Како едно дете да израсне правилно во дисфункционално семејство?

Дискусија во 'Психологија' започната од skrsenotosrce, 15 мај 2015.

  1. skrsenotosrce

    skrsenotosrce Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    18
    Мислам дека нема ваква тема па би сакала да подискутираме.
    Често на нивна несреќа многу деца растат во вакви семејства. Семејства каде што кавгите, расправиите па и тепачки се честа појава. Сакале да признаеме или не таквите ситуации лошо влијаат на секое дете. Еве јас имам 16 години средно сум и израснав во вакво семејство. Татко ми си беше постојано пијан, дури мислев дека еден период се смири бидејќи се вработи во смени почна, па неѓто дополнително ама ете денес сфатив дека волкот крзното го менува ама табиетот не. Кавгите, расправиите, по некој удар и еден куп навредливи зборови се дел скоро од моето секојдневие. И искрено незнам како да се справам со ова. Татко ми ја навредува мајка ми со к*урво, ку*ко, и мести колеги, и вика да ми го јадеш к**от .. се срамам што го пишувам ова, а најмногу што го слушам. Од секогаш бев повлечена и намуртена на некој начин, најчесто тажна нерасположена, немав желба за учење, бев одбегнувата од сокласници, мразев собирања, излегувања и средби, не одев никаде само затоа што знам дека ако јас отидам ќе треба некогаш и некого да повикам кај мене а се срамам оти знам дека татко ми ќе направи некоја сцена. Дојде еднаш една другарка тој почна пред неа да навредува не нарече свињи, со девојчето седевме пред компјутерот не тераше да го исклучиме за на крај да ја исклучи струјата од саатот. Постојано и во секоја прилика ме срами. Има 50 години а се однесува крајно невкусно, некултурно, непристојно, непријатно и најнеубаво. И тој израснал во вакво семејство, татко му го правел истото на жена која цел живот нема отидено подалеку од селото, на мојата баба. Илјада пати се обидов со убаво да објаснам, да размисли како му било нему кога бил сведок на сето тоа го трпел тоа а сепак немжел ништо да направи, да не не казнува нас на истиот начин. И никогаш корист од тие разговори. Ретко но знае да биде добар значи ретко. Ова не се опишува со зборови мора човек да види за да сфати. Неподносливо е. Сакав да одам медицина, но знаев дека и таму нема да ми биде добро па отидов во послабо школо. Баш тој период беше хаос, секоја вечер карања, викања, галамења комшиите не слушаат (од срам глава неможев да дигнам) плачејки легнував да спијам се будев во сред ноќ со мокра перница. И како јас да седнам да учам додека моите викаат, галамат, се карат? Додека ни крива ни должна ќе си го добиев. Мајка ми ме истепа еднаш само затоа што татко ми ја нервирал со изговор "ако на него неможам, на тебе можам". Два белека на раката, два на ногата. НО добро ајде помина, и таа е болна се нервира. И уште што друго да напишам? Ако еден ден е добро, другиот е лошо. Ниту со разговор, ниту со викање со кавга не успевам да решам ништо. А ниту пак развод е решението за нив двајца. Татко ми е вработен но моментлано ќе дојде зима и каде ќе оди? Мајка ми со минимална плата од 8000? Со кого ќе бидеме јас и брат ми? Каде со две малолетни деца? Во дом, не несакам во дом. Кое е решението општо за вакви ситуации? Некој да сподели искуство да напише мислење. Мислам дека би можеле да развиеме дискусија.
     
    На Nightwish11, Umbrella22, ku4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  2. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    481
    Допаѓања:
    4.987
    Пол:
    Женски
    Жал ми е што го читам ова. Навистина. Но! Има разлика од дисфункционално семејство и семејно насилство. Ова што го прочитав повеќе ми личи на второто. Биди силна и храбра, за тебе, за мајка ти и за твоите браќа и сестри и пријави ја ситуацијата. Не знам сега како е но ако не грешам порано по телевизиите кружеше еден број за пријавување на семејно насилство. Можиш да одиш на разговор и кај училишниот психолог, види како ќе ти помогне тој/таа. Но јас сепак мислам дека е премногу сериозно ова и треба да се реагира. Стегни заби, охрабри се и направи чекор. Ти посакувам секое добро, дај боже да ви се среди се.
     
