Квасецот и млекото служат за отстранување на ситните мозолчиња или...!? Кога во денот и колку пати дневно/неделно се нанесува на лицето?? Дали делува оваа маска? Морам да ги отстранам ситниве бубулчиња, не изгледа убаво...
Квасецот и млекото служат за отстранување на ситните мозолчиња или...!? Кога во денот и колку пати дневно/неделно се нанесува на лицето?? Дали делува оваа маска? Морам да ги отстранам ситниве бубулчиња, не изгледа убаво... [/qu Маската со квасец и млеко можеш да ја нанесуваш два пати во неделата како и секоја друга маска,нормално нетреба да претераш........некој ефект брз бубулиците нема,но добро ја матира кожата и станува многу мазна (но кај секого исто сите маски не делуваат,така да можеш да си пробаш можеби ке имаш некој позитивен ефект и за бубулиците)
За проблематична и масна кожа ви ја прпорачувам колекцијата на Avene. Се состои од гел за миење на лице, крема за лице и гел/крем за чистење. Можат да се купат од сите подобро снабдени аптеки. Можете да си ги купите и посебно, гелот за миење обавезно, а пожелно е и кремата, затоа што гелот одлично ја чисти кожата, ама може да ја почувствувате посува после миењето, па барем пред спиење обавезно крем! Во гелот нема сапун(што е многу битно за проблематична и масна кожа) и има термална вода од бањи некои во франција каде има центри за лечење на проблематична кожа. Мене колекцијата ми ја препиша дерматолог уште кога бев средно и од тогаш ја немам сменето. Цената им се движи околу 900 ден. за секој производ посебно.
Здраво девојки.. Јас сум нова на форумов не можам добро да се снајдам, но мислам дека ја пронајдов вистинската тема за мојoт проблем... Не можам во никој случај да се справам со црнките и црвенилото по моето лице. Најмногу ги имам на носот, кожата на лицето ми е многу осетлива од секој крем што го имам употребено до сега исфрлам , освен Becutan.. Ве молам помогнете! Некоја природна маска или слично ??! Благодарам однапред
радознала на форумот во темата за ''Лице'' имас посебни подтеми за црнки и за природни маски таму можеш за твојот проблем да си прочиташ подетално Инаку добра колекција за проблематична кожа е Eucerin зелената линија,посебно тој крем-гел А за проблемот со црнките добро е двапати во текот на неделата да го миеш лицето со некој благ пилинг со многу ситни гранули,а послем тоа најважно е да го исчистиш со тоник,затоа што и пилингот и тоникот ги отстрануваат ''мртвите клетки'' од површинскиот слој ,длабински ги отстрануваат нечистотиите и ги стеснуваат проширените пори на кожата
Здравоо на сите јас имам проблем со дамки на лицето тие ми се уште од малечка со тек на времето тие полека полека изчезнуваат но неможам да чекам до 20 години за целосно да исчезнаат Ве молам помогнете со некој крем или маска со што било само што побрзо да се ослободам веќе од овој проблем
Чајот цело време стои во водата така ? .. Како ги острануваш со салфеткаа ?? .. Само поминуваш со салфеткааа илии ги стискаш ?? .. Имам мноогу црнки .. на носот,на вилицата .. веќе очајна станав .. ве молам помогнете .. исто такаа имам и акни на челото а и на вратот .. какоо да ги остранам засекогаш ?? .. Помагаааајтеее !!
Земија козметиката на Гарниер пуре за проблематична кожа. ролончето со прозирна формула,пената односно кремата за лице и еден лосион за миење на лице без гранули.Добар е верувај ќе ти помогне поздрав и упорна биди.Јас бев лудница во лицето и на вратот ама фала му на Господ сега сум добра!!!
