Како до цврсто ЈАС?

Дискусија во 'Психологија' започната од dondor4e, 3 август 2010.

  1. dondor4e

    dondor4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    Ајде да видиме на каков начин сте изградиле цврсто ЈАС :P
     
  2. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.070
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема некој шаблон или правила на придружување за да дојдеш до цврсто ЈАС. Или го имаш или не. Можеш да се преправаш пред другите но никогаш нема да се убедиш самиот себеси дека имаш цврсто ЈАС ако го немаш.
    Под цврсто ЕГО подразбирам да се има позитивна и реална проценка на себе и да се биде во можност прецизно да се измерат на своите способности. Да имаш здрава самодоверба, да се чувствуваш добро како личност, да веруваш во себе и да бидеш горд на она што си го направил. И секако да не паѓаш под туѓо влијание.
    За почеток размислувај позитивно ;)
     
  3. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    561
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Нема правила ,едноставно доаѓа моментот кога ти е преку глава да незнаеш да речеш НЕ и да го правиш ќејфот на другите по цена на потснување на своите желби.Доаѓа и со зрелоста,некои од мали нозе се полни самодоверба и силни личности а некои се освестуваат кога стануваат свесни за своите квалитети и мани,ги истакнуваат квалитетите си г ценат и доаѓаат до точка кога имаат цврсто јас ,од сопствено искуство можам да кажам дека долго време бев ете без црст став но во последно време како се градам ојачувам и знам што сакам каде сакам колку сакам!блазеси ми :D
     
    На devojka.86 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    387
    Сметам дека се си доаѓа во свое време па и самодовербата.Порано размислував поинаку,сметав дека се е лошо кај мене и дека сите други се подобри од мене.Но нема потреба од потценување треба да изградиме свои ставови и мислења и цврсто да ги застапуваме а не да бидеме под влијание на другите.Најпрво треба да се почитуваме самите себеси,самопочита е најважна а се останатото доаѓа само по себе со зрелоста,искуство,нови знаења...и се останатото.
     
  5. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.377
    едноставно се ценам себеси, и ако некој не знае да ме цени, тогаш.. :hai:
    колку и да се каам, кога некогаш избрзувам, не барам прошка, се придржувам до цврстото Јас !
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    211
    Пол:
    Женски
    Едноставно верувам во себе, се ценам себеси, имам свој став кој не го променувам заради тоа што на некого не му се допаѓа тоа :)
     
  7. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.592
    Или го имаш или го немаш..
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.400
    Па едноставно, помешав малку цемент во чаша вода и го кркнав на екс, сега сум крајно цврста особа.

    Абе ок е да си имаш свои принципи и правила, ама доаѓа денот кога повеќето ќе ги прекршиш, преформулираш, пресвиткаш, а за некои ќе сфатиш дека повеќе ти прават штета, отколку корист.

    Што термин е ова цврсто јас, не го сфаќам?

    Јас сметам дека човечката природа е променлива, прилагодлива, а обично умните се подготвени на компромис и разумност, што значи сме флексибилни и напати попустливи, за свое, туѓо, општо добро, сеедно.
    Така сме скроени.

    Јас се ' уште не познавам некој кој следи цел живот исти правила кои го диктираат неговиот карактер, и не мрднува од истите, за да не му се здроби цврстото јас.
    Или ако има такви, се крајно мрднати, чукнати и осамени.

    Ова некако помодарство стана, сите да се прават силни, непобедливи, гради полни непоколеблива самодоверба, гордост, а неретко води кон самоуништување.

    Не трудете се да образувате цврсто јас, доволно е да биде СВОЕ ЈАС.
     
    На hermosa, Ethrnity, renatadoll и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    558
    Иако се уште не сум полна со самодоверба, морам да кажам дека полека но сигурно зачекорив кон она што всушност сакам да бидам.
    Порано имав страв дека нема да бидам прифатена од другите онаква каква што сум, па гледав јас да се прилагодам.
    Сега откако патев многу, сум сосем друга. Размислував, размислував, плачев, кршев. И еден ден, решив дека ќе ставам крај, тогаш ставив крај на една врска. Беше болно и тешко но издржав. Од тој ден, јас постојам. Е од тој ден ја се сменив, од тој ден гледам за себе едноставно како да требаше сето тоа да ми се случи за да се освестам.
    И сега не трпам никој и ништо.
    Голема благодарност и на дечко ми кој што ми помага да надминам некои работи, да се стекам со уште поголема самодоверба, и најважното да не сум толку емотивна.
    Мојот најголем проблем за тоа што некогаш бев слабак беше мојата животна приказна.
     
