Последно нешто што испробав за посјајна коса е шампонот Wash & Go и внатре ставив 20 Б-комплекс апчиња (40 денари се од аптеката), ги оставив внатре во шампонот за постојат 10 дена и се миев после со шампонот,косата стварно е посјајна и кога ја пеглаш ептен е мека...Можете да ставате маска плус
полн погодок,јас исто пред некое време го практикував истото дури ти препорачувам наредниот пат кога ќе го направиш ова да си купиш од големите од 1литро шампони од коприва или бреза,оние ефтините до кај 70денари се,јас го направив со шампон од бреза и Б-комплекс,мене косата ми беше прекрасна (а инаку имам многу сува коса)
A точно е дека светлата коса темнее доколку се користи б-комплексот растворен во шампонот или нема врска ? Мене најмногу ми помогна чичковото масло - ем без првут, ем со сјајна коса.
сјај само со некое природно масло, јас најубаво искуство имам со маслиново, бадемово и рицинусово, маслото од рицинус ми е најомилено, ем густина ми дава на косата, ем влажност и преубав сјај.
Јас од кога почнав да пијам пивски квасец ми стана сјајна и мека косата, па кој сака да качи неколку кила плус и сјајна, мека коса и цврсти нокти, нека купува пивски квасец таблети
Имав читано некаде дека косата ти станува посјајна и мека кога ке си ја измиеш косата и накрај последното плакнење да биде со ладна вода .. на почетокот ми беше ладно ама после тоа се навикнав веќе подолго време така правам и навистина кај мене колку толку има ефект
да потполно се согласувам со Hell0.kitty секогаш на крајот косата ја мијам со поладна вода и имам забележано дека ми е посјајна. исто така кога користам регенератор или маска за коса ми има речено фризерката дека треба косата многу убаво да се исплакни иначе ке ти биде мрсна. за да ми биде посјајна косата веќе три месеци користам маскa за коса два пати неделно и многу ме бендисва ова е маската а имам и уште една исто од Gliss но неможам да ја најдам на интернет во неа содржи и кератин и таа ми е поубава
Користам шампон ОРЗЕН и задоволна сум. И плус преубаво мириса Пред капење користам и бадемово масло и косата ми е мека и сјајна. Гледам го фалат и рицинусовото и чичковото масло па ќе пробам и такви за некое време
имам негде читано дека сокот од лимон давал сјај на косата.........колку е точно незнам....бај д уеј ако имал некој напишано слично мислење сори што го повторувам поззз
Јас ја мијам косата на секои 5 или 4 дена. Исто барем на секое трето или второ миење ставам чај од камилица или со лимон или со оцет. Разликата е неверојатна.
Некој да не ги има пробано шампонот или маската за сјај на коса од yves rocher? Шампон за сјај-блескав ефект
јас пишав и во друга тема ама и тука ќе пишам тие што се фарбаат црнокоси што користат за да има ваков сјај црната коса ???зошто тешко црна коса да има толку впечатлив сјај ама сум забележала кај некои девојки па затоа ме заинтересира што користите???
јас користам масло од рицинус, косата ми ја прави сјајна, мека и не ми паѓа, исто и маслото од бадем е многу убаво од него не пука. А од авон го имам користено зелениот шампон , серумот и еден спреј од истата колекција многу ја прави сјајна косата на побрзо се мрси
За мека и сјајна коса, спас се само природните масла.Јас користам чичково на коренот и бадемово долу на врвовите.Порано маки мачев со првутот, сега сум сум раат.Плус во комбинација со бадемовото, косата ми е како нова. Понекогаш пред миење си правам и природна маска од јајце, маслиново масл и лимон.Оставам да делува пола саат и ја мијам.
Vo vrska so sjajna kosa imam prochitano deka na kraj od mienjeto na kosata treba da se pomine so laden mlaz na voda. Imam probano i kaj mene deluva. Prekrasna, meka i sjajna..
Јас за сјај на косата користам чај од коприва. Во почетокот ја плакнев со чајот, а после направив и го ставив во прскалка и по секое миење си прскам на косата. Евтино и преубаво.