаме,побрзо да се стопат масните наслаги? Едни викаат полошо било,други подобро...
Јас поголем проблем имам со страничните стомачни мускули, меѓунас кажано, спојлери, ќе пукнам колку ме нервираат, нив КАКО да ги немам???
Со аеробен тренинг, џогинг, таебо, зумба (по избор), правилна исхрана и нормално вежби за стомачни мускули. Имаш од лежечка положба како и од вратило и најубаво е да ги комбинираш двете. Имаш многу убави теми за ова на форумов па прочитај ги и ако нешто не е јасно прашај .
Прави стомачни секој ден, а и многу помага ако рипаш на јаже. Јас секој ден рипам барем по 1 час, и за 4 дена стомакот визуелно ми се намали, а вагата покажуваше еден килограм помалку. Пробај со странични, на почетокот прави по 100 на секоја нога, воопшто не се тешки и може да ги правиш додека гледаш некој филм, а помагаат.
Јас од стомак како на трудна жена буквално,дојдов до рамен стомак и + стомачи.А сето тоа го постигнав на следниот начин: Лев НЕ,благо НЕ.Тоа е најосновното за топење на масните наслаги кои што се околу стомакот. Вода ОБАВЕЗНО по 2 ЛИТРИ на ден,отпрвин се чувствувам премногу подуено и многу ми се дуеше стомакот и си велев што лажат овие мене уште толку ми се дуе стомакот но по неполна недела забележав дека тоа е вистина. Исто така треба да се јаде 5 пати на ден по мали оброци поточно,доручек,ручек,вечера да има јадењето до 500 калории и меѓуоброци да имаат по 250 калории најмногу. И секако вежби барем додека не ти се намали стомачето,али потоа па ќе ти стани и навика ас правам секој ден 500 или 1000 вежби на сабајле зависи од расположението и исто толку навечер,порано неможев ни 5 да направам ама сега ми стана навика и искрено се чувствувам исполнето обожавам да правам стомачни,и сто е најважно не само еден тим на стомачни вежби,треба да се менуваат јас правам 5 тима на стомачни кои што се најефкасни препорачани од аеробик инструкторот,и со самото менување на вежбите нема ни да осетиш колку си направил дури ќе си речеш "abre aman koga bese".А и ќе заборавев и мрсна храна бидеќи маснотиите најмногу се собираат во стомакот . Јас сега во последно воопшто не внимавав во исхраната незнам што ми стана си јадев кифлички,пици,мрсна храна,блахо и гледам стомачето ми се подуло,треба сепак да се внимава за тоа. Извинете за поголемкава порака,но сакам да ви помогнам колку толку,а да и ќе заборавев трчањето ите како помага за рамен стомак. Ако се сака се се може,немате појма само колку е поубаво кога ќе одиш и кога стомакот нема да ти се тресе или кога ќе седеш или пак кога ќе трчаш.Тие што си имаат рамно стомаче си знаат.
е вака прашањево не да не е соодветно за темава ама ај пошо не морам да отварам нова тема а оваа ми се виде нешто приближно . Имам прилично рамен и затегнат стомак ама имам едно проблемче ми се познаваат линии странично нешто вака како кај типов е сеа не се толку нагласени како кај него ама се познаваат и не ми се свиѓа како изгледа кај женско можда сум мрдната ама мене не ми се свиѓа вака и сеа ме занима дали може некако да се намалат да не се гледаат толку.
^ Да, да и мене ваквите ми се познаваат и незнам како да ги намалам. А и јас никако да си го намалам стомаков. Сучка жива сум, скоро 50 кила имам, ноџенцава ко стапчиња ми се ама во последно време се здебелив неколку килца (необично за мене) ама сето тоа ми отиде во стомакот. И колку и да вежбам, значи и на тренинг правам стомачни и за горни и за долни стомачни и дома правам по неколку и има периоди кога малку ќе ми се намали стомакот ама пак не ми е рамен. А еве го сега пак ми е надуен целиот, а леб јадам многу малку. Единствено јадам благо, ама не јадам по цели чоколади туку ситни чоколатца, крембанани.. што да правам, морам. И.. како да си го намалам стомаков?
