До некаде се согласувам,меѓутоа еве мајка ми користи само обична крема за тело со години,значи ништо посебно,жената има 50 години а изгледа како да има 35. Ама, во цел живот пудра има ставено 2-3 пати најсила. Значи затоа ви кажувам,колку повеќе го оптеретувате лицето со се и сешто, тука спаѓа и декоративна и препаративна козметика, се помала услуга си правите.
Вчера конечно после неколку месеци мачење, бев на дерматолог. Имав чиста кожа, но пред нецела година лицето започна да ми менува. На чело сум цела нафрлана со поткожни, пред период не можам да поминам без неколку средни и една голема на средина како Индијка. Образите сеуште ми се чисти, но пред две/ три недели почнаа да ми се прават акни баш на крајот од слепоочната коска. Ситуацијата, гледано од страна и не е толку страшна, имам 17 години, но повторно ќе кажам дека имав чиста кожа. Откако започнав да користам било какви препарати за нега на кожата, сум во оваа состојба. И дерматологот ми кажа дека се' ова ми е од неправилни лосиони, креми и неправилна пудра. За неполн месец сум повторно закажана за преглед, речено ми е дека лицето скоро и ќе ми се исчисти, а поголемите поткожни ќе мора да ги третирам кај козметичарка. Зедов Avène гел за миење на лице, медицински лосион и најобична крема која не содржи ништо, ми треба само за хидрирање. (Нема име на неа, докторката ми спомна дека служи како база за понатаможно правење на крем за мрсна/ комбинирана/ нормална кожа)
Во Зегин, Виола и сите други подобро снабдени аптеки. Цените на производите варираат, во глобала од 750 ден. па нагоре се цените.
Гледам во темата а и пошироко многу ги фалат овие производи, па си викам да ги пробам.. За почеток што да земам да ми препорача некој што ги користел?
. Еве ти линкчиња со цени и детален опис на производите на Авене http://new.titan.com.mk/assets/docs/cenovnik.pdf https://www.facebook.com/avene.mk/photos_stream Јас ги користам Цикалфат кремата- НАЈДОБРА! имав пишувано за неа овде lice/kakva-krema-za-lice-koristite-t1652/1710.html#p2016406 , Хидранс оптимал , и Триакнеалот ја користев, но сега не ми треба таа веќе .
Женски да ве прашам, пред две недели почна да ми се прави брумче помеѓу очите, мислев дека ке помине но сега е ко топче, и нема гној за стискање туку е тврдо.. ненам како да го третирам, ве молам, хелп!
Во последно време лицето ми е лом те суво те мрсно ,денес ја купива кремета ОЛИВЕ на афродита козметика па ќе видиме како ќе иде (ако ја има некој користено нека пише)И дали знае некој некоја крема која го спречува појавувањето на првите брчки ама некоја ефикасна поззд
Jас имам комбинирана кожа (нормална накај мрсна кај т-зоната) и лицето го миjам со safeguard сапун. Многу ми помага, само треба редовно да се користи. Да дополнам: покрај сапунов, користам маска за лице од The Body Shop, Seaweed Ionic Clay Mask. Многу сум задоволна од резултатот.
Јас имам чисто лице само црнки на носот ама тоа ајде се справувам ама откако ке ги направам веѓите со восок утредента ми се појавуваат големи мозолчиња веке како акни околу веѓите и знам дека е од тоа. редовно го мијам лицето употребуам лосион за мрсна кожа а почнав и да ставам за против акни сега но не помага. Освен со пилинг ми се намалуваат ама не исчезнуваат, решение?
Нема што нема овде Еве јас ти го препорачувам овој https://www.facebook.com/avene.mk/photo ... =3&theater и јас и некои други феминки сме задоволни
Јас имам проблеми со лицето, целото лице ми беше со акни. Со години користев разни креми, лонсиони, инекции и на крај никакви резултати. Случајно на интернет прочитав за Лептен кремата и лонсионот и ја порачав. Од почетокот не почуствував некакви резултати но подоцна акните почнаа да ми се чистат. Акните ги снема но само останаа флеки потемни од кожата бидејќи ги стискав од порано. Но со редовно користење на Лептен и флеките се чистат. Ако сте заентересирани еве ви линк http://www.lepten-mk.com/ Позз секое добро
леле јас порачав Лептен и џабе дадени пари ми беа, воопшто не ми помогнаа. Примамливо ми изгледаа, ама ништо.
Јас имав проблеми со лицето, и уште имам, но не како порано, сега е многу подобро. Немојте да ставате се и сешто, најдобро според мене е да си одете на дерматолог, не на било каков. Јас бев кај Николина, ми даде Далацин ц, и крем имекс, сега за сега има мн подобрувања, иако не ми е цело лице исчистено, се забележува промената.