    На Tanjamm, okcenzi и skrsenotosrce им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    71.225
    Мој роднина, дете на алкохоличар, дете на тепана и омаловажувана мајка, дете на луѓе без или со бедно образование, баш заради сите тие маки кои ти ги кажуваш, станал посилен. Никогаш се нема напиено капка алкохол, освен пиво на свадба на син му, и тоа не го испи до крај, повеќе го шеташе. Никогаш ја нема навредено жена му, со збор или дело, секогаш внимателен кон неа.
    Се трудеше да го воспита син му најдобро што може, ама син му стана спротивен на него, стана пијаница, кој сега ја малтретира жена му.

    Понекогаш животот може да те научи да станеш силен и нормален, и добар, баш оти бил тежок. Или ако бил лесен да те упропасти.

    Немам совет да ти дадам, освен утеха, дека со ова што го читам, имам чувство дека ќе се издигнеш над проблемите, ќе пребродиш и ќе бидеш посилна и среќна.
     
    На thelittle17, xxAngelxx, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.256
    Да живеевме во некоја нормална земја, ти немаше да бидеш подложена на ваква тортура. Зошто? Бидејќи ќе постоеше соодветна служба каде можеше да се обратиш, па фино лепо да ти биде укажана помош. Каде во најдобар случај, татко ти ќе завршеше во затвор, додека вие со брат ти ќе останевте со вашата мајка. Арно ама, не сме во таа проклета Америка каде ако ништо друго, барем добар дел од ствари од ваков тип се завршуваат успешно.

    Како и да е, искрено да ти кажам не гледам многу решенија, освен, можеби неколку, Од кое едното е, да се вработиш некаде преку лето, (како касиерка во маркет, барменка или нешто слично), за колку толку да придонесуваш дома некој денар плус, или да си тргаш на страна ако ти остане за уште по црни денови. Друго - доколку со вашата мајка имате каде да одите (ако имаш баба или дедо на пример), најдобро е да се разведат уште веднаш, па да останете со нив. Бидејќи вака, само се уништуваш, знаејќи дека ништо добро не може да произлезе од целава ситуација. Башка, имаш проблеми и со социјализација, а тоа е сосем разбирливо ако се земат предвид сите доживеани трауми под влијание на татко ти изминатите години. Па, за ова најверојатно ти е потребен и психолог, но и за него ќе оди малку потешко, освен ако не одиш државно со плави картони. Тука е можно да е поефтино, или воопшто да не се наплаќаат сеансите, ама не ме фаќај за збор бидејќи не сум сигурна. Но, би се распрашала подетално ако сакаш.

    Имено, доколку ништо од ова не ти делува како разумен предлог, мој совет би ти бил да издржиш бар уште две години, до полнолетство и веднаш заминеш од дома. Уште подобро би било кога во меѓувреме би нашла дечко, па тој да ти помогне некако да се тргнеш од таму. Пошто друго е веќе кога имаш некој кој те разбира и поддржува, па има каде да те засолни макар привремено. Воедно, свесна сум дека ова можеби нема да ти изгледа како најдобра солуција, и ќе разберам ако не се поклопува со твоите интереси и сфаќања, меѓутоа јас навистина не гледам друг излез, бидејќи пред се и сама потенцираше дека сте финансиски слаби, што е дополнителен минус во оваа и онака веќе доволно замрсена ситуација.

    Сепак, во секој случај остани силна, јас ти стискам палци!
     
    Последна измена: 15 мај 2015
    На skrsenotosrce му/ѝ се допаѓа ова.
  5. cokacola

    cokacola Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2015
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Машки
    Неможам да ти помогнам многу можам само неколку другарски совети да ти дадам пред се дружисе не дозволувај твојот татко да ти го уништи животот потприсе на најдобрата другарка таа секогаш ќе биде тука за тебе излегувај во диско кафулиња или евентуално ако не сакаат да се дружат со тебе оди на некои активности како спорт балет ако си од помал град и ако сите знаат за твојата ситуација префрлисе да учиш во друг град не си смеела да си дозволиш да не се запишеш медицинско ако тоа си го посакувала или пак обратисе кај школскиот психолог тој најдобро ќе знае да те посоветува за тоа што те тепаат мој совет ти е да појдиш во меѓуопштинскиот центар за социални работи тие ќе те заштитат моја роднина е социјален работник верувај нема ништо лошо да ти направаат твоите родители бидејќи ќе бидат под надзор на социјалната служба ако сакаш да ме прашаш нешто плус слободно пиши во личен профил
     