Леле ова е мојот вечен проблем Абе се е џабе ако немаш посебен режим на исхрана ( повеќе мали оброци во текот на денот како и одбегнување на нездрава храна ), пиење на вода и секако вежбање... значи цел живот кукам како стомакот ми е ваков и онаков, ама ништо од ова што го наведов не практикувам. Летово вежбав Tae Bo и одма си забележав резултати, ама беше краткотрајна мојата "упорност" ... ама морам да го средам до летооо
Лесна храна во комбинација со правилно вежбање. Вежбите не е битно само да се прават, туку правилно да се прават. Истото вклучува и правилно дишење. Јас веќе две недели вежбам секој ден по половина час интензивно стомачни вежби, вежби за рацете и вежби за зацврстување на рацете и градите. По вториот ден веќе се чувствува дека мускулите ви се активираат. По 21 ден ќе имате слаби, но видливи резултати. Мал поттик за понатамошна реализација. http://www.youtube.com/watch?v=-m99cLoKpQU http://www.youtube.com/watch?v=NIECsEaH ... re=related
Да се надоврзам на постов погоре, тоа е недостатокот при вежбањето дома, не знаеш дали ги вежбаш правилно, па ако не се вежба правилно можда и резултатие ќе бидат послаби и плус можеш да искривиш и 'рбет и др. Затоа кога ќе вежбате дома, а не сте во група со трењер да ве поправа и потпомага, прајте ги пред огледало за да се гледате колку толку како и што правите.
Тоа е маана на вежбањето дома. Но голема предност е тоа што колку сакаш вежбаш, во било кој дел од денот и плус тоа ставаш акцент на деловите од телото кои што сакаш да ги ослабнеш и зацврстиш. И секако техно во позадина ради дополнување.
Најбитна е исхраната која треба да содржи мал процент на масти и доволно јагленохидрати и протеини. Вежбање на орбитрек,трчање,степер,возење точак.Што ви е полесно тоа,најмалку 20 минути за да има ефект вежбањето. Вакво нешто пред или после вежбање на сите вежби за тело вклучувајќи ги и тие за стомак. Резултатите не ви бегаат,само треба упорност.
Кардио тренингот и фитнес тренигот не мора да се во исто време, може сабајле кардио а попладне фитнес или да бидат во различни денови, секоја комбинација е можна. Некоја ќе даде побрз некоја побавен резултат ама секоја ќе даде резултат . Може и да не се внимава многу на диета ама тогаш мора да се согорат повеќе калории одошто се внесени што за многу девојки би значело тежок и напорен тренинг кој многу нема да го издржат. Затоа е најубаво како што кажа Ema.Sk со правилна диета резултатите и со благ но редовен тренинг нема да изостанат .
Kade se kupuvaat onie raboti za fitnes ako moze da mi kazete??? [mod-kirilica3l26fgm][/mod-kirilica3l26fgm]
Тука има многу теми отворено за тоа како најбрзо да се затегне стомакот,односно стомачните мускули.Дали можете да ми кажете кои се најефикасни вежби,зошто подолго време имам проблем само со стомакот а незнам поконкретно кои вежби да ги вежбам за побрзо отстранување на масните наслаги
Нема најефикасни вежби има ефикасно вежбање . Вежби за стомачни има премногу од најлесни до потешки, одбери неколку што ти се свиѓаат и прави ги во комбинација да речеме три серии по 20 повторувања а може и на време да вежбаш, од тебе зависи и колку си во моментов спремна/спремен. Погледни на Јутјуб неколку видеа (има многу) одбери едно што ти е ок и почни да го вежбаш секој втор ден а понатаму ако ти одговара можеш и секој ден. Ако треба и масно ткиво да симнеш тогаш ќе мора и кардио тренинг како и да пазиш на исхрана . Можеш да се пријавиш на темава секако ќе има добри совети и интересни вежби и искуства: fitnes/fitnes-predizvici-t10308/