    На mouse и renatadoll им се допаѓа ова.
  10. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.116
    Допаѓања:
    2.595
    Цврсто ЈАС можам да кажам дека сеуште го немам во мене. Многу сум емотивна личност, немам доволно самодоверба всушност немам свое ЈАС. Денес ја прекинав врската, која мислам дека влијаеше лошо на мене. Се надевам дека по оваа врска ќе се променам, ќе стекнам самодоверба и ќе зачекорам по својот пат со крената глава. :)
     
  11. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    313
    ги најдов овие топ 5 харизма совети кои мислам дека би му помогнале на секој :)

    1. Hodajte polako. Ljudi koji hodaju polako i na opušten način izgleda da nikada nisu u žurbi i da se vrlo udobno osećaju u svojoj koži. Njihov način hodanja čini ih harizmatičnim. Šetnja na isti način će stvoriti isti efekat.

    2. Osmeh. Nasmejanost je jednostavan i efikasan način da odražavate pozitivno stanje i da odmah povećate svoj šarm. Dakle, ne zaboravite da iskoristite to kada ste u društvenim situacijama. Jednostavan osmeh deluje snažno, privućiće ljude na vas.

    3. Nemojte previše misliti. Ljudi koji misle na svaku reč koju kažu i svaki pokret koji učine čine sebe nesigurnim. Ljudi koji šarmantno dozvoljavaju sebi da se opuste i reaguju na spontan način, mnogo su pozitivniji, energičniji, harizmatični.

    4. Iskažite svoje emocije. Harizmatični pojedinci su posebno dobri u izražavanju svojih osećanja. Oni su u mogućnosti da koristite svaki komunikacioni kanal, bilo verbalni ili neverbalni. Primenite izražavanje svojih emocija i one će vam uveliko koristiti.

    5. Budite jedinstveni. Ako mislite o tome, svi smo mi jedinstveni. Međutim, često smo skloni da potiskujemo ono što nas čini jedinstvenim u društvenim situacijama i da se predstavljamo lažno. Harizmatično je upravo suprotno.
     
    На IamSexyAndIKnowIt, sanjalica и renatadoll им се допаѓа ова.
  12. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Јас би рекла дека доаѓа со годините, барем кај голем дел од луѓето после пубертет, а пак некои го имаaт од раѓање.

    За мене цврсто јас е е= да имаш свој став, свое мислење и да не го промениш па макар и никој да не се согласува со тебе. Исто сметам дека прво треба да имаш добро мислење за себеси, да знаеш колку вредиш па така ке те почитуваат и другите. Кажи го она што го мислиш, биди свој.. :D :D :D
     
  13. Justinna

    Justinna Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    29
    Исто и мене мн ми тешко пред неколку год (односно кога бев гимназија) се правев за на другите да им се допаднам. И страшно патев и плачев секоја вечер.И мислам дека многу лугето ми влијаеа.

    Но со текот на годините се тоа помина. Почнав поинаку да гледам на нештата, да бидам повеќе сигурна во мене, веќе знаев што сакам, што не, што ме прави среќна ... :D
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.340
    Допаѓања:
    2.680
    Пол:
    Женски
    Пред една година бев една личност, а сега сум многу поразлична. Поразлична во смисла дека не дозволувам некој да ми наметнува негови ставови за како нештото би требало да биде што ми го правеше бившиот дечко, не правам работи кои не сакам, престанав да се правдам, си поставив цели и не сум поемотивно цврста личност туку одлуките кои ги правам да бидат без ничие влијание. Цврстото јас мислам дека е веќе инаетење и дека личноста мора да го направи нештото по нејзино. Да се има свое јас според мене е многу поважно. Да не се потпаѓа под туѓо влијание, на пример да си дозволиме еден дечко или другарка да не управува, влече за нос.
    Да не се биде наивен и да им се угодува на сите. И јас се борев да бидам прифатена во едно друштво до скоро, ама не си ги променив своите размислувања. За некои работи имав различен став и отпрво ми беше страв да се искажам ама после кога се ослободив видов дека имам истомисленици.
    Не се правев нешто што не сум, или да им изигрувам потрошна роба, да ме користат како што си сакаат.
    Научив да кажам НЕ за некои работи што не ги сметам за добри и си останав на таа одлука. Но, одлуките што си ги поставив се поклопуваат со мене како веќе возрасна и свесна личност, што треба а што не треба да си дозволи, сфатив дека угодувајќи на другите нема ништо да се постигне. Многу пати со другарки кога се имам скарано бидејќи сакаат да ми командуваат сум си рекла поарно да немам другарка отколку таква што сака само по газот да и одам. |(
    Свесна сум дека не сум најдобра, најпаметна и се, и многу пати размислувам за работите кои другите ми ги кажуваат како нивни ставови, па по тоа размислување изведувам заклучок и ако нештото го сметам за вредно, го прифаќам.
    Сите ја забележаа оваа моја промена и веќе никој не се понаша со мене како претходно за што сум задоволна од самата себе.

