Како едно дете да израсне правилно во дисфункционално семејство?

Дискусија во 'Психологија' започната од skrsenotosrce, 15 мај 2015.

  1. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    14.326
    Пол:
    Женски
    Јас те разбирам 100% бидејќи сум растена во таква средина. И ќе ти кажам дека три работи во животот мене лично ми помогнаа да не се мрднам од умот или да не се самоубијам.
    1. П с и х о т е р а п и ј а !!! Не можам доволно да потенцирам колку треба да одиш на психолог и да разговараш за овие работи. Ќе ти падни камен од душа и ќе си ги средваш мислите и ќе донесваш заклучоци и здрави планови за напред во животот.
    2. Луѓето шо ги сакав (брат ми, другарки, тетки, кучето мое најмило, итн)
    3. Заминвањето од дома.

    Преживеав, завршив факултет, се преселив во Словенија, кај и да е ќе го завршам мастерот, имам дечко, имам работа- траумите се тука ама ништо веќе не ми можат.
    Гледај најбрзо што можиш да се тргниш од таа атмосфера, и знам дека е тешко јас ко се преселив во Словенија работев 3 работи и ноќе учев за на факултет и успеав. Тешко е ама се успева ако си инаетчија како мене.

    ПС:
    [​IMG]
     
    На Nightwish11, Lolipop23, tina2018 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.492
    Допаѓања:
    18.799
    Пол:
    Женски
    @Snow-Star @Mantub не знам дали имате деца ама чим го зборите ова ваљда немате.Не е здраво за детето да живее во д.с-во и сеа ќе ви кажам зашто.
    1.малите деца се како сунѓер нели?каков пример ќе бидат караниците, драмите дома или отсуствата на еден од родителите?Тоа дете може да го сфати тоа како нешто најнормално и да го поприми и уште од мало да стане кавгаџија или агресивно
    2.во д.с-во родителите не можат да посветат исто толку внимание и љубов на детето како во нормално с-во.Работа, караници, домашни обврски ова-она, со проблемите некогаш следуваат за жал и пороци.А детето каде е?Не сите можат да се караат и да урлаат по дома а притоа да си го воспитаат децата.
    3.и тинејџерите се мноогу ранлива категорија, во овие години и ние сме бурни, се формираме како личности, некои од нас имаат identity crises, љубовни проблеми, учење ова она.Како би било на сето тоа и на сите обрвски или било што детето кога ќе дојде дома, да ги види родителите лути, бесни?
    Моите еден период премногу се караа.И ќе ви го кажам моето искуство.Не можев да учам од вознемиреност, не можев да спијам како што треба, караници имаше од јутра до сутра, јадев во своја соба, едниот по цел ден го немаше дома, многу пати на мене ќе се истуреле и ќе почнеле без причина да ми се дерат.Почнав многу да ги избегнувам, гледав што помалце да сум дома и само голтав и голтав.
    У прва, втора година како хроничен алкохоличар се враќав пијана дома или надувана за да не ги перцепирам и да не ги слушам.Се караа на празници и на делници.
    Еден ден ми пукна филм и ги прекинав во сред караница и им реков ,,Ако мислите да продолжите вака под хитно да се разведете и ако сакате ич очи не си гледајте.Или ќе живеам со баба ми и дедо ми, јас ова не можам веќе да го трпам.Со вашите караници мене ме уништувате”.
    Тој период и онака бев бесна и се карав со нив и имав 300 проблеми и во школо, и со нив двајцата и надвор од дома и од школо, и најмалце што ми требаше тогаш е кога ќе дојдам дома да видам хаос.
    Среќа се свестија со време и се средија иначе не знам кај ќе нѝ беше крајот.
    Дали после мојов пример мислите дека детето МОЖЕ да расте во д.с?
    Знаете колку се трудев?На сите можни начини ама не можев веќе, и ја сум чоек и ја имам душа.
    Убаво би ви било ќерка ви на 16 години да се враќа дома камен пијана само за да преспие цел ден и да не ве слуша?Дури мајка ми кога ме праша ,,што те натера да дуваш која беше потребата?” И ѝ реков ,,ме прави среќна и да се смеам” и ми рече ,,што ти фали зашто си несреќна” и кога и реков ,,вие ме правите несреќна со вашите караници и драми на кои секојдневно сум сведок и им нема крај, не можам да ве поднесам веќе ќе полудам” е да видите каква фаца напраи, мислам дека ѝ врзав шамар со зборови.
    Ја у тие моменти сум се молела на Господ да се разведат само за да не ги слушам веќе како се караат.
    Боље ќе живеам де со едниот де со другиот, и ич да не се гледаат него секој ден да имам караници и драми дома.
    Никој не може тоа да го истрпи, ни дете ни возрасен.
     