    На skrsenotosrce му/ѝ се допаѓа ова.
  6. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.433
    Пол:
    Женски
    знам како ти е, јас растев во слична средина каде што од позитивен и забавен човек алкохолот направи неподнослив човек за живеење, секој ден заспивав се будев со кавги што доаѓаа од дневната, знам како е да немаш мирен сон, да брзаш да пораснеш, ден денес кога ке помислам на тоа солзи ми одат на очиве...;( фала му на бога барем мајка ми ми беше поддршка во животот...тоа е ...алкохолот го суши мозокот...човекот ослабна 30 кила се исуши, нека го поживее господ вака незнам до каде ке тера, јас го сакам родител ми е:(
    Едноставно научив да живеам со тоа, пријателите ме познаваат а понашањето на татко ми никогаш не им го смени мислењето за мене на тие што ми беа вистински пријатели и никогаш не се срамев од тоа што сум, од каде потекнувам. Тоа ме направи човек каков што сум, стабилен човек, независен, почнав да работам на 17 години не чекав од никого ништо, факултетот сама си го плаќав така да ако сакаш да учиш медицина работи и учи не дозволувај да чекаш од никого пари.
    Научи да излезеш подобар човек од сета таа ситуација и да не дозволиш твоите деца никогаш да доживеат тоа што ти си го доживеала.:!::!: и не дозволувај некој да крене рака на тебе уште еднаш...верувај како ке се поставиш сега така ке биде, незнам можеби јас сум премногу бунтовен карактер избувлив ама никогаш не дозволив татко ми да крене рака на мене или па на мајка ми, зошто брат ми е подруг човек кој што бега од проблемите наместо да се соочи со нив никогаш не беше дома па морав јас да бидам таа што ке пресече. :|
    Јас си терав свој живот и еве се омажив сега чекам детенце, исто така и ти ке бидеш ке ви се раздвојат патиштата ама мајка ти ке биде таа што ке го трпи цел живот.
    Да ти кажам колку и да сум имала тешко детство, сега кога ми беше најтешко беа со мене и ми помогнаа на секој можен начин, додека свекрва ми не бркаа од дома, ни откажаа свадба, ме вреѓаа, ми се закануваа ке ми викале полиција у 3 по полнок, и додека ние немавме пари леб да јадеме(буквално) првите месеци под кирија, татко ми (истиот тој што ми правеше нервози и неподносливиот) седна до мене и ми рече не се секирај се што треба јас ке ти дадам и ке ти купам нема да дозволам ништо да ти фали, тој период не ни пиеше воопшто и така беше се што имам ми е од нив се што имаа поделија со мене и многу работи нови ми купија, додека свекрва ми и свекор ми шетаа цело лето по одмори со муабетот ке се снајдете и се фалеа каква боја фатиле и колку прошетале и не ги интересираше дали син им има пари леб да јаде а божем модерни и современи луѓе ги мислев што све правеле за децата. така да сега после ова уште повеќе ги сакам без разлика што сум поминала и веќе сум поголема и ја знам причината зошто пиел, го разбирам ама тоа не е оправдување зошто децата да страдаат нели а и воедно да си го уништи неговиот живот и здравјето.
    Поздрав, ако сакаш и ти треба помош за било што слободно пиши ми во лп
     
    На mime87, rose60, okcenzi и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    2.181
    Допаѓања:
    4.831
    Пол:
    Машки
    Јас дури сега сфатив дека сум имал доста емоционално стресен живот.

    Недоволно водење грижа на родителите за мене, никаква поддршка, мало ниво на самодоверба. Прерано станат родител, а под ова мислев дека моите скоро се разведоа и скоро половина година чував помал аутистичен брат, а истовремено и студирам.


    И си размислувам дека треба тие емоционални disortions да ги потиснувам некаде долу кај петиците, но во најтешките моменти пак тие излегуваат на површина.
     
    На Nightwish11, rose60, okcenzi и 3 други им се допаѓа ова.
  8. HarleyQuinn

    HarleyQuinn Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    207
    Допаѓања:
    861
    Пол:
    Женски
    Ако мајка ти има каде да оди, најдобро би било што поскоро да заминете од него.
    Сличен живот имав и јас. :nod: Потекнувам од насилно семејство и сум израсната во околина во која постојано сум била запоставувана и омаловажувана, додека секој ми кажуваше поинакви изговори околу тоа зошто реалноста била таква, притоа обидувајќи се да изманипулира малечко детенце.
    Баба ми и дедо ми без било каква причина ја избркаа мајка ми од кај нас дома, го убедуваа татко ми дека таа спие со други мажи, ме убедуваа мене дека ако навистина ме сакала немала да си оди од мене, татко ми почна да пие, стана насилен, ме навредуваше, удираше, се однесуваше детинесто и ме срамеше пред тогашните другарки и другари. Бидејќи сум од мало градче, целиот град зборуваше за него и за насилството кое тој го вршеше врз нас. Најлошото е што не знам зошто баба ми и дедо ми го правеа тоа. Најверојатно заради тоа што татко ми се развел од поранешната жена со која има дете заради мојата мајка, па нашле некакво оправдание за својата омраза кон неа, иако за таквото однесување нема баш никакво оправдание. По неколку години мајка ми се врати по мене, излегоа на суд со татко ми, сега живеам со нејзе и одлично ни е, мајка ми зема фина платичка, мирни сме и среќни, заедно со мојот брат. Сосема разбирам низ што се си поминала, и ако некогаш ти затреба поддршка и разговор, пиши ми :)
     
