јас користам шампон со к`на и ореово масло и дава прекрасен сјај на косата потрудете се да најдете производ што ги содржи овие две работи. неможам да ви препорачам јас зошто шампонот што го користам го купувам од странство го нема кај нас . поздрав
Пробајте го ова - Пред миење косата намачкајте ја со оцет и нека стои така завиткана 20-30 минути Кога ќе ја плакнете косата последниот пат нека биде ладна водата Косата има поголем сјај и полесно се обликува и без грижи косата Не мириса на оцет после овој тертман
Ја го пробав ова со оцет и покрај добро плакнење ми мирисаше по малце, али следниот ден више не, има стварно ефект, али јас сакам кога убаво ми мириса косата
Elselve шампонот на Лореал и дава многу убав сјај на косата ,ептен убава ја прави, само што многу брзо се мрси од него, барем мене ми беше вака
Јас ставам јајце, масло чичково и ореово, лимон, маски за коса задолжително, шампон на Ревлон, силиконски капки, а се фарбам од дете и тоа на 3 недели, а косата ми е сјајна и здрава... умре циганката што ме фалеше, па малце сама себе да си се пофалам Пробај со маска од лимон и јајце ако имаш мрсна коса, ако ти е сува мајонез
Јас користам Orzene(од пиво) шампон и регенератор,не ја сушам со фен,и супер ми е косата,сјајна и мека.
Јас го имам плавото за волумен што е, и за нигде е. Ја лепи косата и ја мрси одма. За ова розевото не знам, ама пошто не е скапо вреди да си пробаш.
Денес за првпат откако сум била малечка си купив детско шампонче т.е. бекутан и се изненадив каков сјај ми даде на косата и волумен како свила ми е .ви го препорачувам
Озбилно??? Јас со бекутан неможам да ја измијам, после миењето ми е заплетката и ми се мрси за два дена (онака ја мијам на 5 дена, не ми се мрси) Морам да користам бекутан затоа, инаку ептен е лош, ко само со вода да сум ја измила, а по 3-4 пати ја плакнам во бекутанов
хммм е незнам .мене ми е ок.ставам повеќе дека е поредок па не се пени инаку ми се допадна.сега секој со различно искуство а и потоа ми мириса ептен убаво,на бебешко
Тешко да се добие сјај ако е фарбана-шатирана косата.ептен треба да се третира оние што не ја фарбаат косата имаат преубав сјај на природното влакно.ама тоа е -сакаме да експериментираме.се согласувам за детските шампони-даваат сјај ,ама не се исплатат треба многу да ставаш особено ако ти е долга косата
Никако да не ставате лимон, мене ми расцвета косата многу повеќе отколку што ми беше после 3-4 пати ставање на лимон на врвовите, демек со цел да се откине оштетената коса...
јас за сјајна коса си ставам од регенераторот во кесички ми останува од фарбата која ја користам од гарниерот значи ставам сосем малку и се добива сјајна коса и сум задоволна инаку е на база на маслиново улје
Косата ми е многу оштетена од фарбање и секој месец си правам третман со гранули кај мојата фризерка. Резултатот е мека и сјајна коса (и се употребува само еднаш месечно).
Здравјето и косата Косата не е само еден од аспектите на нашата личност, туку и показател за тоа колку се грижиме за нашето здравје. Стресот, видот и квалитетот на храната која ја јадете се одразуваат на косата. Ако не водите грижа за себе и имате нездрава и небалансирана исхрана, вашата коса ќе ги изгуби сјајот, еластичноста и ќе стане кршлива. Избегнете го или погрижете се за тоа преку конзумирање здрава храна и редовно вежбање. Протеини Косата е примарно направена од протеини и затоа потребно е да се внесува храна богата со протеини. Протеините ја зајакнуваат косата и ја заштитуваат од кршење и разделување на краевите. Во квалитетна храна која содржи протеини и која е корисна за косата спаѓаат: риба (особено лосос), млеко, житарици, месо (пилешко и мисиркино), јајца, грав и сирење. Вода Водата зазема една четвртина од вкупниот состав на косата. Таа ја прави косата мека и еластична и затоа треба да се внесува вода во доволни количини. Не дозволувајте да ожеднете па да пиете вода. Доколку сте жедни тоа значи дека сте изгубиле вода и вашето тело бара надополнување на загубата. Пијте доволно вода за да имате свиленкаста и сјајна коса. Минерали Различни минерали се потребни за здрава коса. Железото ја снабдува косата со кислород, а недоволна количина железо ќе ги изгладне фоликулите. Богат извор на железо се црвеното месо и темно зелениот зеленчук (спанаќ и брокула). Цинкот го спречува опаѓањето на косата. Toj во големи количини се наоѓа во месото и морската храна. За подобра боја на косата потребно е во исхранатa да е вклучен и бакар преку внесување на свеж зеленчук, ореви, месо и црн дроб. Витамини Вашата исхрана мора да изобилува со сите потребни витамини кои помагаат во развојот на здрава коса. Витаминот А го прави скалпот здрав и е добар за кожата. Внесувајте го преку јадење зеленчук, особено преку моркови и спанаќ. Витамините B и C го поттикнуваат растењето на косата и придонесуваат за убава боја. Со внесување на овие витамини ќе имате здрава коса и ќе ја заштитите од разделување на краевите. Затоа, јадете овошје, зеленчук и житарици. Витаминот С исто така придонесува и за подобра апсорбција на железото, чии ефекти врз косата претходно ги споменавме. Затоа внесувајте портокали, јагоди, киви и лимони, плодови кои изобилуваат со Витамин C Вежбање Покрај здравата и разновидна исхрана важно е да вежбате правилно и редовно. Со тоа ќе ја стимулирате циркулацијата низ телото, соодветно и во вашиот скалп и ќе помогнете за растот на косата. Мали совети - Пред миење на косата секогаш чешлајте ја. Така, при шампонирањето полесно ќе ја исчистите гнасотијата од косата. - Масирајте го скалпот на главата со масло барем еднаш месечно. Оставете го маслото преку ноќ и наутро темелно измијте ја косата. Се препорачува употреба на бадемово масло. - Избегнете користење на фен и препарати за коса секогаш кога можете. - Користете млака вода за миење на косата, додека за последното миење пробајте да користите што е можно поладна вода. - Никогаш не ја чешлајте косата кога е водена бидејќи тогаш е најкршлива и може да изгубите многу коса. - Шишајте ја косата на секои 6 – 8 недели, за да спречите разделување на краевите. - Избегнувајте многу солена храна, рафинирана и конзервирана храна. Јадете свежа храна што повеќе.