Здраво девојки гледам дека голем дел од вас го имаат решено проблемот со акните, но јас лично никогаш не сум имала проблем а за жал мојата сестра има и не знам како да и помогнам па да ве прашам вас за совет. Сестра ми во последно време почна да се исфрла на образите и тоа многу, не се некои акни гнојарки и големи туку ситни брунчиња но точка до точка, она од секогаш имала проблематична кожа но имала црнки на носот и по некое бубуљиче сега е ужас баш бубуљиче до бубуљиче почнува да ја губи самодовербата тоа ме плаши. Исто така има и мн ситни бубулици на градите Ве молам за помош. Девојчето има 18години. Ве молам за некој совет. Фала однапред
Значи јас ќе ти кажам како се ослободив од брунчињата Секој ден наутро и навечер си го мијам лицето со Нивеа сапун односно кога ќе го намачкам лицето со сапун оставам 15-20 минути да се исуши на лицето со тоа се сушат и брунцињата Oткако ке поминат 15-20 мин го мијам лицето со студена вода. Значи навечер кога го мијам лицето после тоа редовно го користам лосионот Хлоракол, го има во сите аптеки и е некаде околу 100 ден Мене ми помогнаа се надевам дека ке успеат да и помогнат и на твојата сестра Поздрав
Имам 12 години, и лицето ми е преполно со мозолчиња и црнки, плус имам мрсна кожа Но, ги имам само на челото. Ми велат дека тоа е од пубертетот. Сестра ми има 18 години, неа и се појавиле во седмо одделение, и сеуште ги има, но таа ги има само на образите. Незнам што да правам, многу ми е срам заради нив, никој од мојата генерација нема, па зарем само јас сум во пубертет?! Сигурна сум дека ќе ги имам уште многу време, но од самата помисла дека ќе ги имам уште многу години, како и сестра ми, ми се плаче И имам лузни од претходно стиснатите мозолчиња. Знам дека не е во ред да ги стискам, но неможам да ги гледам така да стојат Кажете ми дали можам нешто да направам за да ги исчистам мозолчињата и нешто со што ќе можам да ги оттргнам лузните од претходно стиснатите мозолчиња. Многу пати во денот го мијам лицето, бидејќи неможам да го гледам така како ми светка, бидејќи имам мрсна кожа Користев некои кремови на NOVAMED. но ништо не помогнаа. И за крај сакав да ве прашам дали е во ред тоа што ги стискам црнките? За тоа стискањето на мозолчињната ќе престанам
ЗНАЧИ , ОЗНАЧУВА , НАЗНАЧУВА Значи прочитај го ова : lice/kako-do-cisto-lice-t1049/1010.html#p629451 Значи и ова прочитај го : lice/kako-do-cisto-lice-t1049/1010.html#p628908 Што значи не си погледнала на темава во ретро-спектива, и значи не препорачувај на други да користат отрови. Значи прогуглај малку ако не друго. ЗНАЧИ НЕ ЗА хлорамфениколот, тој лошо влијае дури и на твојте идни неродени деца. ЗНАЧИ СЕ РАЗБРАВНЕ ЛИ ?
Значи не сакав да те редактирав ама морав девојката ја напиша терапијата која неа и помогна најдобро намерно ако сака некој да проба во ред ако не пак во ред и уште нешто хлорамфениколот е единствениот лосион кој и мене ми го исчисти лицето ни еден фармацев не ми кажа дека тоа штетно ќе влијае на моите идни деца така да подобро информирајсе пред да тврдиш нешто ок хлорафениколот се употребува 3 месеци потоа со паузи штетен е да се употребува редовно но кај критична кожа 3 месеци редовно пота по ретко кога има потреба јас го немам користено добри 4 месеци од кога прекинав но почна да ми се појавува по некое мозолче сега можам пак да го употребам
Миме секаде во секојa поразвиена земја,хлорамфениколот во денешно време,се употребува само уште во прехрмбената индустрија, само за дезинфекција на месото или овошјето пред конзервирање. Сосема мал процент- од 0,08 до 0,97% останува во месото, или во крајниот продукт. Европската унија се обидува и тоа да го исфрли, предизвикува мутација и деформација на генетите. Посебно на клеточно ниво делува, е сега можеш ли да замислиш колку ти апсорбира организмот преку кожата ? Сигурно многу повеќе од горе наведениот процент. Душичке не мислам да се контрам, ниту имам нешто од тоа да удирам контра со тебе или други членки овде, но хлорамфениколот одамна не се употребува во европа , а и ретко кој лекар се осудува да го препорача за хумана употреба. Денес се водат борби низ светот да се исфрли од употреба,дури и во прехрамбената индустрија,каде што се употребува минимално. Немој да ме сватиш погрешно, но само сакам да потенцирам дека е опасен и лошо влијае од секој аспект, а како влијае на идните поколенија прочитај во линкот, еве и еден извадок од неколку реченици од наш весник. Мислам дека само толку се осудуваат на напишат колку е истиот штетен ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Хлорамфениколот ги оштетува гените РИМ- Употребата на хлорамфеникол при производството на храна треба итно да се забрани, апелира Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО). Како што пренесува МИА, станува збор за антибиотик со широк спектар на дејство што се користи во хуманата медицина и во ветерината. Одделот на ФАО кој ги испитува адитивите во храната тврди дека соединението е токсично, предизвикува извесни оштетувања во генот и веројатно е еден од ризик-факторите за појава на канцер. Се смета дека хлорамфениколот предизвикува многу сериозно заболување кај човекот - т.