    На rose60, mime87, Sky-butterfly и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.954
    Допаѓања:
    5.391
    Учи, бори се во животот.Ако си одлична ученичка, учи јазици, има сега многу опции за стипендии и студирање во странство. Колку побрзо ќе се осамостоиш, толку побрзо и полесно ќе можеш да се спасиш од кошмарот. Или ако не се трпи, па пријави во полиција, ако мислиш дека ќе има ефект, ако му дојдат дома и го предупредат полицајци. Си го знаеш каков е и како ќе реагира, пријави ама да не знае татко ти дека си ти. Ако мислиш дека ќе биде полошо, тогаш истрпи. Те разбирам дека ти е многу тешко, и татко ми до вчера така правеше. Без причина колку пати ме малтретирал психички. Каде и да отидевме на гости, луѓето не понижуваа директно или индиректно. Не се задевајте со него кога е пијан. Токму од овие причини сум поборник жената да биде еманципирана, да биде независна за да утре не трпи
    терор.
     
    На sleepingbeauty, skrsenotosrce и <3 pleza4e <3 им се допаѓа ова.
  10. kalimero1

    kalimero1 Активен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2015
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Машки
    Пријави ги во полиција, одиси од дома оди кај другарка
    Тоа не е дисфункциално семејство тоа е класично семејно насилство што и да правиш тоа не смееш да го дозволиш да те малтретираат посоветувјсе со правник пиши ми во лп ако сакаш ќе ти дадам број од татко ми тој е правник
     
    На Valerin и skrsenotosrce им се допаѓа ова.
  11. skrsenotosrce

    skrsenotosrce Активен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2015
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    18
    Ви благодарам за советите, ги прочитав сите.
    Мислам дека сосема добро сте ме сфатиле. Тоа што се случува околу мене е причина за ниска самодоверба и што сум затворена личност. Се трудам колку-толку да бидам послободна. Излегувам ете во последно време почесто во слаткара или на кафе. За диско мислам дека ми е рано. Штедам колку што можам, не се оставам без ниту еден денар. Ете летото има шанси и да се вработам барем 2 месеци. А за дечко имам веќе 1 месец сме заедно. Добар човек, вреден работлив, мирен, културен па ќе видиме што ќе биди.
     
    На tina2018, xxAngelxx, macedonec15 и 6 други им се допаѓа ова.
  12. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.198
    za semejstva kade roditelite meshaat ljubov so dominacija/tipot na luge pravi kako shto ke kazam a ne pravi kako shto pravam korisno e podolu navedenovo...za semejno nasilstvo i ostanati razlabaveni shtrafcinja psihijatar/psiholog ne mu e na odmet

    The Road Less Traveled; A New Psychology of Love, Values, and Spiritual Growth - m. scott peck

    ili na makedonski
    patot po koj retko se odi
    400 i nesho denari e na makedonski angliskata ja ima i na torrent...osven toa psihoterapija pomaga da se soocis so potisnati emocii i da podobris komunikacija so tvoite roditeli
     
  13. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    1.303
    Пол:
    Женски
    И јас живеам во едно слично такво семејство и слушам муабети наоколу за нас, за татко ми. Што ако имам 20 години иако не сум веќе дете мене тоа ми смета би сакала да имам нормално семејство и да има почит меѓу моите родители ако нема љубов барем некаква почит....
     
    На tina2018, Tanjamm, rose60 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    658
    Пол:
    Женски
    Ова лично го немам почувствувано на сопствена кожа. Но колку и да не доприаат тие работи и ни го отежнуваат животот и неговиот нормален тек, човек мора да отрпне и да си го насочи вниманието кон работи кои ќе го надградуваат како личност. Излегувај почесто, дружи се, едноставно повеќе црпи од оние кои сметаш дека ќе ти донесат похрабри и помудри совети. Кога си дома читај некоја книга, гледај филм. Знам не е едноставно како напишаново, но потруди се да пробаш да си олесниш пред се на самата себе. Звучи себично посебно ако се сочувствуваш со родителите, но нетреба ти да го сносиш товарот од нивните проблеми. На крај ти може да испаднеш ни крива ни должна најголемата жртва.
     