    На Nightwish11, tina2018 и marchi-cool им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    4.075
    Допаѓања:
    31.145
    Пол:
    Женски
    Немој да претпоставуваш дали имаме или немаме деца, во каква средина сме растеле, колку години имаме и било какви работи кои што на форум не можеш да ги знаеш освен ако не ти ги кажал членот дирекно, а ги користите само за да го деградирате неговото мислење. Нема потреба, можеш да дискутираш и без воведни реченици за деца имате немате, години, искуство и слично.

    Жал ми е за твојата ситуација. Знам јас точно што значи да се живее во неподнослива средина. Факт е дека траумите од детство може да не следат и 70 год кога ќе имаме. Али исто така е факт дека може да ги надминеш. Убаво ти напиша членката погоре, психотерапија интензивна. Може ќе налеташ на идиот психотерапевт и ќе мислиш ова не помага. Никој овде не рече дека ја подценува твојата тага или дека треба да стиснеш заби и да издржиш мушки. Не го рековме тоа. Ние апсолутно му даваме поддршка на секој што има ваков проблем, му велиме тешко е ама можно е. Луѓето што се самоубиваат мислат дека нема излез од нивната ситуација. И ти сега ми велиш дека правам лошо со тоа што на некого му велам дека всушност има излез? Тешко е ама не е невозможно. Мене во тешки ситуации ми помогнало да знам дека некој бил во иста ситуација како мојата и успеал да биде среќен пошо ми дало утеха дека и јас можам тоа да го постигнам. И ова не се приказни, постојат вистински примери.
     
  4. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    2.610
    Допаѓања:
    15.188
    Пол:
    Женски
    Немам деца и тоа е сосема ирелевантно.
    Јер немаш ни ти додуша.

    Ти имаш твое искуство, што не го побива моето.

    Никој не кажал дека животот е лесен.
     
    На eliesaab и MarigoldA им се допаѓа ова.
  5. CocoChannel

    CocoChannel Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2020
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Со посета на психолог, ако вие сте дисфункционални не го носете и детето по тој пат.
    На крај краева и детето како тинејџер или подоцна ќе ја согледа дисфункционалноста и некоја одлука е ама се надевам дека ќе се обиде да најде решение.
     
    На tina2018 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  6. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    2.900
    Пол:
    Женски
    Како шо ја можев да останам на нозе после сите драми шо се дешаваа (и уште се дешаваат и ќе се дешаваат) така ќе може и секој.
    Мара и Митра и Рада и Стојка.
    Секој :!:
     
  7. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    7.092
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам.
    Не секое дете има јака психа и да издржи било што. Кажувај за себе, а не за сите, затоа што не се сите исти.:mm:
     
    На Nightwish11, 1209, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  8. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    2.900
    Пол:
    Женски
    Фала на комплиментот :*
     
    На Istata od vcera му/ѝ се допаѓа ова.
  9. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    7.092
    Пол:
    Женски
    Не дадов никаков комплимент, само се надоврзав на мислењето.
     
  10. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    2.900
    Пол:
    Женски
    "Не секое дете има јака психа кажувај за себе не за сите"
    Тоа за мене е комплимент. Мислиш дека имам јака психа.А и во право си.
     
    На Istata od vcera му/ѝ се допаѓа ова.
  11. marija305

    marija305 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    890
    Допаѓања:
    7.092
    Пол:
    Женски
    Хаха, океј. Поентата ми беше да ти кажам дека не секое дете е исто. Некое може да преброди тешка ситуација, некое не.
     
    На Nightwish11, DojaCat, Biljarkata и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    6.731
    Допаѓања:
    110.544
    На дете кое има тежок живот му треба поддршка, не осуда и притисок.
     
    На Nightwish11, *Amethyst*, Mami3 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. hellocity

    hellocity Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    2.346
    Допаѓања:
    4.888
    Пол:
    Женски
    А зошто тој стереотип дека дете ако е од дисфункционално семејство ништо нема да биде од него и ке остане како родителот кој бил заникаде? Јас мислам дека е тоа апсолутно грешка. А дете кое е моментално во дисфункционално семејство мислам дека треба да се пожале на роднина што мисле дека може да има доверба и да посетува детски психолог.
     
    На *Amethyst*, BloodElf, eliesaab и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.231
    Допаѓања:
    4.804
    Пол:
    Женски
    Во моето според мене, дисфункционално семејство ми викаат дека јас сум била таа ненормалната а тие одат по бајачи и гледачи и многу, многу други работи