    Се расприкажав и за тој период би можела уште многу. И јас му се заблагодарувам на бившиот ми, бидејќи тој ми помогна да се изградам како личност, немаше да бидам тоа што сум. :hai:
     
    На kikkki, eliesaab и devojka.86 им се допаѓа ова.
  15. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    767
    Мислам дека цврсто ЈАС се гради и си доаѓа со текот на годините. Како помлади сите помалку или повеќе сме правеле отстапки со цел да бидеме некаде прифатени, да не се издвојуваме, да не изгледаме како чудаци во очите на другите и сл.
    Под цврсто јас не подразбирам зацртани правила кои секогаш мораат да бидат испочитувани туку свои ставови, свое однесување и свои мислења на кои ретко кои би можел да влијае и да ги промени. Велам ретко бидејќи и промените понекогаш ни се добредојдени. :)
    Лично, мислам дека цврсто ЈАС изградив таму некаде после полнолетството. Можеби тогаш конечно созреав и сфатив дека прифаќањето на туѓите идеи и мислења не е секогаш најдобра опција и дека понекогаш многу помудро и похрабро и да се излезе пред другите со свое различно мислење и однесување.
     
  16. devojka.86

    devojka.86 Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    1
    Факт е дека денес секој си гледа само од корист , ама многу е тешко кога си изигран од мн блиска особа а не си ни најмалку очекувал и сметаш дека заради тоа штоо ти е блиска треба да трпиш , но гледам дека мора да се каЖе стоп мора да се покаже свое ЈАС
     
  17. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    1.164
    Пол:
    Женски
    Така се вели, ако веруваш во себе и ако знаеш колку вредиш, ке знаат и другите и ќе те почитуваат.. Но за жал не е така во практиката..Денес никој не ти верува, и никому не смееш да веруваш, колку и да имаѓ самодоверба, колку и да се сакаш, колку и да вредиш.. повеќето гледат да ти наштетат.. :/ секогаш постои по некој кој ќе те натера да се замислиш за твојата вредност, кој ќе се обиде со сите сили да ти ја уништи самодовербата и самоконтролата. :/
     
    На elisabeta и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  18. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.340
    Допаѓања:
    2.680
    Пол:
    Женски
    Заборавив да додадам дека многу пати кога се противам со некој и кога не дозволувам да ме убеди, гласот ми е како не некое беспомошно суштество, жално, речиси да заплаче. Но, никогаш не плачам пред нив, ако ми е тешко поради нешто што ќе ми ја наруши самодовербата си го отплачувам дома-никако не покажувам слабост. И како и да ми звучи гласот мене ми е важно дека се спротивставувам, дека го изразувам сопственото ЈАС и воопшто не се чувствувам беспомошна бидејќи знам дека се борам за мојот став :)
     
  19. loki.c9

    loki.c9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2012
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    199
    цврсто јас кога стојам зад мојот збор и моите дела.
     
  20. Serpentina

    Serpentina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2012
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    136
    Изгледа јас сум од оние кои се инаетет , и го имаат цврстото ЈАС ама само пред другите , Јас како фасада...а кога сум сама , душата ме боли , потклекнувам , сама на себе си го имам своето ЈАС кога ке ми дојде преку глава он нешто , па како само од себе да си доаѓа крај на некои работи..Еве пример...Сакав еден тип 4 години кој ме убедуваше дека му значам и на кој му верував...и 100 пати си реков нема шанси никогаш повеќе да му се јавам ова она, и пак ке ми дојде слабиот момент ке му го свртам бројот од скриен , колку гласот да му го слушнам..
    Па си викам зашто не сум како некој кога ке каже крај - стварно да е крај...
    Да кажев ставам крај никогаш повеќе нема да го погледнам......ех да беше така лесно да си го имав своето гордо ЈАС....и да не дозволувам да си се подгазам и понижам..ама ако ми е.. :(
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.