1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Како до цврсто ЈАС?

Дискусија во 'Психологија' започната од dondor4e, 3 август 2010.

  1. tropical

    tropical Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    61
    Можеш да се преобразиш од слаба во цврста личност. Некогаш падовите те прават да застанеш цврсто на нозе, и да учиш од своите и туѓите грешки. Цврста личност-цврст карактер. Личност полна со разум, културно и непримитивно однесување. Личност следен од својата интуиција, која секогаш ги отфрла исфрустрираните мислења. Цврсто ги брани своите ставови и својот личен идентитет!!!
     
    На eliesaab, hermosa и kikkki им се допаѓа ова.
  2. alexa_dimoska

    alexa_dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    950
    Пол:
    Женски
    Според мене, цврстото ЈАС не доаѓа туку така само од себе.
    Тоа е процес кој трае и трае во текот на целиот живот. Не мислам дека е возможно секогаш да имаш самодоверба, затоа што границата помеѓу егото и самодовербата е тенка.
    Во споредба со старото ЈАС, воопшто немав доверба. Иако и сега не се наоѓам на тоа ниво на кое сакам да бидам, сепак се движам во тој правец. Книгите особено многу помагаат во градењето на цврсто ЈАС. Не било какви туку стриктно со психолошки карактер. Потоа разговор со повозрасни, како и стремежот да се биде позитивен.
     
    На poenta, blonde_supergirl, Читател и 2 други им се допаѓа ова.
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Силината на човечкото его претставува процес кој се гради од детството. Раната возраст е првичната фаза кога секој од нас почнува да го создава егото по пат на вродени, но и стекнати особини. Учиме, правиме споредби и разлики и го обликуваме идентитетот. Со текот на годините и надминувањето на некои критични моменти ги увидуваме слабостите, позитивните страни и вложуваме труд и енергија онаму каде што тоа недостасува. По пат на разговор и разменување искуства многу може да се направи за себе. И добрите и лошите аспекти може да бидат поука за соодветно однесување.
    Цврстината на духот е како талент на кој постојано треба да се работи и вложува за да се постигне успех. Совладувањето на техниката за зачувување на идентитетот е можност полесно да се анализираат постапките и да се биде горд на делата.
    Секој напредок е лична заслуга.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.425
    Пол:
    Женски
    Патот до цврсто јас е паѓање, повторно станување и продолжување напред. Од сите грешки и од се она со кое се соочуваме, треба да извлекуваме поуки кои ќе го зацврстат нашиот карактер и ќе ни помогнат да бидеме мудри, истрајни и доследни на себе.
     
    На elcezelce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.124
    Допаѓања:
    43.679
    Пол:
    Женски
    Ме газеа, ги газев, паднував, станував и така во круг дур не ми дојде преку глава.
    И од тогаш што кажам тоа е и точка.
     
    На eliesaab, Tanjamm, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    2.106
    Пол:
    Женски
    Не дозволувајте им на луѓето кои се откажале од своите соништа да ве натераат и вие да се откажете од вашите.
     
    На Tanjamm и Justicija им се допаѓа ова.
  7. AnnabelLee

    AnnabelLee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Повеќе...пронајдено ЈАС отколку силно. Со постојано надградување на духот.
     
    На eliesaab и Tanjamm им се допаѓа ова.
  8. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Не ми е проблем. Цигарите ги оставив одеднаш, без да планирам. Бившите девојки кои ја претераа истотака. Кога учам, работам, кога имам некој план, кога не давам пари на заем, тогаш го имам моето цврсто ЈАС на најјако.
     
  9. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.399
    Допаѓања:
    35.954
    Цврсто јас ако не е од детство изградено, после само со многу работа.
    Дисциплина, самодоверба, истрајност, асертивност се категории за некои луге пис оф кејк, за други низ трња треба да одат и "низ нос" да им.излезе.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Hugh

    Hugh Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2019
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    114
    Пол:
    Машки
    Само Челична дисциплина до цврсто ЈАС.
     
    На Keanu_R.Wick му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marti96th

    Marti96th Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    52
    Пол:
    Женски
    За да имаш цврсто ЈАС мораш прво да го најдеш тоа ЈАС во себе. Да го запознаеш, да поминеш време со тоа јас (сам со себе).Тогаш кога ќе сфатиш дека ти си доволен сам на себе, дека ти си единствениот најдобар пријател на себе, кога ќе бидеш сам а нема да се чувствуваш осамено , кога твоето мислење ќе ти вреди многу повеќе од другите, кога иако доживуваш падови ти знаеш дека можеш и се поддржуваш себе си и не чекаш другите да ти кажат дека можеш. Тогаш ќе изградиш цврсто јас.
     
    На eliesaab и SnowWhite8 им се допаѓа ова.
  12. Reader00

    Reader00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2017
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Градењето на 'цврсто Јас' не е едноставен процес, со самото тоа што станува збор за соочување со самиот себе. Внатрешните конфликти се најтешки. Потребно е подолго време за градење на цврстина на карактерот. Тоа го вклучува стекнувањето на искуства низ животот, правењето грешки и учењето да се станува после секој 'удар'. Зошто е тежок овој процес?! Затоа што потребна е храброст и цврста одлука да си ветиш самиот себе дека секое утро ќе си кажеш некоја позитивна работа и ќе се чувствуваш добро. Да погледнеш до каде си стигнал благодарение на твојата истрајност и тогаш длабоко да вдишеш и издишеш полн со задоволство, верувајќи во своите способности, физички и умствени, знаејќи дека нема да му дозволиш на никој да те прегази и да те натера да мислеш дека не си доволно добар. Бидејќи си. Секој во себе си има некој вид на дар и секој поединечно треба да го разгледува тој дар како најголемото и најпозитивното нешто, како големо достигнување, и постепено вербата во себе ќе расте, и не само вербата во себе, туку мотивацијата и желбата за саморазвој. Позитивната мисла е најважна за преземање на првиот чекор.
     
    На Willbeokay, eliesaab, zolev и 1 друга личност им се допаѓа ова.