Девојки ке можете ли да ми дадете совет, како кога ја врзувате вашата коса во високо коњско опавче, дали користете некој препарат, крема или нешто слично, за да ја замазнете и да не ви се разлетува напред? Како на сликава: Спојлер
Jaс ја пеглам косата пред да си направам коњско опавче, потоа користам малку гел кој го нанесувам на горниот слој на коса од страните над челото, ја врзувам косата и не е разлетана.. Доколку се уште имам разлетани влакненца прснувам малку лак
Ако сакаш како на сликата ќе му ставиш гел за коса и со чешел ќе ја изчешлаш и ќе си ја врзиш со стегаче.
^^ можеш да си ставеш и восок за коса, подобро е од гел, бидејќи нема да ти ја стврдни многу косата како гелот, а и со восокот ќе ти биде мазна и нема да ти се разлетува.
Испеглај ја(ако природно не ти е права,па дури и тогаш можеш малку да ја фатиш со пеглата колку да изгледа права).....и направи го опавчето.,а потоа земи четка за миење заби,стави мн.малку гел на неа за да не изгледа мрсна косата и чешлај од челото кон опавчето....се надевам ме разбра,ако објаснив убаво...
И мене ми се разлетува, па си ставам лак за коса на чешелот и потоа пред да ја соберам и ставам и малку гел
Јас си имам проблем позади, секогаш ми се опушта, под репот, ако ме сфаќате Не ми е разлетана, не ни сакам да ми е онака замазнета, ама таму не можам убаво да ја фатам А не ми е кратка. Инаку најлесно ми е да легнам на кревет, да ми виси надоле косата, ја чешлам и ја собирам. Само ако ја фатам скроз горе, обавезно ме боли главата од што ми е ептен стегната, така да избегнувам ако треба да ми стои подолго време собрана.
^ И на сестра ми и се прави вака и освен шнолички (од тие најобичните, црните или пак од оние ''вошки'' ги викаат), ништо друго не помага.
Мене ми помага, откако ќе ја соберам косата високо, а напред залижана целата, да и ставам малку обичен крем за раце (јас користам Бекутан). Значи не многу ептен малку за да не лета. Ама ова го правам САМО кога косата ми е мрсна, и морам да ја соберам во опавче. Инаку си користам гел или шнолички, од оние тенките црни.
Кога ја носам косата во коњско опавче преку ден понекогаш ставам гел,а некогаш и не. За навечер повеќе сакам да ја фатам обично со ластиче и после да извадам еден прамен од доле и да го вртам околу ластичето,па на крај го закачувам со сламка. Изгледа многу елегантно,нешто вака:
Тоа можеби е затоа што имаш тешка коса (ако имаш ) Мојата така паѓа но мене не ми се потребни шнолички туку два стегачиња и тогаш не паѓа
Meне косата ми е виткана, па затоа прво ја пеглам и после со помош на чешел убаво ја собирам полека полека и ја собирам се додека не постигнам совршенство, хаха некогаш се мачам малку ама вреде.
Јас пред да ја фатам, прво ја пеглам убаво. После ја чешлам, па ја фаќам. Со тенок чешел повторно ја чешлам, за да се израмни, да не ми штрчи. После тоа, на репчето му ставам силиконски капки, за да ми се смири косата, да не ми биде разлетана.
Главата ја преметкаш надоле и почнуваш да ја замазнуваш косата од тилот кон горниот дел од главата. Се исправуваш, убаво ги израмнуваш деловите од косата и ја стегнуваш со ластиче. Природно и совршено, според мене.
Мене најубаво ми стои кога ми е мрсна косата , ја врзувам и горе останва мазна и светкава , потоа ( бидејќи ми е малку природно со благи локни ) земам преса и ги пеглам опашките , убаво изгледаа А за уште по убаво да изгледа земам дел од косата и замотувам околу стегачот и прецврстувам со шнолка
Гледам сите користите гел или восок, само јас ли користам силиконски капки? После фенирањето или пеглањето, убаво ја чешлам со густ чешел, а откако ќе ја врзам со стегач, бебешките влакна што се разлетани, ги скротувам со силиконски капки. Избегнувам да ставам гел или лак, затоа што не сакам кога косата ми е крута.
Незнам зошто се трудите мазно да ви биде "коњското опавче". Јаспак ќе говрзам и си го носам така неуредно баш поубаво ми личи а така замазнето како да ме лижела крава ете така личам.
Какви силиконски капки ставаш? Јас практикувам фатена коса во коњско опавче кога ми е мрсна косата за да не ставам гелови и лакови и такви слични продукти. Обично од гелот ме чеша главата, а со силиконски немам пробано