Јас имам тегет-црна боја на коса и е многу сјајна.На претходните постови една девојка прашуваше што ставаме на косата за да добиеме таков изглед.Јас не правам некои посебни третмани.Повремено ставам бадемово масло на целата коса,користам шампон на Loreal Total Reper 5, место класичните регенератори,после шампонот нанесувам од кесите што се употребуваат после бојадисување.Користам боја за коса Garnier Color Senzation со години и само еднаш ја имам променето,од љубопитство земав Sajos,но не ми одговараше.Не е битно само што ставате,туку и природната структура на влакното и хемиските третмани имаат голема улога во одржување на хидратантноста на влакното.Со честа промена на боја на косата,па и промена и на производителот,тешко дека ќе имате здрава,мека и сјајна коса. Мојата коса е и природно мека и сјајна,а на сонце има преубав изглед.