н. апластична анемија. Во ФАО сметаат дека употребата на хлорамфениколот при производство на храна треба сосема да се редуцира. Италија се обидува да го забрани дури и лекувањето на животните кој се одгледуваат за исхрана, дури и преку индиректна изложеност каренцата е присутна. Не ме сваќај погрешно душичке но те молам прогуглај , прочитај некој работи за овој отров кој го продаваат кај нас, а зошто фармацевтите не кажуваат! Или не знаат или не смеат да кажат. Друг факт од спроведено испитуивање 63 % од женската популација која што употребувала Хлорамфеникол,има потешкотии при зачнување и задржување на плодот. Еве и една листа,која што ја најдов ке прочиташ од кога е забранет во канада. List of Banned Drugs Section Banned Drug Species Date B.01.048 (a) chloramphenicol and its salts and derivatives (b) 5-nitrofuran compound (c) clenbuterol and its salts and derivatives any food-producing animal,any cosmetics products, any human-use 20-11-97 B.01.048 5-nitroimidazole compound diethystilbestrol and other stilbene compounds any food-producing animal 13-8-03 B.22.009 exogenous oestrogenic substances poultry 22-10-87 C.01.610 any substance having oestrogenic activity poultry 4-3-63 C.01.610.1 (a) chloramphenicol or its salts and derivatives (b) 5-nitrofuran compound any food-producing animal 16-8-94 C.01.610.1 (c) clenbuterol or its salts and derivatives any food-producing animal 20-11-97 C.01.610.1 5-nitroimidazole compound diethylstilbestrol or other stilbene compounds Миме за крај душичке,јас сум информирана но вистина мислам дека треба малку повеќе да се информираш ОК ? Ако не те информирал фармацевтот,лекарот, ако ти не знаеш за опасноста не значи дека таа реално не постои и не е тука, таа постои присутна е те демне од сите страни. Затоа на сите пред да почнат да употребуваат било каков препарат,мој совет им е прво убаво да прогуглаат да прочитаа се што можат за тој препарат или соединение, да го согледаат проблемот од сите страни, Убаво да знаат кој се (не)саканите ефекти, евентуално тогаш да размислат дали ќе го употребат.
Antica, може да ја намалиш нервозата дур реплицираш? На крај краева, хлорамфениколот го препорачуваат на секој втор пост. Ако не па земи реплицирај на сите. Океј е, те разбравме и во минатите два поста. Има мал милион др производи што другите ги препорачале, а се штетни. Или пак на мојата кожа не и одговараат. Нема смисла, како капак на тоа и дрскоста. Инаку девојки, оние кои прашуваа и оние кој ја препорачаа Avene - Triacneal, моето искуство е следно.. Бев во аптека, каде го зедов 960 денари. Ми кажаа дека со оглед на тоа што многу мал дел од лицето ми е исфрлен, и не било ништо сериозно, за 10 дена со кремата би требало да ми помогне. Јас го користам веќе месец дена, а подобрување никакво. Како што кажав моето лице е многу малку исфрлено, и не ми помогна, така што кај оние што имаат лузни од акни се сомневам дека ќе има некакви драстични резултати. Можеби минимални, ама за тоа и Гарние или некоја од оние поевтини козметики врши работа. Башка што кремичката стварно брзо се троши, а резултати - никаде (барем кај мене).
Дрскост или не- Јас се чуствувам обврзана да го кажам тоа што го знам,не можам да гледам како некој се дрзнува да препорача отров,а притоа јас да не го кажам мојот став околу тоа, мислам во ред е сето тоа те разбирам,а и револтот ти го разбирам,од моја гледна точка, ако мислиш дека мишаморот е добар и убаво влијае на тебе - тогаш ти можеш слободно да го пиеш, но не им го препорачувај на другите,без да ги предупредиш за последиците. Тоа што го напиша за Авене воопшто не ме чуди,и не си ни прва ни последна на која што и се случува тоа, не се разочарувај тоа е најбитно. Но немој по секоја цена ( па дури и цена на твоето здравје ) да употребуваш штетни хемикалии, сепак од една страна помагаат од 10 штетат,ова само совет ништо друго,твое е дали ке го прифатиш или не. Ахаааааааааа така, ќе да е
Девојки без нервози се осеќам јас крива немојте Фала ви на сите за одговорите ќе ја седнам сестра ми да прочита се убаво и да си проба се надевам дека ќе го реши проблемот знаете како е ужасно е само плаче сирота ми е страв да не се затвори дома ради недостиг на самодоверба.