Кај нас линии што се веќе повлечени... Мн ми е висок шипингот од таму, а и минатиот пат чекав 40 денa, сега со состојбава кој знае колку... сепак фала ти
Ми се допадна многу, кожата ми ја прави поблескава и порамномерна, но мора претпазливо со серумот бидејќи е доста јак и обавезно СПФ да се користи секој ден.
За жал така е , многу ги барав нивните линии што се за акни во Бугарија , Србија порачував и од Турција по другарки никаде ги нема ...
Пред соната ставам помага и така. Иначе веќе неколку дена ја користам сонава,ми искочија на лице огромни 4 бубулици и ја купив пак и ми собраа убаво ги стиснав сега чекам само коричката да падне и немам ништо.
Има огромни резултати, браво. Моето прашање е за СПФ, на која фирма користиш и како? Ако може слика од амбалажата. Фала. И некој друг, ако може да ми препорача добра СПФ крема од која е задоволна пишете.
Ти благодарам оваа СПФ крема ја користам Ми се допаѓа бидејќи за разлика од голем број креми со СПФ оваа не го мрси лицето и веднаш се упива во кожата. Не ми се допаѓа што содржи алкохол во составот.
Како го користеше сона гелот, дали на цело лице и потоа од леа гелот само на акните? И дали за наутро првин кислород па леа? ☺ Заборавив да те прашам и за серумот кога го користеше ☺
Да сона на цело лице а леа гелот само на активни акни. После миење лице прскаш кислород ,на крај ставаш од леа гелот. А серумот само навечер јас го ставав пред соната.
Витамин ц летно време само навечер, за да не ти се направат флеки од сонцето. Инаку се користи и наутро во месеците што ја содржат буквата "Р".
Во видеово девојката го користи бебешкото масло на Џонсон и Сузан вика дека е во ред, така што јас искрено ќе го побарам него. Плус девојкава спомна дека оди редовно на дерматолог, така што и тој и го одобрил сигурно. Спојлер: Видео
Немој да експериментираш со бебешки производи, самото тоа што се бебешки кажува за која примена се. Подобро одбери некој маслен производ, соодветен за твојот тип на кожа. Не се што е прикажано на интернет, значи дека е корисно и ќе има позитивен ефект.