    На Tanjamm, rose60 и skrsenotosrce им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.619
    Допаѓања:
    48.998
    Пол:
    Женски
    Јас ни сама не знам како успеав да станам ова што сум денес кога израснав во семејство каде мајката не покажуваше разбирање за децата, каде таткото често пиеше и не смееше збор да му се каже кога ќе дојде пијан, сега не пие но постојано вика и знае да крене рака на мајка ми. Сестра ми е исто таква, не знае да цени, склона е кон насилство итн. Јас сум таа поинаквата која не знам како се воспитала, најверојатно од своето искуство и од надворешниот свет. Јас сум понормална од сите нив која не крева рака на никој, не сака дури да се расправа, се решавам со разумен разговор, почитувам се што е направено за мене, ценам, разбирам... Спротивно сум од сите нив. И среќна сум што сум ваква.
     
    На Nightwish11, xxAngelxx, Tanjamm и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    18.559
    Пол:
    Женски
    Не може.
    Се додека е семејството дисфункционално нема некоја светла точка за детето.
    Сметам дека за правилен раст и развој на детето е потребна здрава околина, не растурено семејство и нервози
     
    На Alisa22 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.541
    Допаѓања:
    11.307
    Пол:
    Женски
    Дете не може да израсне правилно во такво семејство. Моето семејство беше такво. Никаква љубов и почит меѓу родителите земени така ради реда на стари години колку да не останат ергени/стари моми... Па никаква посветеност од двајцата за децата, сестра ми израсна сама затворена во соба и ден денес така живее како што викаат чичковците мои - во кутија. Јас веќе одамна останав со попуштени нерви и Налив на хистерија во одредени случаи. Среќа па се омажив и имам две деца па се контролирам а и не сум се довела во ситуација дома пред нив да урлам ама кај моите таква е енергијата во воздухот. Не научивме што е семејна слога што е семејна почит соработка договарање... Башка што мајка ми цел живот ја врти сестра ми против мене. Не знам баш таа какво мислење има за мене со такво воспитување и подигнување ама се трудам да држам со неа добар разговор и опција за советување. Спас само или родителите да се разведат или да бегаш од таа куќа.
     
    На Nightwish11, tina2018, Alisa22 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.954
    Допаѓања:
    5.391
    И жените во такви бракови се пореметуваат, искрено, не знаат друго да прават освен да наговараат еден против друг. Овде како што читам, за жал, секој втор брак е со насилство, тепање, карање, ужас. Во нормална држава насилниците би завршиле во затвор, а децата во дом. Ама каде би прибрале толку многу деца? Ние не сме нормална држава, да бевме немаше да биде така. Ние сме еден поган народ, џган, не вредиме колку ѓубрето на депонија, ете тоа го мислам. Друго, при вакви случаи на насилство, еве и кај нас истото се случувало, ако ние сме биле деца, каде биле роднините и комшиите да викнат полиција и да им дојде умот на копуците кои се земале ради реда, па сега децата слушаат карање секој ден. Гледаат сеир, потценуваат, затоа сега не ги вртам. Оти кога одев кај тетка ми која ја сакав многу како дете таа ми велеше „Абе види, татко ти 100 грама кафе не ми донел во животот“. Друга тетка „сироти деца, не им купуваат, им купив по едни тренерки“, а тие личеа како да ги купила од некој канта пазар. Глупаци. Ги презирам!!! Ние сме болно општество.
     
    На tina2018, bibiiii, Feminka192 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    2.571
    Допаѓања:
    15.012
    Пол:
    Женски
    Секако дека може да се израсне правилно во дисфункционално семејство. Животот е 10 проценти што ти се случува и 90 проценти како ти реагираш на истото. Ако некој дозволи дисфункционалноста да го дефинира целиот негов живот- that's on him/her.

    Kaко? Нема универзално правило, секоја личност е приказна сама за себе. Најлесно е човек да се фокусира на нешто поголемо што го сака за себе, и да се бори за да го оствари истото.
     
    На Nightwish11 и eliesaab им се допаѓа ова.
  20. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    3.711
    Допаѓања:
    27.332
    Пол:
    Женски
    Може ама претешко. Ама може.